Луковски: ,,Димитар, обезбеди му на Сашо пристап до линиите на амбасадорот и американската амбасада!,,

Пишува: Зоран Божиновски

Благоупокоениот директор на ЕРИКСОН, Жарко Луковски, бил посредник помеѓу Сашо Мијалков и Димитар Ковачевски, во 2005 и 2006 година, кога веќе во Виена со Владо Бучковски имале договорен иден пораз на СДСМ за изборите 2006 година. Мијалков се подготвувал за доаѓање на власт, па имал слобода да прислушува кого сака, кога сака и колку сака. Само се обраќал до Луковски, тој му пренесувал на Димитар Ковачевски какви се желбите, а овој заедно со Славко Пројкоски овозможувал пристап до посакуваните лини за следење и прислушување…

Во јануари 2006 година, Мијалков посакал и добил пристап до линиите на Американската амбасада и на амбасадорот, на МВР и министерството за одбрана, а во континуитет го следел и Никола Младенов. Тој пак во тој период истражуваше и објавуваше текстови поврзани со фамозните ,,Швајцарски сметки,, на банкарот Хари Костов и претседателот на РМ, Бранко Црвенковски. Спомнати се во мејл пораката!

Сето тоа Сашо Мијалков будно го следел преку прислушување и следење на подоцна убиениот новинар и уредник на неделникот ,,ФОКУС,,. Еве ја содржината на мејл пораката, испратена од Луковски до актуелниот премиер Ковачевски и финансискиот директор на Телеком, Славко Пројкоски:

Од: Жарко Луковски

Испратено: четврток, 12. 01. 2006, 17:54

До: Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски

Димитар, те молам, на базните станици се овие САП*** броеви: 70002877, 700001264, 700001265, 700001258, 700001269, 700001272, 700001267, 700001253, 700001254, 700001255, 700001257, 700001256, 700001259, 700001261, 700001262, 700001263, 700001266, 700001268, 700001271, 700001581, 700001582, 700001273, 700000611, 700000683, 700001566, 700000774, 700000703, 70000745, 700000753, 700000687, 70000657, 7000001070, 700001066, 7000010629.

Ќе има уште ама сега за сега постојано да се бришат логовите од овие БАЗНИ СТАНИЦИ (досие ,,новинарот,,) и исто да му обезбедиш пристап на Сашо до овие линии: АLL041ALL443, ALL345, ALL548 – Америчка амбасада. ALL1009 – Амбасадор. ALL1010 – Министерство за одбрана. ALL0013 – МВР.

Немој да заборавиш да нагажираш некој доверлив човек за бришење на логовите од овие БАЗНИ СТАНИЦИ зашто убаво вика Сашо: ако истражува ,,новинарот за Бранко и Хари, утре и за мене ќе истражува, ато не чини.

Ај те молам направи го ова!

……………………………………………..

Направив обид да добијам второ мислење од Амбасадат на САД во Скопје и од амбасадорката Агелер, како и од премиерот Димитар Ковачевски. Молчат како попарени!

***САП броеви – трошковни броеви за секоја базна станица и се внесени во САП системот кој го контролира Дојче Телеком. Овој САП го имаат сите подружници на Дојче Телеком

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.