Утре почнува од почеток судскиот процес против клиника ,,Филип Втори,, по тужба од пациентот Шаип Јашари…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Поранешната кардиохируршка клиника ,,Филип Втори,,, создадена со народни пари, мистериозно исчезна како правно лице, а се роди уште помистериозно клиниката ,,Жан Митрев,,. Исчезнатата, заедно со околу 15 милиони евра е инволвирана во судски скандал против пациентот Шаип Јашари од Скопје. Во неколку наврати пишував на оваа тема, особено за судските скандали на основен суд Скопје 2 и на Апелациониот суд Скопје, кои и покрај бројни докази во корист на Шаип Јашари, за да му погодува и угоди на др Жан Митрев носеа пресуди во негова корист. Но, по барање за ревизија на Јашари, неодамна Врховен суд ги укина пресудите и наложи предметот да се врати на почеток да се постапува во прв степен. Жан Митрев од утре (петок, 22. 12. 2017) на своја страна веќе нема да ги има судиите во судовите кои лесно и со фалсификување на докази и документација, со лажни сведочења пресудуваа во негова корист. Судењето ќе го следам од почеток и будно ќе следам што се случува.
На повтореното судење според решението на врховен суд записникот од 13. 12. 2012 година судот нема да ги земе во предвид сведочењето др Лилјана Илиевска и сведокот др Татјана Анѓушева, а се однесува на злоупотреба на здравствена документација на мртов пациент Шаип Јашари роден на 13. 09. 1953 година. Од записникот од 27. 09. 2012 е видно дека др Шпенд Идризи е опоменат за давање на лажен исказ, ама не му е гајле па дава баш лажен исказ. Како кардиолог на судот му објаснува невролошки болки, микс од болки на живиот и мртвиот Шаип Јашари, на моменти немајќи поим кој е кој. Др Шпенд Идризи лажниот исказ го дава од констатацијата на др Лилјана Илиевска. Во истиот записник др Тања Анѓушева која исто така е опомената за последици од давање лажен исказ, самоубиствено дава баш лажен исказ. Оти, др Жан Митрев мора да биде одбранет, без разлика какви средства мора да бидат употребени. Таа ги наведува проблемите, снимките и болките на мртвиот Шаип Јашари, а на судот му ги претставува како да се на живиот Шаип Јашари. Др Анѓушева во лажната изјава тврди дека СПОНДИЛОЗНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ШАИП ГИ ИМА КОНСТАТИРАНО др ЛИЛЈАНА ИЛИЕВСКА И ПОРАДИ ТОА ШАИП БИЛ ПЕНЗИОНИРАН? Можеби е точно за мртвиот Шаип, ама овој живиот што тужи и бара правда уште не е во пензија. И не е од Арачиново туку е од Скопје.
Секој нормален кој сака да сфати ќе сфати дека во лажната изјава др Тања Aнѓушева прави микс од сите дијагнози на мртвиот Шаип Јашари и живиот Шаип Јашари, но не тоа не го прави и судијката Кети Германова која носи пресуда по секоја цена во орист на клиника ,,Филип Втори,, тогаш, денешна ,,Клиника Жан Митрев,, којзнае како трансформирана. Видно од записник од 19. 11. 2012 година проф. др Лилјана Илиевска иако е опомената за последици од давање лажен исказ, тврдогалво се определува да даде баш лажен исказ. Професор др Илиевска не само што до судот доставила извештај од мртвиот пациент Шаип Јашари, туку на судот му раскажала приказна која нема никаква логика затоа што документи и дијагнози од две различни личности со исто име и презиме ги претставила како да се исклучиво од живиот Шаип Јашари, само да му погодува на др Жан Митрев по секоја цена да победи на суд. Пример: На 09. 08. 2010 година бил прегледот на живиот Шаип Јашари, а на 14. 03. 2011 год. бил прегледот на мртвиот Шаип Јашари. Резултатите од двата прегледа се искористени за правење МИКС дијагноза на живиот Шаип Јашари, со тенденција да му се наштети на суд. Во изјавата др Илиевска мртва ладна кажува дека во ,,Филип Втори,, работи од мај 2010 година. Не ни била присутна на работа кога тужителот Шаип Јашари бил хиоспитализиран на клиниката. Судијката Кети Германова нејзиниот исказ го прифаќа како веродостоен, па испаѓа дека не го знае редоследот на месеците!? Како може докторката Илиевска да изврши преглед во март ако е вработена во мај истата година!? Според судска пресуда донесена и потпишана од Германова – МОЖЕ! Нели во македонското правосудство видовме дека се е можно. Еве, можно е…
Не само за себе, туку др Илиевска ги лажела и колегите др Aнѓушева и др Идризи, а тие импресионирани од фактот дека лагата поминува во овој суд и дека така му помагаат на големиот Жан, ладно лажат на суд без око да им трепне. Така учеле на факултет. Да лажат! Сето ова би било смешно ако судијката Германова не ги прифатеше нивните лаги и конструкции како круцијални докази за донесување пресуда. Тоа што истиот суд донел одлука на ден 13. 12. 2012 година дека нема да ги земе во предвид во доказна постапка, ниту пак ќе бидат предмет на разгледување, нема никакво влијание. Пресудено во корист на ,,Филип Втори,, а на штета на живиот Шаип Јашари со помош од податоци од картонот на мртвиот пациент Шаип Јашари. Судијката Кети Германова во конкретниот случај оди против одлуката која ја има донесено судот и лажните сведочења од тројцата доктори ги користи за да донесе конечна пресуда утврдувајќи дека Шаип Јашари и при приемот се жалел на болки во десната рака. Судијката Кети Германова вешто избегнува да наведе дека изјавата на др Тања Анѓушева, врз основа на која судот утврдил дека Шаип при приемот се жалел на болки во десната рака ја констатирала нејзината колешка др Илиевска која воопшто не била вработена во ,,Филип Втори,, кога Шаип Јашари бил примен. Болна конструкција. Др Илиевска ќе биде вработена во ,,Филип Втори,, после два месеца. Не знам дали ова добро го разбравте, ама знам дека судијката Кети Германов намерно погрешно го сфатила а на штета на тужителот Јашари, во корист на др Жан Митрев секако. Било курентно тогаш!
Горенаведената изјава на др Анѓушева, целосно се однесува на мртвиот Шаип Јашари, а судијката Кети Германова ,,вешто,, (а ептен прозирно) лагите ги претвара во исклучиво своја вистина и утврдува дека др Aнѓuшева кажув вистина и дека Шаип навистина се жалел на болки претходно утврдено од др Илиевска на прием на Шаип Јашари, кога таа воопшто не била вработена и истата ќе се вработи два месеци подоцна во месец мај. Следи конструкцијата која ја прави судијката Кети Германова врз основа на исказот на др Анѓушева:
Пресуда од 06. 11. 2014 година:
Оригиналната изјава од записникот од 27. 09. 2012 година исклучиво се однесува на мртвиот Шаип Јашари а судијката Кети Германова, за да го заштити криминалот и лажното сведочење на докторите од ,,Филип Втори,, си прави конструкција која нема никаква правна основа, но за неа претставува круцијален доказ врз основа на кој донесува пресуда во корист на гнасните лаги и конструкции од страна на ,,Филип Втори,,. Тие МОРА да победат на суд! Неверојатно, но иако судијката Кети Германова утврдила дека болките кај Шаип Јашари постоеле пред да се направи било каква интервенција во ,,Филип Втори,,, додека ја пишува пресудата (на страна 10) одеднаш и текнало дека болките кои ги чувствува настанале многу подоцна затоа што Шаип за болките што ги чувствувал се обраќал и во други установи, како во земјата така и во странство.
На страна 10 од пресудата истата судијка утврдила дека болките кај Шаип се настанати пред интервенцијата (март 2010), а веќе на следната страна од пресудата истата судијка цени дека се работи за состојба која настанала многу подоцна (2012???).
Стр. 11 од пресуда од 06. 11. 2014:
Колку ли судијката Кети Германова треба да биде корумпирана за да глуми елементарно незнаење при што носи идиотска пресуда полна со вакви контрадикторности и идиотски заклучоци. Кај Шаип Јашари како пациент од мај 2010 година па се до денешен ден, 2017 година има дијагностицирано две дијагнози:
- ЦРПС – Complex Regional Pain Syndrom и
- Oклузија на радијалната артерија.
Овие дијагнози се потврдени во специјализирани институции во Грција, Турција, Србија, Хрватска, Словенија, Данска, Германија и сите поголеми приватни и државни здравствени установи во Македонија. И во ,,Филип Втори,, веднаш по интервенцијата Шаип се жалел на болки и му се препишувани лекови за истите (што е запишано во записите од ,,Филип Втори,, за интервенистичките прегледи), и во истата 2010 година заради истите болки извршил прегледи кај повеќе доктори од различна бранша барајќи ја причината за настанатата неиздржлива болка. Според Кети Германова, Шаип прво тужел и цели две години чекал да се појават болките (ЦПРС). Некој да каже дека таа болка настанала многу подоцна, во 2012 година, треба да е или тешко ретардиран, или тешко корумпиран. Најверојатно се работи за тешка корупција затоа што и Апелациониот суд, т. е. судијката Станка Зафировска ја потврдила пресудата од Кети Германова. Круна на со глупост прикриената корупција претставува одбивањето на мислењето на институтот за судска медицина.
До институтот за судска медицина судот испратил документација со барање институтот да даде мислење. Освен писмено мислење во кое истакнале дека сите проблеми кај Шаип се јавуваат по интервенцијата во ,,Филип Втори,,, судските вештаци др Верица Поповска и др Златко Јаќовски одговарале и на сите прашања од полномошникот на ,,Филип Втори,,, побивајќи ја лажната конструкција дека Шаип ги имал болките пред интервенцијата. Судијката Кети Германова се надминала себе и писменото мислење од институтот за судска медицина го одбила затоа што: мислењето било донесено врз основа на документацијата која судот ја доставил за вештачење до институтот за судска медицина? Всушност, така нарачал др Жан Митрев за да ја покрие грешката на неговата клиника кон пациентот Јашари, а Кети Германова нарачката ја спроивела.
Дали слободното судијско убедуваwе му дава право на судијата да биде ретардиран и глуп и како таков да пишува пресуда? Да, ако е во прашање академикот Жан Митрев. Тој сакајќи да се претстави во светло на голем хуманист ги натерал своите вработени бескруполозно да лажат и да прават гнасни конструкции во кои никој нормален освен судии како Кети Германова и Станка Зафировска можат да поверуваат и да донесат пресуда за да ја задоволат неговата болна суета. Колкав ли е (не)моралот на судијката Кети Германова која без никакво чувство на човечност ја казнила веке доживотно казнетата жртва од ,,Филип Втори,,. Судијката Кети Германова спротивно на правните и морални норми, спротивно на законот, а со цел да му помогне на криминалецот Жан Митрев да ги сокрие лагите и фалсификатите продуцирани на неговата клиника, носи срамна и неморална пресуда од која ако не таа самата ќе се срамат нејзините поколенија.
Колкав е моралот и хуманоста на академикот се потврдува и со следното: освен што ги натерал докторите Идризи, Aнѓушева и Илиевска да лажат за него, академикот го натера и четвртиот доктор да фалсификува компјутерска томографија. Против докторот веќе е поднесена кривична пријава во ОЈО, за што може да добие затвор од 1 до 10 години. Повеќе за ова во следното продолжение како и за феноменалното лажно сведочење на др Менка Лазаревска поради кое Хипократ би се сокрил и би го изел пергаментот на кој ја напишал заклетвата.