Пишува: Зоран Божиновски
На 4 октомври пишав мејл порака, се обратив до надлежните во ЦСР Струмица, надлежни по најново во предметот Надја и Даријан Јованови од Битола. Сред незавршен судски процес во бракоразводна парница помеѓу Благородна Бонева од Струмица и Даниел Јованов од Битола, мајката во договор со бабата на децата, Силвија Бонева, без најава, наводно ,,на неколку денови,,, ги однела децата во Струмица. Разводот не довршен, има жалба на првостепена пресуда и следува расправа пред Апелациониот суд во Битола.
Мајката Благородна не чекала воопшто разводот да стане правосилно решен, постарото дете го испишала од основно школо во Битола и во договор со нејзината мајка Силвија, блиска пријателка на министерката Јована Тренчевска, децата ги преселила во Струмица. Во ова помогнале Дуди Јаја и Арта Елези, службеники од ЦСР Битола. Поточно, освен што дозволиле трансфер на децата од Битола во Струмица, истовремено му оневозможиле и видување со децата, на што како родител има право.
Последното објаснување кое му го дале на таткото овие службенички од ЦСР Битолае дека тие веќе не се надлежни, туку неговите права може да си ги оствари преку ЦСР Струмица. Се обраќал и кај нив, ама го игнориаат и не му одговараат воопто ни на повици ни на пораки. Пишав и јас на ЦСР Струмица, на 4 октомври, поминаа 15 денови, одговор нема:
,,Почитувани,
наводно, малолетните Даријан и Надја Јованови од Битола се преселени во Струмица и наводно, според тврдење на службенички од ЦСР Битола, овие две деца сега се под ваша јурисдикција.
Таткото Даниел Јованов од Битола има право да си ги видува децата. Оневозможен е во тоа. Имате ли вие сознанија дека тоа се случува? Или немате?
Знаете ли дека Даријан и Надја покрај тоа што насилно се онезвозможени да си го видат таткото, живеат во субстандардни услови? Имате ли увид во оваа проблематика? Кога ќе му овозможите на таткото да си ги види децата?,,
Одговор нема, ама се случи ,,инцидент,,. Надја Јованова успеала да се искраде од бабата Силвија и мајката Благородна, го одблокирала бројот на бабата во Битола, мајка на Даниел и се јавила со видео повик. На снимката се жали дека е тепана од мајката и бабата во Струмица. Бара помош.
Снимката ја објавив пред два дена јавно, по што Даниел Јованов беше повикан во СВР Битола, каде му е земена изјава, поднел пријава. Според мои сознанија, наводно веќе постапува и обвинителството, заедно со струмичката полиција…
Единствено не постапува министерката за труд и социјална криминална политика, Јована Тренчевска. Таа од почеток заземала страна, брани интерес на нејзината блиска пријателка Силвија.
Подготвувам ТВ емисија во која ќе ги повикам Боневи и Јованови, да си кажат што имаат да кажат на оваа тема…