Непријатно е кога се гледаат доказите за начинот на кој бившата кардиохируршка болница ,,Филип Втори,,, a денешен кардиохируршки медицински шопинг мол ,,Клиника Жан Митрев,,, лаже и манипулира на основен, па на апелационен суд, за да скрие очигледна грешка која пациентот Шаип Шукри Јашари го чини несносна болка осма година по ред. Непријатно е и нелагодно да се чита нешто за што мали деца од прва прават јасна разлика што е што, а судии, вештаци и доктори се прават абнормални, слепи при очи и недоветни и читаат НАОПАКУ!
По првиот текст од оваа серија, посветена на јавното разобличување на менаџерот Жан Митрев со изграден лажен јавен имиџ на врвен кардиохирург и спасител кој своите пациенти по секоја успешна операција ги држи за рака пред камера или фотоапарат (сеедно!), бев јавно нападнат од бранители на докторот/менаџер, фрапирани од мојата ,,бескрупулозност,, и непознавање на ликот и делото на нивниот херој и модерен јунак. Да бидеме јасни: да сум на местото на Жан и јас би ги држел за рака успешно оперираните од страна на најмени врвни кардиохирурзи дојдени од странство да оперираат за кеш. На снимените среќни лица на оние што ја прескокнале дупката и преживеале, и на фалбите на нивни блиски, макар што услугата врвно и максимално ја платиле од свој џеб лесно се гради блескав јавен имиџ. Проблем со докторот/менаџер Жан е што од моментот кога се врати од Германија за да ни гради/инсталира кардиохирургија под покровителство на битанги како Никола Кљусев, Љубчо Георгиевски и криминалецот Војо Михајловски со наши пари а за свој џеб, никогаш никаде и никому не поднесе извештај: каде се десетината до 15 милиони евра да си направи болница која ене ја снема, потона во некое мочуриште и изникна приватна кардиохируршка клиника, споменик на лудоста, под назив ,,Клиника Жан Митрев,,. Дури да бил блесав и луциден па да ја именувал, на пример ,,Зоран Буревесник Божиновски,,, јас денес пак би го прашал: Батали докторе/менаџере несолени шеги и кажи ни каде се народните милиони за Филип Втори, каде исчезна субјектот и уште поважно, колку е ниска/висока смртноста на твојата бивша болница a денешна клиника? Зошто никој никогаш не ја виде оваа статистика? И како успеа да станеш медиумски и политички недопирлив во меѓувреме?
Ама, одговор на овие прашања нема и нема да има, се додека лажниот мит за лажната величина на докторот не биде демитологизиран и додека она што таму се случува не е нормално и не е здраво, ако не е и нездраво. А нездраво е да биде рутински опериран ШАИП ШУКРИ ЈАШАРИ, да доживее траума со која живее осум години, да биде отпуштен со лажно сочинета отпусна листа на која пишува дека e отпуштен со уредна дијагноза, непријатно е оштетениот ПАЦИЕНТ БРОЈ 51967 ШАИП ШУКРИ ЈАШАРИ РОДЕН ВО СКОПЈЕ НА 19.01.1960 ГОДИНА потоа да ги помине сите регионални и неколку европски клиники и да добие секаде наод дека болката што ја трпи навистина ја трпи и непријатно е потоа да ја тужи болницата ,,Филип Втори,, за надомест на штета, а болницата т. е. докторот/менаџер осилен од спрегата со власта на Никола Груевски, да си нарача одбрана од сурија судии (првостепени и апелациони) и да ја добие врз основа на подметнати наоди од ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ БРОЈ 64499 ШАИП ЈАШАРИ РОДЕН ВО АРАЧИНОВО НА 13. 09. 1953 ГОДИНА. Да појаснам: за да избегне ем да надомести штета за грешка настаната во неговиот ,,дворец,, ем да спречи признавање на истата во неговата болница/клиника, докторот/менаџер Жан со асистенција од неговите адвокати, со помош од построени и корумпирани судии и со помош од лекари специјалисти вработени кај него, на суд го добива нарачаното решение/пресуда во негова полза. Добива пресуда дека оштетениот ПАЦИЕНТ БРОЈ 51967 ШАИП ШУКРИ ЈАШАРИ РОДЕН ВО СКОПЈЕ НА 19.01.1960 ГОДИНА не е во право и дека не е должен да му исплати надомест. Добива во прв степен, па добива задоволување и повисоко од апелационен суд Скопје. Се чека сега (година и пол и повеќе!) Врховниот суд да пресуди дали ќе ги прифати како мериторни/валидни доказите дека ПАЦИЕНТ БРОЈ 51967 ШАИП ШУКРИ ЈАШАРИ РОДЕН ВО СКОПЈЕ НА 19. 01. 1960 ГОДИНА болувал од болестите на починатиот ПАЦИЕНТ БРОЈ 64499 ШАИП ЈАШАРИ РОДЕН ВО АРАЧИНОВО НА 13. 09. 1953 ГОДИНА. Се чека потврда од највисокиот суд во Република Македонија дека починатиот ШАИП ЈАШАРИ си заминал од овој свет а во наследство на овој свет на својот имењак и презимењак ШАИП ШУКРИ ЈАШАРИ, иако не го запознал никогаш, му го оставил својот здравствен картон и сите дијагнози на кои се повикува докторот/менаџер Жан на суд. Оти така му одговара, а доволно бил моќен да ги натера во лажирање и глупирање и своите колеги доктори и судиите се до Врховен суд. Го имал и Груевски на својата страна. Мало ли је?
За да ви биде малку појасно што всушност е направено, пред подлабоко да влеземе во оваа криминална сторија, со пикантни детали од клиничкиот шопинг центар Др Жан Митрев (следниот пат!), за оваа прилика погледајте ги само заглавијата на медицинската документација и промислете т. е. проектирајте си во вашите глави што овде всушност е ,,сработено,, од страна на СВАРОВСКИ ,,суСтвото,,. Споредете веднаш, сега и овде датуми, броеви на двата пациенти, сведочења од доктори на судски рочишта и од оштетениот, па пробајте да разберете кој е навистина оштетениот жив и непензиониран ПАЦИЕНТ БРОЈ 51967 ШАИП ШУКРИ ЈАШАРИ РОДЕН ВО СКОПЈЕ НА 19.01.1960 ГОДИНА, а кој е починатиот пензионер ПАЦИЕНТ БРОЈ 64499 ШАИП ЈАШАРИ РОДЕН ВО АРАЧИНОВО НА 13.09. 1953 ГОДИНА? Починатиот ШАИП ЈАШАРИ ќе мора да сведочи, иако тоа е неизводливо, откако Врховен суд ќе го врати предметот на повторно разгледување пред првостепениот суд кој не констатирал дека е мртов. Или и врховните судии ќе се изглупираат со потврдување на двете пресуди од основен и апелационен суд, па ќе мора работава да оди пред судот во Стразбур.
А таму, се знае, ќе биде БРУКА!
[widgetkit id=9]