Пишува: Зоран Божиновски На 4 октомври пишав мејл порака, се обратив до надлежните во ЦСР Струмица, надлежни по најново во предметот Надја и Даријан Јованови од Битола. Сред незавршен судски процес во бракоразводна парница помеѓу Благородна Бонева од Струмица и Даниел Јованов од Битола, мајката во договор со бабата на децата, Силвија Бонева, без најава, наводно ,,на неколку денови,,, ги однела децата во Струмица. Разводот не довршен, има жалба на првостепена пресуда и следува расправа пред Апелациониот суд во Битола. Мајката Благородна не чекала воопшто разводот да стане правосилно решен, постарото дете го испишала од основно школо во Битола и во договор со нејзината мајка Силвија, блиска пријателка на министерката Јована Тренчевска, децата ги преселила во Струмица. Во ова помогнале Дуди Јаја и Арта Елези, службеники од ЦСР Битола. Поточно, освен што дозволиле трансфер на децата од Битола во Струмица, истовремено му оневозможиле и видување со децата, на што како родител има право. Последното...