Пишува: Зоран Божиновски
Како што веќе читавме од претходно објавените содржини на мејл пораки испратени од актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешен функционер во Македонски Телеком, задолжен за следење, прислушување и надзор, однапред во 2005 година бил договорен пораз на СДСМ на изборите 2006 година, за награда на Владо Бучковски од 8 милиони евра.
Идните победници, Никола Груевски, Сашо Мијалков и ВМРО ДПМНЕ веќе при крајот на 2005 година, почнале да воспоставуваат контрола на терен. Во делот на медиумите таа контрола подразбирала активно следење на покојниот Никола Младенов, бидејќи тој и неделникот ,,ФОКУС,, активно пречеле ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт.
Па, Сашо Мијалков од Ковачевски го побарал она што е содржано во следната мејл порака:
Од: Димитар Ковачевски
Испратено: 12. 12. 2005 година, 19:32 часот
До: Жарко Луковски
Жарко, имам една молба до тебе! Дали ќе можеш преку Небојша да го отклучиш фолдерот до следење на комуникациите на ,,новинарот,,? Тоа е молба од Саше бидејќи тој активно го следи. Во прилог ти испраќам табела од Саше да се избришат логовите од следење на ,,новинарот,, за специфични датуми. Полето со иксови е заштитено со пасворд бидејќи во тоа поле се наоѓа телефонот кој се следи. Доколку е потребно ќе ти го кажам и пасвордот.
………………………………………………….
Судски налог за ова следење не им требал, тие биле законот!