Во тек е непрогласена тивка граѓанска војна во Северна Македонија помеѓу Јавното обвинителство и ДПМНЕ!
Пишува: Зоран Божиновски
ЈО (во натамошниот дел од текстот!) контра ДПМНЕ е засилено од комплетниот состав на бившото криминализирано и корумпирано СЈО, а обвинителите од таа банда се ПРАВИЛНО и НАМЕНСКИ распоредени во обвинителството со кое командува ЈО ЉУБОМИР КОЦЕВСКИ, ЈО за ГОКК со кое командува ИСЉАМ АБАЗИ, скопското ЈО со кое командува ГАВРИЛ БУБЕВСКИ и Вишото јавно обвинителство со кое командуваат повеќе команданти, подредени на Коцевски, Абази и Бубевски!
Тројцата команданти си имаат послушни судии за претходна постапка (поранешни истражни судии!), си имаат послушни судии од Кривичен и Апелационен суд Скопје, а засега немаат влијание и немаат послушници во Врховниот суд, уште не ,,допреле,, до таму!
Тројцата команданти, корумпираните обвинители под нив какви што се Артан Ајро, Лиле Стефанова, Наташа Поп Трајкова, Милица Гаврилова и слични обвинители/бандити, верно му служат на марихуанскиот наркобарон ЗОРАН ЗАЕВ и на неговото потесно семејство, кои бранат украдено од 2017 до заминувањето од власт во мај 2024, со ЌУРКА КОВАЧЕВСКИ во пакет!
Обвинителите команданти, секој одвоено, заедно со Вишите јавни обвинители од тип на Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев и слични под нив, си имаат под контрола корумпирани судии од Кривичен суд Скопје и исти такви во Апелациониот суд Скопје, па здружени во организирана криминална група, здушно бранат криминал направен додека МУРТИНСКИОТ КЛАН ја пљачкаше Република Македонија, па продолжи после промена на името (за кеш!) во Северна Македонија. Корумпираните судии инструирани од обвинителите бандити и нивните команданти Коцевски, Абази, Бубевски, пресудуваат главно со алатката викана ,,ДРЖЕЊЕ ВО ПРИТВОР БЕЗ ОСНОВ И БЕЗ ДОКАЗИ, ДО ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА!,,, а се користат со злоупотреби од типот ,,неснимање главни расправи, злоупотреба на АКМИС системот и програмата ФЕМИДА,,…
Овој погоре опишан криминален ФРОНТ, жестоко му е спротивставен на премиерот Христијан Мицкоски е опкружен со една горе долу слабо едуцирана и полуобразована клика, гладна за брзо збогатување, клика на која ништо не и е свето, клика која му е апсолутно нелојална и врска си нема со идеологијата која ја истакнуваат како божемно света за нив. Таа клика, заедно со него на чело има мнозинство во Собранието, има контрола над владата, има дементна претседателска власт, ги има под контрола министерството за сила, нема контрола под онаа хумористична институција која нагалено си ја викаат Агенција за разузнавање и има обезглавена трагикомична институција викана Агенција за национална безбедност, а земјата е страотно небезбедна па работноспособните и свесните граѓани од неа се евакуираат и забрзано ја напуштаат. Премиерот Христијан Мицкоски НЕМА ФРОНТ контра погоре опишаната обвинителско/судска власт, која ги има под контрола сите полуги и инструменти да го растури и него и неговата нелојална клика која групно, на нивни митинзи, собири, конгреси хорски му се колне на верност на лидерот, ама поединечно си го гледаат личниот интерес и ја демнаат секоја и најмала шанса да дрпнат кеш за себе, да тргнат настрана и да се поблиску до границата кога ќе дојде фазата БЕЖАНИЈА!
Многу брзо, ќе дојде до пресметка помеѓу овие два ФРОНТА, оти и двата со едното око гледаат а умот им е во Белград, затоа што таму се случува финален колапс и распад на системот, а овие два ФРОНТА во Северна Македонија се под силна контрола на Александар Вучиќ и брат му Андреј.
Судбината на Зоран Заев и Христијан Мицкоски најтесно е поврзана со судбината на менторот од Белград. Помеѓу јули 2009 и 2016 година живеев во Белград и Нови Сад и во живо гледав и набљудував како еден по еден ги приведуваат Заев, па Мицкоски, а ЌУРКА сам си доаѓаше на ОЧИТ, кај газдите во Белград…
ТУРОПЕРАТОР ИМ БЕШЕ ИВАН СТОИЉКОВИЌ…