Дарко Крстески е џокер во покерот што го играат обвинителите контра премиерот…
Пишува: Зоран Божиновски
Обвинителите ЉУБОМИР КОЦЕВСКИ и ИСЉАМ АБАЗИ во тивката граѓанска војна што ја водат против премиерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ВМРО ДПМНЕ, за да не бидат сменети, тактизираат со процесот против обвинетите за трагедијата во кочанската дискотека ,,ПУЛС,,.
По Закон за кривична постапка, до завршни зборови можат да предлагаат нови докази, нови сведоци, ама можат и да ја прошируваат истрагата со нови осомничени кои може да станат и обвинети, доколку има основ…
Е КОЦЕВСКИ и АБАЗИ како џокер во покер, во ракав си го имаат еден од главните виновници за трагедијата, кој баш никој никаде досега го нема спомнато. Или пак, некој го спомнал, ама бил замолчен! ДАРКО КРСТЕСКИ се вика!
За да пламне дискотеката од пиротехника, требало некој да ја донесе, да ја увезе од Турција и да ја допреми, да му ја предаде на загинатиот член на групата ДНК, кој наводно ја внел во ,,ПУЛС,,. Увозник и доносител на пиротехниката е ,,ЕВЕНТ ГРУП,, и ,,СУН ПРОДУКЦИЈА,,, која ја раководи Дарко Крстески. Тој изразил жалење за огромниот број жртви, ама мака мачи да скрие дека долги години соработувал со групата ДНК, дека е организатор на бројни концерти како продуцент и дека ДНК секогаш во негов аранжман договарале да свират како предгрупа, доколку бил организиран концерт на некој познат пеач или група од балканските простори…
КОЦЕВСКИ и АБАЗИ, заедно со оние 10-15 обвинители кои го работат предметот ,,ПУЛС,, засега намерно го прескокнуваат Дарко Крстески како набавувач на пиротехниката која го предизвика пожарот, прескокнуваат намерно дека индиректно Крстески е виновник за пожарот, особено што е јавна тајна дека пиротехниката е увоз од Турција а до таму доаѓа по црни канали од Кина…
Дарко Крстески и ,,СУН ПРОДУКЦИЈА,, и ЕВЕНТ ГРУП,, се занимаваат и со рентирање на музичка опрема (озвучување), а дел од изгорената опрема во ,,ПУЛС,, кога се случи пожарот е нивна сопственост. Крстески бил во ,,ПУЛС,, и ден порано и на денот кога се случува пожарот. Рентирал музичка опрема и дистрибуирал пиротехника од која е запалена ,,ПУЛС,,, според обвинителниот акт…
Причина што КОЦЕВСКИ и АБАЗИ тактизираат со истрага против Дарко Крстески, ,,ЕВЕНТ ГРУП,, и ,,СУН ПРОДУКЦИЈА,, е неговата блискост и припадност на ВМРО ДПМНЕ, неговата база, спортската сала ,,ЈАНЕ САНДАНСКИ,,, каде организира концерти. Главен асистент му е САШЕ ПЕТРОВСКИ, некаков ,,менаџер,, во оваа спортска сала, кој кога ќе му треба термин за некој иден концерт кој го организира ДАРКО КРСТЕСКИ, секогаш го има термионт – за КЕШ!
САШЕ ПЕТРОВСКИ пак е продолжена рака на криминалецот ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ, неформален сопственик на спортската сала ,,Јане Сандански,, и претседател на олимпискиот комитет, инаку обвинет за повеќемилионски грабеж на пари од овдешниот уништен спорт, преку ваучерско ,,финансирање,,!
ДИМЕВСКИ како организатор на оној срам кој го викаа младинска олимпијада, преку ДАРКО КРСТЕСКИ го ангажирал ДЕЈАН АТАНАСОВСКИ, кој со фирмата ,,ДАЛМА КЕТЕРИНГ,,, од буџетот на младинската олимпијада за кетеринг кој никој не го ни видел украл 100.000 евра, па си ги поделиле со Даниел и Дарко…
Инаку, обвинителите КОЦЕВСКИ и АБАЗИ, за да си обезбедат простор за уцена на премиерот Мицкоски кој запнал да ги смени, па да ги смени, па да ги смени, заедно со обвинителите криминалци под нив кои ќе бидат разрешени ако ,,паднат,, шефовите, добро го проучиле криминалното работење на ДАРКО КРСТЕСКИ,,, па освен ПИРОТЕХНИЧКАТА ,,ДЕЈНОСТ,, и начинот како ја увезува и препродава, детално проучиле како добива надомест и термини за организирање негови настани. Проучиле и како Дарко Крстески на забавни настани во ,,Јане Сандански,, организирал поставување шанкови на кои се продава АЛХОХОЛ, набавен по сомнителни канали, како не се издаваат фискални сметки, едноставно собрале докази за сиво црна економија…
Не знам дали собрале цврсти докази, ама КОЦЕВСКИ и АБАЗИ добиле информации дека Дарко Крстески е поврзан со ,,ВЕЉО ОД СТРУМИЦА,,, бизнисмен кој менаџира дискотека која се вика ,,МИРАЖ,, а наводно дека бил дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски. КОЦЕВСКИ и АБАЗИ наводно дошле до информации дека ВЕЉО ОД СТРУМИЦА на Дарко Крстески му овозможил добивање тендери за организација на разни манифестации по скопски општини, ама и општини низ целата земја каде градоначалници се од ВМРО ДПМНЕ! Наводно најголем број настани, според информации дадени на обвинителите Коцевски и Абази, од Дарко Крстески се организирани во општините Гази Баба и Аеродром, ама успевал да договори и да организира настани финансирани од ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Според мојот извор, договорите секогаш биле постигнувани во четири очи, а во име на ВМРО ДПМНЕ посредник бил извесен СТЕФАН ЦЕКО СИНАДИНОВСКИ. Цеко посредувал, настанот се одржувал во организација на Дарко, па дел од парите исцицани од општинска каса, се враќал кај градоначалници Дејан од Аеродром и Бобан од Гази Баба.
Посредникот СТЕФАН ЦЕКО СИНАДИНОВСКИ имал задача и за тоа добивал дел од кешот кој се делел, да ги стопира, блокира и оневозоможува надлежните институции додека се одржуваат ,,ЗАБАВНИТЕ ДИВИ НАСТАНИ,, да вршат контроли…
Обвинителите ЉУБОМИР КОЦЕВСКИ и ИСЉАМ АБАЗИ, си го чуваат џокерот Дарко Крстески за ,,црни денови,,. Заедно со ,,тефтерот на газда Деко,, со кој го плашат премиерот Мицкоски дека ќе го отворат јавно и ќе објават КОЈ од ВМРО ДПМНЕ бил платен да овозможува незаконско работење на ,,ПУЛС,,, еве го плашат и со ДАРКО КРСТЕСКИ, добавувачот на пиротехника од која е запалена дискотеката, според обвинението…