Груевски, нарко кока премиер

Вистинска драма се одвива деновиве во притворската единица во Шутка. Притворените по акцијата „Керозин“, возачите, сопственикот на „Алма Комерц„ и неговата десна рака, грчевито се борат за итен излез од притвор. А на слобода најзагрижен и најзаинтересиран за слобода на Ѓаволот е Орце Камчев. Потајно навива и Тито Петковски…

Речиси никој од македонскиот елитен позиционо/опозиционен политички, бизнис и медиумски естаблишмент, доооолги години баш штедро финансиран од Холдингот „ОРКА„, не се надеваше дека баш сега кога навидум е воспоставен квалитетен баланс во криминализирана Македонија, во Владата и МВР особено, еден случај каков е „Керозин„, така лесен за работа, сработување и монтажа, ќе донесе толку големи тектонски потреси. И во редовите на власта и во редовите на опозицијата и кај Фамилијата и кај медиумите. Нема да ве заморувам со филозофии и ќе преминам на моите последни сознанија.

А тие се, дека сопственикот на „Алма Комерц„ од Неготино, Љупчо Пецов Ѓаволот, силно уплашен за неговата натамошна неизвесна иднина и судбина, преку своите двајца адвокати ја поздравил Фамилијата, особено роднината Орце Камчев, дека „вака веќе не оди, вака веќе нема да може…„. Фамилијата предводена од братучедот Мијалков не ја сфатила толку сериозно пораката од Ѓаволот, преку Ѓаволовиот адвокат Антонио Апостолски, ама роднината Камчев баш разбрал дека Ѓаволот ја однел шегата. И се придвижил. Брзо реагирал и по негови гавази упатил порака до роднината Пецов да ги откачи Апостолски и вториот адвокат, а да ја ангажира неговата сопруга Ана. Таа инаку пред извесно време се прослави со експресното ослободување и лет кон дома на онаа Американка што шверцуваше стари монети. Значи, ефикасна е!

Така, адвокатката Ана од пред некој ден е нов Адвокат на Ѓаволот, играта за негово излегување од притвор е забрзана, а пазарот сета вина да се префрли на наркодилерот Љупчо Темов Ѓмата (во замена за поголем кеш износ и грижа за неговото семејство!) е направен. А се разбира, веднаш е направена и исконструирана конструкција притворените возачи на „Близначките„ да бидат виновни заедно со Ѓмата и да одлежат затвор. Мора Ѓаволот да се спаси т. е. да не зине да отвори уста и да почне да пее за одвивањето на долгогодишниот петро/кокаински бизнис од Грција и Бугарија, преку Македонија, та дури до Германија (Ало Франкфурт!).

Да кажам овде нешто што денес никој не сака да го каже. Во петро бизнисот, Љупчо Пецов Ѓаволот е навлезен во соработка со потесното семејство на Тито Петковски, кое доооолги години сработува бензински пумпи шир Македонија. Со Орце Камчев пак, нешто што повторно никој не сака да го каже, Љупчо Пецов Ѓаволот го врзува роднинска, семејна традиција и доооооолги години бзинис соработка. Па е добро јавноста да знае дека таткото на Орце, покојниот Илија Камчев, потекнува од истото село, кавадаречко Марена, од кое потекнува и семејството Пецов. Тетката на Љупчо Пецов, инаку родена сестра на татко му Ангел Пецов Ѓаволот, е мажена за човек од потесното семејство Камчеви. Тие роднински врски и долгогодишното занимавање на Пецови со транспортен бизнис и бизнисот на Камчеви, ги врзува во соработка. Пецови превезуваат долги години стока за „ОРКА Холдинг„.

Арно ама, како што често се покажува во современи услови, особено во криминализирани држави каква е Македонија, семејната традиција и занимавање со транспорт, во рацете на наследници какви што се Орце и Љупчо, не секогаш завршуваат со успех. За да не разберете погрешно морам да објаснам дека Пецов Јуниор е само круша која паднала под круша. Неговите родители Ангел Ѓаволот и Мара Ѓаволица уште во 1996. биле под истрага и во притвор заради прикривање на данок после увоз на метални профили од Бугарија. Ама од затвор ги има спасено корумпиран локален полициски инспектор по стопански криминал, денес пензиониран. Нормално, за пристојна рекет-награда и заштита на каналот за увоз.

За Камчев Јуниор исто важи дека е круша падната под круша. Само ќе подсетиме на легендата за пожарот во „Македонија Спорт„. Да не беше ќибритот на тато Илија, денес ќе ја немаше „Орка Холдинг„ и империјата што ја владеат. Е подоцна Камчев Јуниор научи наука од татко Илија па направи „прошетка„ од СДСМ до ВМРО ДПМНЕ и користејќи ја гладта на врхушките на овие две фирми/партии, влезе во силен меѓународен канал за перење пари. Со заштита од САД (не ја бива без нив!) и особено од актуелни претставници на политички партии од Велика Британија (заради што никој ништо не му може денес, нели така!?), а Ѓавол Јуниор е задолжен за транспорт на нафта и кокаин дури до Германија, ама без посилна заштита (за што еве се покажа дека сепак има некој што нешто му може, нели така!?). Со силата, заштитата и подршката на Орце Камчев од В. Британија (Andrew Feldman & David Cameron, нели така!?), си доаѓа така лесно и нормално и окумувањето со Сашо Мијалков, како што претходно си дојде и спонзорирање на предизборната кампања на Никола, Мендух и Титопеткоски во јуни 2006., кога од Кина (преку „ВИК ВУД„ од Хонг Конг) авионски долета цел еден контејнер полн со реквизити за ВМРО ДПМНЕ, НСДП и ДПА.

Наградата за Камчеви стигна по победата на тие јулски избори во 2006. Беше ставена во фиока и заборав кривичната пријава против ова семејство и против „Орка Холдинг„ „СИСТИНА„ (каде хонорарно за 90.000 денари месечно ординира др Андреј Петров, генсек на опозицијата, нели така!?) и повеќе правни лица под нивна контрола, преку кои се одвивал процесот на испумпување пари од Буџетот преку фризирани милионски фактури за божемен извоз на воени униформи за САД. Да има де рајата маици, пенкала, нотеси, запалки и понекој ќибрит…

Со именувањето на Никола Груевски за премиер сред лето 2006. Година, започна и интензивниот фамилијарен бизнис на Камчеви со Фамилијата на власт, ама и дојде до раст на ѓаволската империја на Пецови. Со раст на „Алма Комерц„ до привилегирана фирма за снабдување на владините институции со нафта за греење, особено на училиштата и градинките, достигнато е ниво оваа неготинска фирма да има во своето портфолио дури 170 одработени тендери за Фамилијата и приватизираната Влада. Се разбира дека клучен момент во оваа констелација на односи и клучна препорака на Ѓаволот му е соработката со „Орка Холдинг„ и Орце Камчев. И не би дошло до акцијата „Керозин„ и се би било во ред ако не беше „Детонатор„ и ако не пукнеше тиквата помеѓу Сашо Мијалков и Дејан Митревски Урко. И ако Ѓаволот и Тоше Зафиров Качакот не продолжеа туку ја прекинеа трговијата со кокаин со Уркота. Така, Мијалков во настап на самодоверба и помисла дека и тоа му се може, дал налог да му се дотера умот на Ѓаволот со едно театрално апсење во „Керозин„. Ама, како после „Детонатор„ така и после „Керозин„, работите избегаа од контрола, па се испостави дека Никола Груевски не е така невин и незапознаен со наркотрговија на неговите најблиски роднини и соработници. Така, освен што грбот му го чува човек од екипата на тазе притворениот Нинџа, до крајот на 2009. личен телохранител му бил Тоше Зафиров Качакот, некогашно голо и босо дете од неготинското село Тимјеник, денес богат и напирлитан бодибилдер, сопственик на куќа (вели ја купил на кредит!?), кафе бар „Релакс„, бодибилдинг клуб „Гладијатор„ (сите во Скопје!!!), возач на „Ламборџини„ (било на Ѓаволот!?). Во која нормална земја личен телохранител на премиер за неколку години станува мини тајкун?

И тоа не е се! Тоше Зафиров Качакот, тргнат од зад грбот на Груевски заради давење на министер од неговата Влада кој подзакочувал спроведување тендери на Ѓаволот, денес продолжува со наркотрговија без око да му трепне. Никола Груевски добро е информиран дека Тоше Зафиров Качакот во Неготино поседува фирма „МАРДОН„ ДООЕЛ„ во која директорува Ѓорѓи Донов, дека фирмата има возило „Ауди А5„ кое го вози Зафиров. Груевски знае дека фирмата „МАРДОН„ врши превоз на ученици. Она што можеби Груевски не го знае, ама еве сега од овде дознава е дека превозот на ученици е одлично покритие за дистрибуција на дрога. Доказ дека Никола Груевски сето ова го знае е фактот дека МВР и Гордана Јанкуловска ги имаат сите докази во посед, ама не реагираат оти би ја исекле гранката на која седат. Едноставно, не смеат да помислат на истрага подалеку од криминалот со нафта на „Алма Комерц„, иако и тука се лимитирани на префрлување на сета вина на возачите и доброволецот Љупчо Темов Ѓмата.

Најголемото проклетство на Никола Груевски денес не се веќе доказите против него за „Ескпорт Импорт банка„ или „Хеленик Петролеум„. Свесен е дека е НАРКО КОКА ПРЕМИЕР. Затоа Никола Груевски денес не може да излезе јавно и да каже дека не знаел со што се занимава неговиот бивш телохранител Тоше Зафиров Качакот. Не може да се соочи со империјата на Братучедот Сашо Мијалков. Запознаен е Груевски до детали. Барем јас такви информации имам. Груевски е прецизно информиран дека Зафиров преку „МАРДОН„ ДООЕЛ поседува два автобуси и минибус „Мерцедес спринтер„. Груевски знае дека Тоше Зафиров во периодот кога му бил телохранител во Белград демолирал едно ауди и веднаш купил ново, вредно 47.000 евра. Заради плаќањето во кеш добил попуст и го платил 43.000 евра. И со него доаѓал на работа, да обезбедува премиер. Сметката на „МАРДОН„ ДООЕЛ за цело вре3ме е во поранешна „ИК Банка„ (при директорот Панче), денешна „ХАЛКБАНКА„. Па слеп да беше Груевски, немаше да го види скапоценото „Ауди„ на Качакот, ама ќе му кажеа неговите најблиски соработници или Панче ќе му пратеше смс порака. Мартин Протоѓер ќе видеше, на пример. Нели така!?

Да завршам. Се ќе беше во ред ако Братучедот Мијалков не тргна да му го дотерува умот на Ѓаволот! Финалето на драмата во Шутка треба да се случи ден пред или на 17. 12. (во понеделник!). Адвокатот на Ѓаволот, Ана Камчева и сопругот Орце имаат ѓаволски тешка задача до крајот на викендот: да го убедат Мијалков да се сложи на пуштање на Ѓаволот од притвор, да го убедат Груевски да се прави „На Тошо„, и да си блада со Ставревски за Буџетот, да ги убедат возачите да се согласат као Ѓмата на натамошен подолг притвор и потоа затвор, да најдат кооперативни судии кои оваа циркусијада ќе ја одиграат кловновски до крај, со пресуди кои ќе бидат колку толку издржани и нема да бидат предмет на „шала комика„, да го убедат обвинителот Љупчо Шврговски да не излегува од кладилница и да не се меша во работата за која е платен од Буџетот, да ги убедат медиумите да не објавуваат ништо за сето ова (со исклучок на Буревесник, нели така!?) и на крај да убедат уште еден човек кој засега им ги прави најголемите проблеми… За него и проблемите кои ги прави, малку повеќе детали по разврската во понеделник. Од оние кои во меѓувреме се убедени да молчат и да не се мешаат ги имаме: замолчената опозиција која ординира лево и десно по фирмите на Камчев, тука се и замолчените Гордана Јанкуловска и идниот дипломат во обид др Љупчо Тодоровски Радник, но и господата од амбасадата на Германија (Ало Франкфурт, нели така!?), како и господата од Обединетото Кралство Велика Британија Sir Andrew Feldman & Sir David Cameron.

Со таква силна меѓународна поддршка на организираниот криминал и со вака замолчена опозиција, Фамилијата Груевски & Мијалкови ќе повладее уште некое време. Додека не се испотепаат меѓу себе. Оти сами по себе се најголемата опасност.

НАПОМЕНА: Гордана и Иво знаат дека знам дека знаат дека знам… но ќе почекам уште некое време, додека ЕУ и САД не покажат иницијатива дека на Фамилијата и дошол крајот, нели така!?

Марена, село на криминални легенди…

Селото Марена е познато на македонската јавност уште од средината на седумдесетите години од минатиот век. Тогаш петмина селани од Марена извршиле грабеж на филијалата на Народна банка во Кавадарци. Грабежот го извршиле така што влегле во банката преку подрумските простории, при влез користеле автодигалка, го пробиле таванот од просторијата каде бил сместен сефот на банката. Не можеле да го отворат па го натовариле тешкиот метален сеф и го однеле од банката. Подоцна го отвориле и украле неколку милиони тогашни динари. По кратко време се откриени, уапсени и приведени од тогашната некорумпирана МИЛИЦИЈА. А тогашното некорумпирано судство ги осудило на повеќегодишни затворски казни. По одлежани по десет години затвор, пуштени се и денес уживаат висок углед на живи криминални легенди, кои имале несреќа да се занимаваат со тежок вид криминал во погрешно време. Нивната историја е само најава за идните генерации дојдени по нив, недопирливото семејство Камчеви и дури скоро малку допрениот Пецов Јуниор, со родители кои вкусиле притвор во самостојна Македонија…

  • Креирано на: 14.12.2012
  • Прегледано: 224.002

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.