Страотно опасен дел од текстот кој Љупчо Палевски Палчо го пишувал во притвор, а го објавувам во Буревесник, дел со страотни последици е овој:
Пишува: Зоран Божиновски
Страотно опасен дел од текстот кој Љупчо Палевски Палчо го пишувал во притвор, а го објавувам во Буревесник, дел со страотни последици е овој:
„На црниот хард диск, марка Тошиба ќе ги најдете истите 300.000 разговори што ги имаа СЈО и Заев, зарем не е полесно со тие гнасотии од оваа гнасна елита да земам пари заради користољубие, отколку да убивам дете и старец?!“
Тогаш за прв пат се насмеав, бистрата Цалева, втората Обвинителка во распитот, ме праша „Од кај ти се?“ (Зоран Заев како премиер лажеше пред јавноста дека ги предал сите т.н. ,,бомби,, во СЈО! з.м.)…,, Затворен цитат!
На 15 август 2017 година, Љупчо Палевски беше уапсен од полицијата по налог од СЈО, спроведен на сослушување, бил извршен претрес во неговиот дом, запленета била компјутерска опрема и ЦРН ХАРД ДИСК марка ,,ТОШИБА,,! Во полициски притвор од 72 часа, со тридневно сослушување од обвинители на СЈО, веќе било подготвено приведување кај судија за претходна постапка во Кривичен суд (тогаш Основен суд 1 Скопје!), определување на 30 дневен притвор и спроведување во ШУТКА! Повод да биде приведен и сослушуван беа ,,бомбите,, од Зоран Заев кои Палевски ги објавуваше јавно, по протести. Пред истек на тие 72 часа, Палевски преку свој адвокат го повикал родениот брат, да донесе документ. Брат му донел документ од кој се чита дека за неколку стотини илјади евра купил ,,бомби,, од АЛЕКСАНДАР ВЕРУШЕВСКИ, син на советникот на Зоран Заев за национална безбедност, Зоран Верушевски.
Обвинителите од СЈО веднаш се соочиле со клучниот момент, а тоа е дека Зоран Заев јавно лажел кога даде изјава дека сите аудио ,,бомби,, ги дал во СЈО, ама и дека синот на првиот соработник на Заев, Верушевски Јуниор му ги продал ,,бомбите,,. Ако обвинителите од СЈО продолжиле со процесуирање на Палевски, уште веднаш т.е. само месец и пол после изгласувањето на владата после оние крвави настани во Собрание, таа влада на Зоран Зоев – ЌЕ ПАДНЕШЕ! Па решиле да злоупотребат службена положба, да прекршат закон и д го пуштат Љупчо Палевски на слобода, да се прават од нетука, како ништо да не било и да му овозможат на Зоран Заев и на неговиот советник Зоран Верушевски непречено да продолжат да владеат, а патем да не го процесуираат и синот на безбедносниот советник, Александар.
Последиците од тоа непостапување против Палевски од страна на СЈО ги гледаме денес. Ако обвинителството е во право и ако има цврсти и несоборливи докази, па Палевски биде осуден за двократно убиство, тогаш испаѓа дека СЈО можеле во август 2017 година да го спречи тоа, ама не спречиле! Можеле со притворањето на Палевски и процесуирањето на Верушевци и Заев да ја спасат РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Ем ВАЊА ЃОРЧЕВСКА и ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ денес ќе беа живи, ем немаше името на нашата земја да биде сменето, уште ќе бевме РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!
Инаку, обвинителката Наташа Крстевска-Цалева, ,,славна,, по бруталното непостапување во случајот УБИСТВО НА ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ (го оквалификуваше како сообраќајна несреќа!), постапувала во предмети поврзани со прислушување. Ама нема некои опипливи резултати. Оваа обвинителка во моменото кога го сослушувала Љупчо Палевски после екстрадицијата од Турција за случајот на двокртното убиство и кога и го кажал она што го читате на почетокот на текстот за 300.000 ,,бомби,, од Зоран Заев, била должна веднаш да отвори постапка и да почне истрага, па иако предоцна, сепак да ги процесуира Заев, таткото и синот Верушевски. Таа го промашила и тој момент. Само го прашала: ,,ОД КАЈ ТИ СЕ БОМБИТЕ!?,,. А ене го СЈО на ,,Рузвелтова,, во Скопје, достапни се записниците од сослушувањата на Палевски од 15 до 18 мај 2017, можела да се посвети темелно и да сработи, има таму и запленети материјали! Ама, отќутала, како и секогаш наназад години кога не смеела и не смее да се замеша во работата за која богато е платена и наградена од Буџетот кој го полнат граѓаните…
А Зоран Заев освен аудио ,,бомби,, имал на рсполагање и видео ,,бомби,,, па на роучек во август 2016 година во х. ,,Вила Парк,, во Струмица со Александар Верушевски, тие видео ,,бомби,, ги нарекува ,,ШЕШЕЉИ МЕШЕЉИ,, и на синот на безбедњакот кој разговорот го снима, му објаснува дека со тие видео снимки ќе се пазари и ќе се изпазари со Груевски и Мијалков. Тој разговор трае 2 часа и 17 минути, снимен е од Александар Верушевски, јас снимката ја добив од Љупчо Палевски, кому младиот Веруш му ја дал на чување. Ја подготвив и ја објавив на 18 јануари 2021 година на ЈУТУБ каналот на Буревесник, до денес е прегледана над 135.000 пати.
Обвинителството е глуво, слепо и немо и за таа снимка!
ШАМПИ(Њ)ОНИТЕ ОД ХОТЕЛ ,,ПАРК,,