Рускиот министер за надворешни работи. Сергеј Лавров, дојде на самиот на ОБСЕ во Скопје и си замина со празни раце, без ИКОНАТА по која дошол…
Пишува: Зоран Божиновски
На 30 ноември 2023 доцна вечер, сред санкции од скоро целиот свет кон Русија, на самит на ОБСЕ во Скопје, дојде СЕРГЕЈ ЛАВРОВ, руски министер за надворешни работи. Не доаѓа на самитот, не лета од Русија по едвај одобрени коридори, доаѓа по ИКОНА која е пронајдена во Македонија и е од екстремна битност за православието и ПУТИН. Ја пронашле ПАЛЕВСКИ, ЖЕЖОВСКИ и екипата, а таа икона е главниот камен на раздор помеѓу ВЛАДИКАТА ПЕТАР и лажниот ВЛАДИКА ПАРТЕНИЈ викан ЃАВОЛ уште од студентските денови…
ПАЛЕВСКИ долго време стоеше помеѓу ПЕТАР и ПАРТЕНИЈ, во нивниот повеќедецениски конфликт навлезе последните години, се стави на страна на ПЕТАР. Малкумина знаат дека по завршување на студиите ЃАВОЛОТ ПАРТЕНИЈ бил свештенослужител во преспанско битолската епархија, ама брзо влегол во конфликт со ПЕТАР, па овој сакал да го расчини, ама имал притисок од неговите соработници од епархијата, па на крај ги замолил да му го тргнат од очи, да го носат во друга епархија. Го преселиле во Дебарско-кичевската епархија, раководена од ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ. Во биографијата на ПАРТЕНИЈ никаде нема да прочитате за ова, туку се претставува како ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ вратен од Света Гора, од Хиландар, од ТИМОТЕЈ поставен за старешина на БИГОРСКАТА ОБИТЕЛ. Она што е денес БИГОРСКИ МАНАСТИР во СФРЈ било воен музеј, а бидејќи ПАРТЕНИЈ немал каде да биде свештенослужител, буквално ноќе се вселил во тој музеј, а чуварот побегнал после неколку клоци во задникот.
МАНАСТИР БИГОРСКИ подоцна беше изграден па запален од монаси кои имале ,,КРУПНИ НЕДОРАЗБИРАЊА,, со јеромонахот ДОСИТЕЈ, не можеле да ја поднесат неговата ,,посебна склоност,, и тортура, па за да се спасат предизвикале пожар на 30 септември 2009 година. Подоцна ПАРТЕНИЈ од пепелта на изгорениот манастир, гради уште поубав и поголем манастир, а на поклонение му одат донатори, главно најголеми државни крадци од Буџет, директори на најбогатите државни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост. Нивните бескрупулозни грабежи на милиони евра, ДЕДО ПАРТЕНИЈ им ги простува во неговата манастирска исповедална…
ВЛАДИКАТА ПЕТАР за сите овие недела има поднесено десетици обвиненија и со години чека ЦРКОВЕН СУД да му пресуди на ПАРТЕНИЈ, да биде расчинет и да биде предаден на редовен суд, ама Синодот на МПЦ не смее да организира судење!
Во меѓувреме се вмеша ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ, водеше беспоштедна антикампања контра ПАРТЕНИЈ, фати страна на ВЛАДИКАТА ПЕТАР. Патем со ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ копале, копале, копале, копале и пронашле артефакти за кои лично бил заинтересиран и загрижен ВЛАДИМИР ПУТИН, па на ,,службен пат за Македонија,, го испрати СЕРГЕЈ ЛАВРОВ. Ама, кога Лавров пристигна во Скопје, а пристигна со доцнење оти се натегаа околу коридор по кој сред санкции ќе му се дозволи да патува, Скопје и Македонија веќе беа во потрага по ВАЊА ЃОРЧЕВСКА и ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ, а Палевски заминат за Белград…