Гостување на Зоран Буревесник Божиновски, ТВ СТАР, Штип. Водител Тони Михаилов, 30. 11. 2017 година
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Емисија ,,Што мисли народот?,,, ТВ СТАР, Штип. Емисијата ја посветувам на мојот починат татко и колега СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ, новинар и страствен шахист и рибар. Професионалната кариера му помина во Наш Весник, Радио Куманово, Вечерње Новости и Утрински весник. Новинар е од 1968 година, претходно учителствувал во с. Шопско Рударе. Роден е 1942 година, во с. Довезенце, кумановско. Од него го ,,крадев,, занаетот иако доооооолги години ме предомислуваше и ,,бркаше,, од оваа горчлива професија. Некаде пред крај на неговата кариера едвај ми призна дека сум го надминал, иако нерадо. Умре и не дочека да бидам ослободен од тешките обвиненија кои ми ги натовари ,,Сваровски судството,,. Ги носеше и како свој товар…
Животот режираше додека сум во студиото на ТВ СТАР тој да се бори за живот на една од скопските клиники, по тешко боледување кое траеше неколку месеци. По завршување на емисијата ми беше јавено дека починал. Погребот ќе биде извршен утре (сабота), на 02. декември 2017, на градските гробишта во Куманово…
Нека му е вечна слава и фала
Емисијата можете да ја погледате тука Што мисли народот?