Пропаста на семејството Маличи

Пишува: Зоран Божиновски

Низ тежок распад поминуваат двајцата синови и ќерката на покојниот бизнисмен Енвер Маличи, Алтин, Албан и Резеарта. По ненадејната смрт на татко им Енвер, поради нивната деловна неспособност, иако полнолетни и работноспособни сепак се соочуваат со лажен гламурозен живот на работ на пропаст.

Во живот ги одржува богатиот зет Амар Салиу, екстремно способен млад бизнисмен, сопственик на градежната компанија ,,СМС КОНСТРАКШН,,. Арно ама, зетот се соочил со двојна брачна прељуба на сопругата Резеарта, од една страна со познат грчки пејач, а од друга и со бизнисмен од Дубаи, по потекло од нашите простори. Амар Салиу поседува и видео снимка со експлицитна содржина од брачното неверство на сопругата Резеарта Маличи, поради што решил да се разведе од неа.

Ама, Амар има проблем, од сопругата може ама не може да се разведе од нејзините браќа Албан и Алтин, бидејќи тој им е последната надеж на двајцата синови на Енвер, надеж дека ќе им преживее ,,Гемак Груп,,, компанија која ја наследија од таткото, компанија која го поседува хотел ,,Парк,, во Скопје.

Додека се тресат браќата Маличи дали зетот Амар ќе ги спаси од банкрот или ќе ги урне со развод од нивната неверна сестра Резеарта, истовремено за научнофантастичен милионски износ го продаваат х. ,,Парк,,. Износот кој го бараат е двојно поголем од реалната вредност на хотелот во време на светска криза, константна криза во нашата земја и две актуелни војни во светот, Газа и Украина.

На потег е зетот Амар Салиу. Треба да ја ,,голтне,, двојната прељуба и да ги спаси браќата Маличи од пропаст…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.