По објавеното писмо ОВДЕ, од вработени во Македонска Навигација а. д., за случувањата во оваа институција, поточно за криминогеното однесување на Живко Поповски (татко на министерот за надворешни работи Никола Поповски) и неговиот асистент во разграбувањето на имотот и парите на М-НАВ, Николет Тагарински викан Тута Бугарин – за нивните најнови криминални дострели ни стигнаа и цврсти докази и детални сознанија како бескрупулозно крадат…
Не случајно за Поповски и Тагарински важи описот ГРОБАРИ НА МАКЕДОНСКАТА НАВИГАЦИЈА. Го оправдуваат до последниот час од незаконското извршување на функциите на кои се наоѓаат. Особено таткото на министерот Живко Поповски за кого постои правосилна судска од која доколку ја прочитате јасно ќе видите што му пресудил судот. Живко Поповски е лице со несоодветно образование за да биде раководител на Секторот Техника во Контролaта на летање. За жал денес истиот е и раководител на овој секторот и малку му била таа функција па дополнително е и претседател на Управниот Одбор на Македонската навигација. Фактички НАСИЛНО пали и жари во контролата на летање.
Во прилог имате фактура фактура за транспорт на вработени за еден месец која фирмата ТОТО ДООЕЛ Скопје ја фактурира за превоз на вработените на Македонската Навигација. Износот е 152. 250 денари и ако се подели на бројот на работни денови во месецот (околу 20) се добива 7.600 денари за една тура. За појаснување, ТОТО вози вработени само во 7 часот наутро, а останатите тури си ги вози Контролата на Летање (М-НАВ а. д. Скопје) сама со сопствени возила, а има уште три смени (15, 19 и 23 часот). За превоз е спроведен и тендер во кој имало понуда и за под 4.000 денари по тура што значи дека договорената сума со ТОТО ДООЕЛ е двојно поголема од таа, НО НЕКОЈ ГО ПОНИШТИЛ ТЕНДЕРОТ, а секој веднаш нека си претпостави ЗОШТО!? Скоро 4 години се спроведува вакво исцицување на пари. Прво беило со Смира Транс, денес на сцена ТОТО.
Државниот завод за ревизија во финалниот извештајот кој го презентирам во прилог, ја констатира неправилноста околу транспортните трошоци, особено ако се земе и фактот дека М-НАВ (контролата на летање ) има сопствен автобус (АВТОБУС КОЈ НЕКОЈ 3 ГОДИНИ ГО ДРЖЕЛ РАСИПАН НА НЕКОЈ ПЛАЦ ВО СКОПЈЕ и тенденциозно не го поправал), а при тоа има и вработени возачи за да го возат истиот автобусот, СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ КОМУ ОВАА СИТУАЦИЈА МУ ОДГОВАРА, ситуација со која се исцицуваат средства од фирмата.
ИРОНИЈАТА ЗА ДА БИДЕ ПОГОЛЕМА, под притисок на ревизорските извештаи, синдикатите и одредени вработени кои сеуште се храбри критички да го искажат својот став кон она што го гледаат а дефинитивно гледаат класичен КРИМИНАЛ, Управниот одбор одлучил да го поправи автобусот. За да не биде напамет пишувам во прилог ја имате копијата од бирото за јавни набавки за да видите колку чини поправката. Живко Поповски и Николет Тагарински платиле САМО 8. 388. 400 денари или 136. 400 еур. Со толку пари таман може да се купи НОВ автобус, а таткото на министерот плаќал „сервисирање„ т. е. „поправка„.
Ако добро ја разгледате набавката се гледа дека се јавил само еден понудувач и ја дал таа цена иако Управниот одбор првично определил дека поправката ќе чини 3. 000. 000 денари, ама Поповски и Тагарински гладни за пари ја прифатиле понудата од над 8 милиони денари. Шлагот на тортата е во тоа што Тагарински случајно од Аутомакедонија (фирмата со која е склучена оваа набавка од 136. 400 еур) има земено CHEVROLET Captiva – џип кој му бил „купен„ божем на лизинг. Вусшност на овој начин Тагарински се ВГРАДИЛ. И сега нека истражуваат малку инспекторите за финансиски криминал и перење пари дали оваа набавка е исправна или не е!? А не да апсат луге за проневери од 1000 еур.
Сега уште малку околу превозот. Ако го читате Ревизорскиот Извештај ќе приметите дека за транспорт за 2011. година се потрошени 19. 853. 000 денари (322. 900 еур) т. е. приближно 900 еур дневно. КАДЕ И НА ШТО СЕ ПОТРОШЕНИ овие пари!? Тоа се 55.000 денари на ден??? Доколку сега помножите со 4 години ќе добиете цифра од 1. 300. 000 еур потрошени пари само за транспорт.
УШТЕ ПОВЕЌЕ е потрошено за сервисирањето на возилата. Значи, покрај 8. 388. 400 денари што се дадени за „поправка„ на автобусот, отворени се уште 4 „набавки„ кои таткото на министеро Никола, Живко Поповски, нагалено си ги вика ДОГОВОРИ и на сите си напишал „сервисирање на моторни возила„. Тоа му е шифра за КРАДЕЊЕ! ДОКОЛКУ СЕ СОБЕРЕ СУМАТА НА СИТЕ ЌЕ СЕ ДОБИЕ износ од 21. 106. 000 денари т. е. сума од околу 350. 000 еур платени за „сервисирање„ на еден автобус и 10 коли колку што има контролата на летање. Е сега паметен човек ќе застане ќе размисли и ќе праша зошто да сервисираме возила за толку пари кога може да купиме нови со 5 години гаранција!?
Ама ако бидат купени нови, ќе нема начин Поповски и Тагариснки најдиректно да крадат. Затоа вработените ги викаат ГРОБАРИ НА МАКЕДОНСКАТА НАВИГАЦИЈА. Сето ова го знае цела Влада, го знае Груевски, го знае Мијалков, го знае Јанкуловска. Знаат и куририте во Влада. И никому ништо. Така е наредено да се „вози„ во М-Нав така и „возат„ ГРОБАРИТЕ! Во овој момент сум сосема сигурен дека додека МВР ДПМНЕ е на власт ни за овој случај нема да се поведе постапка и дека таткото на министерот Никола Поповски ќе продолжи да краде непречено…
Инаку, после „успешната„ поправка на стариот автобус во контролата на летање која се случила околу 10. јули о. г. почнала М-НАВ со сопствен автобус да си ги превезува вработените, ша на возачите кои се вработени заради тоа малку им олеснило бидејќи можело да ги загубат работните места поради речиси извесното доделување на на превозот на надворешна компанија. Со тоа навидум се средени некои работи, арно ама дошло до САБОТАЖА! Како што пишува Живко Поповски во пријавата на полицијата, некаде помеѓу 16. и 24. јули 2013 година некој намерно ставил СОЛ во резервоарот за масло во АВТОБУСОТ (оној што бил се поправан за 136. 400 еур т. е. 8. 388. 400 денари во АУТОМАКЕДОНИЈА). Ајде погодете од трипати КОЈ го направил „СОЛЦА„ автобусот на М-НАВ!?
Ве оставам сами да си размислите кому највеќе му одговарало да заринка автобусот и кој има најголем профит од „посолувањето„!? Дали тие што избивале пари за транспорт преку скапиот ТОТО или поправката во Аутомакедонија или и двата случаи комбинирано!? Живко Поповски не мора да размислува, тој знае кој сипал сол во резервоарот и од кои причини. Затоа полицијата воопшто и не врши истрага, знаат што и кого ќе откријат.
За да не настрада таткото на Никола Поповски, а и тој самиот потоа, полицијата не гиистражува во М-НАВ ниту останатите набавки. На пример огромните износи кои Живко и Николет ги трошат за набавки на опрема. Погледнете ја првата набавка од 15. 325. 000 денари. Набавка која ја изрежирал Тагарински! Тоа го одиграл што во тендерската документација ги „наштелувал„ условите така што да не може да учествува ниту една друга компанија во светот освен COMSOFT од Германија. Режијата е направена после две средби во Скопје (првата со директорот на COMSOFT, а втората со инженерите на COMSOFT, останатите во Германија се непознати). Условите ги „наштелувал„ така што наместо да се купи опремата за 50 до 70. 000 еур комплет, истата ја „плафонирал„ на 250. 000 еур. По системот ИМА СЕ МОЖЕ СЕ! Управниот одбор само неколку дена пред набавката ја зголемил сумата на пари која требало да биде потрошена за оваа набавка, па од 150. 000 еур е качена на 250. 000 еур и на крај единствениот понудувач понудил баш 250. 000 еур. Се разбира дека Тагарински и Поповски на понудувачите им објасниле дека Македонија е село без кучиња и дека НЕМА државен истражен орган кој смее да припари во М-НАВ да праша зошто таму толку многу бескрупулозно се краде…
Последна за опис ми е набавката од 19. 000. 000 еур, исто така однапред договорена со еден понудувач. Набавка е силно компромитирана бидејќи се работи за сервисна гаранција на радар, меѓутоа во сервисната гаранција не влегуваат деловите кои реално се расипуваат (лежиште, мотори, ламели, лагери, менувач, итн, туку досетливо се гарантира за штампаните плочи на електрониката – работи кои не вредат да се даде толку пари за сервисна гаранција). Ова го потенцирам бидејќи е исто како и кај автомобилите. Иако за тие пари кои ги дава М-НАВ за оваа набавка се купува комплет нов радар со гаранција од 3 години или повеќе, сепак Поповски и Тагарински ја играат оваа варијанта, поради нивно лично „вградување„.
Иако нема никаква логика да се даваат пари за сервисна гаранција за стар радар и плус во таа гаранција не влегуваат делови кои реално се расипуваат. Пазарот на радарски системи во светот има во моментов доста конкуренција и цените се неколкупати намалени во однос на цените кои биле пред 5 или повеќе години. Се откриваат нови технологии кои се поевтини за инсталирање и монтирање, итн. Ама, на ГРОБАРИТЕ највеќе им одговара да „сработуваат„ вака, со гробарска ЛОПАТА!!!
И за крај. М-НАВ а. д. Скопје во моментов е без НАДЗОРЕН Одбор, поточно никој фактички и не го контролира Управниот Одбор, а на Живко Поповски му е истечен мандатот како Претседател на Управниот Одбор. Ама Живко и понатаму потпишува се и сешто „лут без жал„, како и да не му е истечен мандатот, а некој ја користи целата ситуација и спроведува само набавки, набавки, набавки и дефинитивно непотребни набавки. Потребните набавки М-НАВ според непишано правило воведено од ГРОБАРИТЕ ги плаќа петкратно поскапо, поради нивното „вградување„…
Дотогаш, сопственикот на компанијата (Владата на РМ) седи на Илинденска бб и намерно НЕМО набљудува.
- Креирано на: 23.09.2013
- Прегледано: 114.562