Телекомски ,,Еко циркон,,

Разграбувањето на имотот на граѓаните во ТЕЛЕКОМ (ги лажат обичните смртници дека се сопственици), во режија на коалицијата ВЛАДА & ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, продолжува со несмалена жестина. Во игра се и реставрирани дрвени палети, некогаш отпадни, денес модерни за склопување деловен мебел и ,,перење пари,,…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Според мојот извор, актуелниот извршен директор во ТЕЛЕКОМ, Горан Трајановски (СДСМ кадар) имал проблем со сместување во соодветен кабинет, со сите тертипи, адекватен на неговата месечна плата од цца 7.500 евра. Дури трипати Трајановски вршел темелно реновирање на неговиот кабинет и за тоа трошел во просек по 50.000 евра, што на крај даночните обврзници и акционерите на Дојче Телеком ги чинело вкупно 150.000 евра. Среќа па од третпат се нашло решение по вкус на Трајановски, та не морало уште 50.000 евра да бидат потрошени. Инаку, последна занимација на Трајановски е возобновување на мебелот во ТЕЛЕКОМ. Се изнесува стар мебел, доста очуван, а се внесува мебел конструиран на база на дрвени палети, модерно викан ЕКО ЦИРКОН. Ете, од Трајановски научивме нова мебелска мода. Се разбира дека оваа нова мебелска мода чини многооооогу пари и се разбира дека фактурите жестоко се надуени, оти нововлезениот кадар на СДСМ и Шарените гладувал 11 години, логично е да биде добро ,,нахранет,, (на насловната фотографија лево е Горан Трајановски, десно е шарениот Замир Мемети). Ова ПАЛЕТНО ЕКО ЦИРКОНСКО опремување на ТЕЛЕКОМ, вработените си го викаат ,,Пералната на Горан,,…

Но, тоа се малите пари, ние да се насочиме на ГОЛЕМИТЕ, на милионите во евра. Прв понов криминален проект е давање на Изведбено техничка документација на надворешни фирми. Поимот ИЗТД е документ за вистинската положба или траса на кабелот во земја, во каблова канализација која води до претплатникота, а која се разликува од проектната документација бидејќи никогаш изведеното и проектираното не се поклопуваат. По закон мора да се поклопуваат, ама кој ферма закон во РМ!?. Распишан е тендер уште во 2014 година од страна на ТЕЛЕКОМ во кој главна улога имаат Лазар Динов, Николче Тасевски и Зоран Мурџев. Пред да се распише тендерот, вработените кои ја изработувале ИЗТД во ТЕЛЕКОМ се аутсорсирани (трансферирани и рентирани) кај Жарко Луковски Ериксон, а дел се префрлени во кол центар по наредба на Лазар Динов и Емилија Андонова. Ова е направено за вештачки да се прикаже дека нема човечки ресурси во ТЕЛЕКОМ за да изработуваат ИЗТД па мора да се изработи со надворешна фирма, како ЕКСИКО на Луковски на пример.

Целата работа ја извршува Николче Тасевски кој е десна рака на Ирена Мишева и Лазар Поповски. Тендерот со помош на Николче Тасевски, Зоран Мурџев и Лазар Динов поминал без никаков проблем. Но проблем се појавува кога надворешните изведувачи не знаат да ја направат ИЗТД за потребите на ТЕЛЕКОМ, а треба да им се исплатат огромни пари. Па почнуваат да даваат неквалитетна ИЗТД и одговорното лице почнува да не ги потпишува фактурите на надворешните изведувачи. Тогаш одговорното лице го тргаат физички од проектот, го бркаат од работа со отказ, а потпишувањето на фактурите оди преку Николче Тасевски, Лазар Динов и Зоран Мурџев. Надворешни изведувачи се Жикол, Фибернет, Кабтел и други. Ден денес изработеното е тотално неупотребливо за ТЕЛЕКОМ за користење и обработка, а испрани се милиони евра. Изработено е за да се наплатат многу пари. Најтрагично е тоа што покрај испраните пари, надворешните изведувачи во своите дата бази си ја имаат снимено целата инфраструктура на ТЕЛЕКОМ. Тоа е оној ТЕЛЕКОМ во кој граѓаните се акционери, преку гладните шарени социјадемократи…

Иначе имало и период од година дена, кога техничката документација ја правеле вработени во ТЕЛЕКОМ, наместо надворешната фирма, а се наплаќало од надворешната фирма како таа да ја изработува. Истиот тренд продолжува и денес. ТЕЛЕКОМ работи а надворешни фирми касираат, само се мачат да емитуваат фиктивни фактури за да се исцица кешот од ТЕЛЕКОМ. Инаку погоре именуваните тројца направиле тотален хаос со криминалното работење, продуцирале хаос кој резултира со фактичка состојба во која ТЕЛЕКОМ денес НЕ РАСПОЛАГА располага со точен податок за подземната мрежа. Во нормални и средени земји како Германија ова би било катастрофа од невидени размери, сите учесници во ваков криминал би завршиле долги години во затвор. Ама ова не е катастрофа во Македонија…

Македонија сепак е ,,вукојебина,,…

(наскоро продолжуваме со проектирање, па легализација и нет крекер, после и за продажба и за кол центар, све со имиња и презимиња… бидете тука ако сакате да знаете како ве ограбуваат)

[widgetkit id=30]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.