Драма со извесни трагични последици во скорешен период, се случува деновиве во Апелационен суд, после пресудата во корист на ФОКУСНЕТ ДОО Штип, а на штета на општествените штетници од МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ.
Пишува: Зоран Божиновски
После првостепената нарачана, криминална пресуда против ФОКУС ДООЕЛ Штип, тричлен совет од судијки донел правична и преиначена пресуда во корист на реално оштетената штипска фирма. Апелациониот совет од судијки во состав РОЗА ГЕОРГИЕВА, НАТАША САВОВСКА ДИМИТРОВСКА и ЈЕТМИРЕ АЈДИНИ БОШЊАКУ, првостепената пресуда ја преиначиле заради тоа што не била темелена на претходни пресуди од Управен и Виш управен суд, кои се еднакви на ЗАКОН. Со преиначената пресуда ФОКУСНЕТ ДОО Штип да наплати повеќемилионска штета во евра од штетниците од МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ…
Драмата се случува откако трите судијки донеле одлука за преиначување, што за ФОКУСНЕТ носи наплата на штета од 4 милиони евра. Веднаш се активирале бесните кербери на МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, вриштеле, пиштеле, пцуеле и све по список ебеле по ДПМНЕ, ДУИ и СДС. Веднаш на корумпираните муштерии/политичари/трговци им освежиле меморија околу дадените/примени милиони евра мито кои им ги платиле за да им го чуваат монополот и неприкосновената положба на овдешниот бандитски телекомуникационен пазар.
Најбрзи биле од ДУИ, па преку таткото на судијката Јетмире Ајдини Бошњаку, инаку спонзор на ДУИ, направиле лудачка ,,скаламуција,, која не може да помине без жртви во вид на летање од суСвото.
НАТАША, ЈЕТМИРЕ и РОЗА донеле пресуда која во темел го руши ТЕЛЕКОМ и владеењето на оваа компанија со Нашата земја, како со корпорација, па врз почетен притисок врз Јетмире ја натерале да се врати во Апелационен суд и да направи вратоломија каква ретко изведуваат каскадери во акциони филмови! Прво, трите судијки донеле ЕДНОГЛАСНА одлука за преиначување на првостепената пресуда, досудиле 4 милиони одштета за ФОКУСНЕТ, тоа влегло и во записник од расправата. Тоа молневито го дознаваат во Телеком, па почетниот притисок им вродил со плод кај судијката Јетмире Ајдини Бошњаку. Таа се вратила и направила НЕУСПЕШЕН обид од АКМИС системот да ја избрише одлуката и да внесе невистина, дека таа се ИЗЗЕМА од мислењето, дека потпишала на невидено, дека списи не видела и затоа не се согласува со колешките. Ама, преиначената одлука веќе била верификувана и не успеала во обидот, за што има трага. Како што ми објасни изворот од Апелационен суд, постои тетратка во судот, каде што се заведуваат списи, па има трага дека Јетмире запишала како отпосле се иззема. А тоа не е можно поради верификација ан одлуката претходно! Има и стручни соработници во судот, присуствувале на расправата и тие се сведоци дека и Јетмире Ајдини Бошњаку била ЗА преиначување на првостепената одлука!
Мојот извор од судот ми тврди дека Јетмире Ајдини Бошњаку после несупешниот обид била испаничена па разговарала телефонски со ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, за да договори со некој од Судски совет од СДС од Нашата земја, колку толку во јавноста да биде претставено дека таа гласала да биде изземена т.е. во корист на МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Наводно, ФИЛИПЧЕ успеал да се договори со членот на советот ТАЊА ЧАЧАРОВА, кадар на СДС од Радовиш, па таа на седница на Судски совет покренала расправа за однесувањето на судијката ЈЕТМИРЕ АЈДИНИ БОШЊАКУ, дека таа не знаела што потпишувала, дека не видела списи од предметот за кој се одлучувало. ШТО АПСОЛУТНО НЕ Е ТОЧНО! Просто е ненормално судијка на Апелационен суд да се правда дека не видела списи а потпишала одлука! Надвор од секаква логика и здрав разум е!
Да подсетам, ФОКУСНЕТ ДОО пред дваесетина години биле клиент на МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, ама пребрзо оделе во развој и дошле до освојување на 13% од пазарот, што било сигнал од германската багра да им го раскине договорот, да ги спречи во тој развој. Штетата од нивната одлука, повеќе од 20 години поддржувана од овдешното криминализирано суСво, изнесува 30 милиони евра, ама со многу кратење и силни притисоци врз вештаци, на крај е стигнато до штета од 2 милиони евра плус упте толку камати, износ кој ТЕЛЕКОМ мора да го плати на ФОКУСНЕТ ДОО Штип, ама со тоа СЕ РУШИ ДЕЦЕНИСКИОТ МОНОПОЛ на Германците на овдешниот пазар, по инерција и на пазарот во Црна Гора, се руши и ,,криминалната прихрана,, на СДС, ДУИ, ДПМНЕ и ДПС во Подгорица, паѓаат ЌУРКА, СЛАВКО и ЉУШЕВ, итн., итн., итн…
Има уште други помали и индиректни последици кои ги произведува оваа апелациона пресуда, па ДПМНЕ, ДУИ и СДС ќе мораат или да се самоуништат или сложно како и досега од 2002 година наваму, да ги чистат по суСвото сите судии кои се дрзнале да почитуваат закон и да судат против спонзорите/штетници од Ѓерманија!
ХАИРЛИЈА нека е…