Монструмот Никола Додевски ќе го руши Џанго

Никола Додевски, адвокат и психопат, веќе почнал кампања за претседател на Адвокатската комора…

Пишува: Зоран Божиновски

На почеток на 2026 година ќе започне кампањата за избор на претседател на Адвокатската комора, функција која сега ја извршува Љубомир Михајловски Џанго. Вечниот кандидат за челното место во комората НИКОЛА ДОДЕВСКИ, адвокат и монструм, уште овој месец започнал своја приватна кампања. Ќе го руши Џанго кој има мандат до јуни 2026 година!

ДОДЕВСКИ зема сила како екс правен советник и адвокат на екс премиерот Никола Груевски, додека овој владееше диктаторски. НАСИЛНО го натераа НЕНАД ЈАНИЌЕВИЌ да прекине мандат и да поднесе неотповиклива оставка на претседателска функција во адвокатската комора за да седне ДОДЕВСКИ во таа фотелја…

Познат е по одбрана на криминалци, омразени кај граѓаните, одбрана на убијци и злосторници како нутриционистот, др ЖАН МИТРЕВ. Велемајстор е како адвокат за одложување на главни расправи, одолговлекување на процесите и вршење притисок врз судиите на кои неретко им се заканува и им предвидува разрешување во негова ,,режија,,. Талка по ходниците на Кривичниот суд и тврди дека има моќ врз судиите и врз донесувањето одлуки по негова волја. Има будали клиенти, па му веруваат!

Се прослави со застапувањето на СЕАД КОЧАН во предметот ,,ТРУСТ,, кога на клиентот му беше определен притвор, а ДОДЕВСКИ издејствува спротивно на Законот за кривична постапка, наместо заминување во притвор Шутка, Кочан да чека дома исход од жалба на притворот. Од дома, Кочан ја ЗДУВНА во непозната насока и со тоа, заедно со Додевски му го срушија комплетниот систем кој Груевски го имаше под контрола. Протестираше меѓународната заедница, жестоко беше искритикувано во сите извештаи ваквото исмејување на правото, па мораа Груевски и Мијалков лично да го пронајдат Кочан и да му објаснат што ќе му се случи ако не се врати не влезе во притвор. Кочан се предаде после два месеци бегство, ама системот за контрола над судството трајно беше онеспособен. Толку можел да смисли психопатот НИКОЛА ДОДЕВСКИ, толку смислил. Ама назад немаше враќање!

Го нарекувам ПСИХОПАТ затоа што поради него се самоуби неговата ќерка и остави проштално писмо во кое детално е опишано низ какви психо драми и трауми поминала со татко и. Во скопскиот центар за социјални работи има сработен предмет и за слично однесување т.е. силно психичко малтретирање од страна на ДОДЕВСКИ и кон неговата внука од ќерка. Ништо полесно со него не поминала ниту неговата сопруга…

Инаку е бескрајно алчен за пари и моќ, државен рекордер е по наплата на правни услуги од буџет. Освен за застапување на Груевски, наплатил над 270.000 евра од ЈП ,,Водовод и канализација,, – Скопје, за три години. Од ,,ЕЛЕМ,, (сегашно ,,ЕСМ,,) за 4 години наплатил 160.000 евра, а од ,,МЕПСО,, 47.000 евра за 4 години. Ставка ,,адвокатски услуги,,, од државни јавни претпријатија и акционерски друштва во државна соспственост – милионски девизни загубари!

Освен погоре набројаните, наплаќал за ,,адвокатски услуги,, и од ,,Комунална хигиена,, – Скопје,,, ЈСП Скопје,,, и Ј.П. Државни патишта,,, ,,МРТВ,,, Ј.П. ,,Македонски шуми,,, А.Д.,, Македонски пошти,, и ,,М.Ж. Транспорт,,. Едноставно, бил сеприсутен. И никој не смеел да му каже НЕ! Го застапувал премиерот Груевски! Сите договори со сите овие јавни претпријатија и државни акционерски друштва ги потпишал по распишана јавна набавка, со мала напомена дека други адвокати не смееле да дадат понуда освен него, освен ако премиерот Груевски или братучед му Мијалков не се јавеле да му свртат внимание дека и други адвокати, блиски и исполнителни кон нив,  треба да живеат и да наплатат кеш од буџетот кој го полнат воодушевените граѓани кои ги гласаа(т)…

Сепак, НИКОЛА ДОДЕВСКи не се предава. Ене го почнува нова претседателска кампања за освојување власт во Адвокатската комора. Гази преку живи луѓе, судии, адвокати, стручни соработници, откако попатно ги ,,прегазил,, ќерката, внуката и сопругата…

Некаде ќе се сопне!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.
Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.