Доста Димовска е нарачател на убиството на Тушевски и Јанев

Ниту 11 години по ликвидацијата на Марјан Тушевски и Кире Јанев, не стивнуваат бранувањата, префрлувањата вина, обвинувањата на „осомничени“ и „сигурни егзекутори“.
Напротив, со приватно-политичка одлука за одмазда врз Љубе Бошкоски, Фамилијата на власт во Македонија, водена од Мијалков & Груевски дефинитивно реши да ја пресече гранката на која седи…

Љубе Бошкоски навистина има вина и навистина за своето однесување и поведение треба да биде санкциониран.

Виновен е затоа што во погрешен дел од неговиот живот бил министер на полиција на погрешна партија која ниту тогаш (1998.-2002.) ниту денес не личи на онаа од предкампањите, додека се борела за власт. Виновен е што и кога станал директор на полицијата и кога станал министер подоцна (мај 2001.) бил колега со погрешни луѓе, делел добро и зло со злобни и штетни луѓе по демократијата во Република Македонија. Виновен е особено што подоцна кога ја биеше неговата животна битка за слобода во Хаг, им дозволи на неговите денешни џелати да му се доближат и политички да поентираат, да ја бацуваат земјата која ја гази по ослободувањето од обвинението за воено злосторство, само и само затоа што како и сите политички трговци и калкуланти процениле дека тоа им носи политички ем профит ем бенефит. За сето погоре наброено, Љубе Бошкоски е виновен ама не заслужил затвор и изживување, не заслужил да се брише патос со него, виновен е заради лоши политички проценки и лесноверно посегање по понуда од фамилијарен пријател за кеш помош во момент кога тоа е најопасно по неговото здравје, ден после избори по кои е најгласен дека биле наместени и има докази за тоа. За тоа веќе лежи затворска казна од седум години и веќе е доволно измалтретиран со претходно монтиран и контроверзен процес кој неговите џелати ги однесе на историски столб на срамот од кој веќе сега немаат бегање, а по падот од власт сосема сигурно ќе ги однесе в затвор, поточно ќе си ги заменат местата со нивната жртва Бошкоски. Оти, назад веќе нема. Мијалков & Груевски силно заглавија во жив песок и сосема сигурно веќе нема на повидок никој кој ќе им подаде рака со некој „lex specialis” да се извлечат неказнети.

За убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев, случено на 11. Јули 2001. ЉУБЕ БОШКОСКИ не е виновен!

Ниту го нарачал , ниту го подготвувал, ниту го извршил, ниту имал мотив за тоа, ниту имал потреба. Најточно е дека не бил во добри односи со Марјан Тушевски, поради случајот со неговиот шура случен месец дена порано. Ама тоа и не било толку драстичен случај до степен Бошкоски како министер на полиција да даде налог и да изврши егзекуција над Тушевски и Јанев.

Бошкоски не можел и не смеел да изврши таква егзекуција баш затоа што за такви „активности„ немал ниту моќ ниту овластување ниту толку голема власт, два месеци по седнување во жешката министерска фотелја во МВР, во составот на компромисната Влада на тогашната широка и шарена коалиција. Марјан Тушевски и Кире Јанев се ликвидирани по налог на оној што ги создал, им дал сила и им дал моќ, Доста Димовска. Биле следени и прислушувани во периодот пред егзекуцијата и за ова постојат записи и докази во МВР. Љубе Бошкоски станал министер за внатрешни работи два месеци пред убиството на Тушевски и Јанев. Ниту имал време, ниту ресурси на располагање, за толку краток период да испланира такво убиство и да го реализира, а без да добие дозвола од Доста Димовска и Љубчо Георгиевски, формациски и практично две најмоќни фигури во тој момент, „Господари на животот и смртта„ во Македонија во тоа време.

Моите извори од МВР за овој случај ми тврдат дека е отворен во најпогрешно можно време по оние што го отвориле, дека во МВР точно се знае кој го следел и кој го прислушувал Тушевски до моментот на егзекуција, дека требало и можело да биде приведен и притворен, дека воопшто немало потреба од егзекуција. Но, во погрешно време влегол во конфликт со тогаш моќната Доста Димовска и и се спротивставил на неколкукратните барања да престане да ги малтретира и рекетира сопствениците на дуќаните во „ГТЦ„ и „Беверли Хилс„, од кои повеќето биле спонзори на ВМРО ДПМНЕ и секојдневно се жалеле кај неа од Тушевски заканувајќи се дека ќе ја ускратат натамошната финансиска поддршка на нејзината „кауза„. Доста Димовска, иако не била министер на МВР во тој момент, сепак од сенка и натаму раководела со министерството и со Брат Љубе. Под нејзина диригентска палка биле и останале сите полуги и инструменти за следење и прислушување (неа и се случи ГОЛЕМОТО УВО, з.а.). Од таква позиција, единствено таа можела во тој момент да преземе активности за следење и прислушување на Тушевски и да донесе одлука како ќе биде санкциониран. На негова и на несреќа на Кире Јанев, донела одлука да бидат убиени. Таков налог и дала. И во МВР за тоа постојат и докази, а постојат и сведоци.

Од архивираните докази ќе може да се реконструира случајот „Тушевски„ по заминувањето на оваа извршна власт која случајот го отвори на начин да му се одмазди на Љубе Бошкоски, бидејќи е оценето дека седумгодишната затворска казна не е доволна казна за неговата непослушност.
Бидејќи не знаеја како да се извлечат од таа кал, Мијалков & Груевски, дополнително потонаа во жив песок, товарејќи го Бошкоски за давење налог за убиство на Марјан Тушевски и Кире Јанев, нешто што ниту можел, ниту смеел без согласност од Доста Димовска, ниту умеел да го испланира и да го изврши. Доказите архивирани во МВР се доволни да се реконструира случајот и да се докаже дека дека скоро приведениот Александар Василевски Нинџа и неговиот братучед (на прекар Типе!) како скопски деликвенти и „приврзоци„ на Тушевски, импресионирани од неговата моќ и леснотија со која неказнето го следеле во неговите рекет походи низ Скопје, дента биле во кафе бар во скопската населба капиштец. Токму Нинџа и Типе биле задолжени да го „типуваат„ Тушевски за да биде ликвидиран, за да се спасат од затвор подоцна. Задачата си ја извршиле без грешка. Нинџа и Типе биле двајцата неразделни другари и помошници на Тушевски низ Скопје и заради соработката со Доста Димовска во овој случај, биле поштедени и го преживеале нападот и ладнокрвната егзекуција. И биле десет години подоцна недопирливи, се до денес. Оти премногу знаат!

Денес небулозно звучи кога на судењето на Бошкоски се тврди дека во МВР немало обучена екипа за апсење на Марјан Тушевски, дека не биле подготвени за негово неутрализирање и лишување од слобода, дека немале таква наредба. Немале, затоа што не им е дадена. Затоа што е сосема нелогично да следиш криминалец и да го прислушуваш неговиот телефон, да ги имаш на истите мерки и неговите „помошници„ Нинџа и Типе и да не наредиш приведување на Тушевски. Да не наредиш и нивно подоцнежно приведување и процесуирање. Сосема е нелогично што по убиството на Тушевски, неговите „асистенти„ Нинџа и Типе продолжиле слободно да се движат и да израснат до денес во до скоро недопирливи криминалци. Па која полиција во 21. век не е подготвена да уапси двајца свои криминалци!?

Сосема е нелогично на судењето на Бошкоски денес, никој да не потегне отворање на архивата на МВР и да не посака да го реконструира однесувањето на сите учесници во акцијата за следење и прислушување на Тушевски. А не се прави тоа затоа што ќе излезе на виделина повеќекратното јавување на Доста Димовска на Марјан Тушевски и нејзиното инсистирање да се смири и повлече, да престане да и нанесува штета неа лично и на ВМРО ДПМНЕ, да се вразуми оти на власт веќе е широка коалиција која не е под нејзина контрола, дека секој ден прима поплаки за него и неговот поведение и трпи жестоки критики од сопствениците на дуќаните кои ги малтретира и рекетира. Тушевски се оглушил на сите повици на Димовска и во момент кога му се заканила дека ќе преземе подрастични мерки против него, осоколен од сознанието дека таа веќе не е моќната министерка и се заканил лично дека тој против неа ќе преземе мерки. Најдиректно и се заканил на Димовска, што било пресудно да го изгуби животот. По ова уследила нарачката да биде егзекутиран, без апсење, приведување и процесуирање.

Она што Мијалков & Гуревски денес го имаат направено е само ново компликување и дозамрсување на овој тежок случај.
Охрабрени од фактот дека Доста Димовска е покојна и не може да понесе одговорност за нарачката на убиството, случајот „Тушевски„ го вадат од нафталин со намера да му го спакуваат и качат на грб на Љубе Бошкоски. Тоа го прават сосема нетранспарентно и сосема едноснасочно, покрај Бошкоски инволвираат уште 15-тина лица од МВР и од опкружувањето на Бошкоски со кои одамна имале намера лично да се пресметаат, а за директна егзекуција обвинуваат во одсуство српски државјани кои никогаш нема да бидат испорачани да бидат судени, бидејќи никој тоа нема ни да го побара од нивната матична држава. Вистински инволвираните во случајот „Тушевски„ сеуште се на слобода, само што душата им се тресе од преотварањето на случајот, оти знаат дека ќе останат на слобода додека е на власт Фамилијата и дека по нивното заминување ќе мора да се отвори случајот од самиот почеток а не од таму од каде што на Братучедите денес дневно политички им одговара.

Инаку, во периодот пред биде ликвидиран Марјан Тушевски, еден од најмалтретираните бизнисмени од него, заинтересиран за негова егзекуција бил Александар Миленковски од населбата Драчево, сопственик на продавница за автоделови. Бил рекетиран од Аце Боцевски Циганот, кој знаел дека Миленковски е поврзан со српската мафија од тоа време. Увезувал авто делови од Србија и Грција. При еден бизнис престој во Солун, Миленковски бил нападнат од Аце Циганот кој му побарал рекет. Прво платил 10.000 германски марки и мислел дека се спасил. Но подоцна Аце Циганот пак му побарал ама овој одбил да плати. Аце Циганот за да го казни ги ангажирал Марјан Тушевски и Кире Јанев, кои го киднапирале Миленковски и четири дена го држеле врзан за радијатор во некој стан спроти Зоолошката градина во Скопје. Многу го малтретирале, а и му пукале меѓу нозе за да го заплашат. Откако платил го пуштиле, ама решил да им се одмазди. Заради тоа ангажирал платени убијци од Србија, ама бил и на постојана врска со Доста Димовска и постојано инсистирал да му ги симне од врат Тушевски и Јанев.

Димовска му забранила на Миленковски да презема самостојни акции и да и ги препушти Тушевски и Јанев на неа, му рекла дека тие се нејзин проблем. Недолго по нејзиниот разговор со Миленковски, ветувањето го исполнила, го решила неговиот и проблемот на бројни скопски бизнисмени кои вриштеле и пиштеле од Тушевски и Јанев…

  • Kреирано на: 01.12.2012
  • Прегледано: 110.036

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.