Пишува: Зоран Божиновски
Како полека го откриваме криминалното лице и наличје на ,,Македонија Турист,, и Доне Таневски, модерниот робовладетел на овој мастодонт, транзиционен лик кој купил без пари скоро се што вреди од туристичките капацитети на Скопје, ама и низ Македонија. Доне и неговите ќерки, онакви какви се навистина, ги опишува млад човек кој за момент поверувал дека ќе му дадат шанса да работи, да се искаже, да напредува и да заработи. Се излажал. Неговото лошо искуство го читате во продолжение:
,,Бев вработен неполна година во Хотел Холидеј Ин, аплицирав регуларно и по сите нормални протоколи за работа. Интервјуто го водеше едната ќерка на Доне, Генералната менаџерка на хотелот. Прв момент што го забележав е недавањето одговор на тоа дали сме договорени за колку ќе биде месечниот надоместок за мојата работа. Зборовите беа „Ние сме успешно акционерско друштво, редовни сме како никои други, тука има прогресивност и простор за напредок и секако платата ќе оди нагоре“, ама конкретен одговор не добив. За жал моменталната ситуација ми беше непогодна да се „ценкам“ бидејќи ми требаше работа, па прифатив.
Првите 8-9 дена што ги работев во хотелот не фигурираа никаде во првата моја плата, ама реков океј пробен период, угостителство е, се случува. Како проаѓаше месецот од ден за ден се повеќе ја гледав нефункционалноста на хотелот интерно. Персонал во различни униформи, неорганизација од висок степен за хотел кој што се претставува така како што се претставува на пазарот.
Неколку месеци покасно, после примени неколку мизерни плати во однос на стандардот и потребните средства за живеење во оваа наша земја, бев да разговарам со генералната менаџерка. Добив одговор дека „Ќе биде, полека. Не може тоа туку така, ќе биде“. Јас напуштив, а платата никогаш не бидна. А последната плата што ја добив за изработен цел месец со околу 200 работни часа (40 + часови над регуларното работно време предвидено со закон во државава) беше најниска од сите, веројатно како последен поздрав од „успешното акционерско друштво“. Трагедијата да е поголема, овој „грандиозен“ хотел ти вика купи си униформа ние ќе те компензираме, ама ако си одиш за помалку од година, ќе си ја платиш. А не ја плаќаш малку, во просек зависи од каде си се снабдил, чини околу 20 илјади денари. 20 илјади денари што ќе ти ги одбијат од последната плата.
Е сега да почнам од посериозните работи…
Доне Таневски кога проаѓа низ хотел, треба да го гледаш понизно и да го поздравиш, или воопшто да не го погледнеш ако не му е денот затоа што може да ти возврати со „што к*р ме гледаш“. Ако Доне те побара треба да оставиш се, макар и многу важни гости и да дотрчаш кај „донот“ или „бабата“ како што го викавме меѓу нас. Доне кога поминува беше како облак кој се молиш да го избегнеш затоа што не знаеш дали само ќе накиснеш или гром ќе те удри. Однесувањето кон персоналот и вработените во хотелот, крајно ладно, безобразно и со зборови упатени кон персоналот како кон нешто најниско.
Еден келнер за пример, по наредба на Доне на чело, егзекутиран од Мирјана и Ана како негови главни егзекутори на диктаторските идеи, може да работи и чистач, магационер, утовар и истовар на нов инвентар, може да биде и на рампа ако така налага работата денес, а платата на крај на месец се исплаќа од тоа како е расположен „донот“ и ќерките тој ден. Месеците кога треба да се исплати регрес или К15, задолжително платите за еден месец пред и еден месец потоа се скратени, скоро еквивалентно на сумата што се добива како регрес или К15.
Во текот на моето работење, се сретнав и со момент каде што на персоналот му беше забрането да се напие кафе, да јаде и да користи било што наменето за гостите на хотелот. Во превод, нема да седнеш, јадење ќе одиш да си купиш ако имаш време (а немаш обично, затоа што за некое чудо хотелот има гости), кафе нема да се напиеш и ако се побуниш ќе леташ од работа. Кога решија јадењето што го фрлаа во канта да му најдат друга намена, почнаа да го даваат на персоналот. И некад ќе си речеш „јеб*га, дај да јадам бар нешто“.
Кујната од каде што најчесто излегуваше храната за гостите е со најнизок ранг на хигиена, а неколку пати инспекција дојде и не забележа ништо. Не знам дали не гледаат од страв или од мито. Дури „баграта“ на Македонија Турист успеа да прелаже и инспекција од франшижизерот, така да треба да се јасни и јавни нивните манипулаторски способности.
Сега малку подетално за „баграта:
Доне Таневски – Пензионер ( кој поседува поголем дел од акциите во Македонија Турист) секојдневно е во својата канцеларија по 7-8 часа. Дел од тоа време прави прошетка по хотел, првите тројца што ќе му излезат пред него ги удира гром од црниот облак, а следните 5-6 сигурно ќе накиснат. Старите вработени во хотелот му држат страв, „иде главниот“, „иде генералниот“ мислиш како да проаѓа Тито во екот на „тоа“ време. Тотално е недостапен за било каква комуникација, освен ако он не побара нешто од некого. Најчесто да го поздравиш е исто како да си кажал добро утро на ѕид.
Ана Таневска – Генерален Менаџер на Холидеј Ин – Наследничката на Соња Бибановска (ex Генерален менаџер на Холидеј Ин) за која што се зборува како да е ѓавол, за која што се зборува дека од моментот кога она ќе си отиде, се ќе биде подобро. Ништо не е подобро. Уште полошо е, ама додека беше Соња иако се беше катастрофа, имаше ред. Раководењето од страна на Ана Таневска е еднакво како на дете од 3 години да му дадеш да вози кола, ем не гледа кај вози, ем ќе ја искрши колата. Ана Таневска, навидум фина и културна со својот персонал, но позадински класичен манипулатор и личност која нема грам човечност и срам.
И финално, Мирјана Таневска – или подобро би било да ја крстат Дона Таневска.. Женската верзија на црниот облак. Неконтактибилна, недостапна и недај Боже да ја погледнеш како што не и се допаѓа на нејзе. Во таков случај се пишуваат соопштенија до вработени, се издаваат наредби и сл. Земајќи во предвид се погоре, Холидеј Ин беше како да си во војска. Само што Генералот и Командантките се Директорот и Директорките и они се на врвот на пирамидата. Се што е надолу е неважно и не се гледа како да е човек.
На наредба на Мирјана и на „донот“ персоналот требаше ако треба и да копа дупки за фотоволтаици, затоа што една фирма е тоа. (ова е факт, луѓе вработени на позиции како техничка поддршка и слично се условувани да одат и да работат амалска работа за профитот на Доне, без тоа да се компензира во најмала рака).
На нејзина наредба се испраќа персонал по другите хотели каде што фали, а товарот паѓа на персоналот што останува во Холидеј Ин, за на крај да бидат скратени од плата затоа што не ги исполниле обврските како што треба. На нејзина наредба се бришат работни часови од списоците на вработените за да земат помали плати, на нејзина наредба персоналот јаде јадење зготвено претходниот ден, чувано несоодветно, неисполнувајќи никакви стандарди. На нејзина наредба, но под супервизија од „донот“ се спроведува се во сите хотели на ,,Македонија Турист,, (тие малку хотели што се останати да работат).
Како заклучок можам да кажам и да го советувам оној што можеби ќе го чита ова, никогаш да не стапне во рамките на ,,Македонија Турист,, и хотелите кој што се под тоа раководство. Ќе ве изгорат, ќе работите и што знаете и што не знаете, нема да ви го платат ни тоа што ви го ветиле, камоли нешто повеќе и на крај кога со мака ќе дадете отказ не знаејќи дали ќе врзете месец со месец додека да најдете друга работа, ќе ви ја пуштат последната плата со најмалку цифри што може, без око да им трепне.,,
(авторот е бивш вработен во хотел ,,Холидеј Ин,,)