Посебен криминал во ТЕЛЕКОМ е продажбата на централите која се случува во 2014 година.
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Главни играчи во криминалната продажба се Томчо Георгиев, Мирослав Јовановиќ и нормално главниот оперативен директор Жарко Луковски. Сите Alcatel и EWSD централи се продадени топтан за да се воведе ИМС платформа која се базира само на ИП протокол. Централите според сознанијата на мојот извор од ТЕЛЕКОМ се продадени на фирма од Англија. На нив им се добри, на нас не! Нашле начин со нашите отпишани централи да си завршат квалитетна работа и да заштедат милиони евра кои нам не ни требаат. Нашле начин нивниот систем да си го одржат во добра кондиција. Во книговодството на ТЕЛЕКОМ е прикажано дека централите се продадени далку под нивната вистинска вредност, ама има вработени кои се упатени во оваа трговска зделка кои низ ТЕЛЕКОМ полутивко кажуваат дека имало и плаќање на дел во кеш, кон Жарко Луковски.
За ова се молчи во ТЕЛЕКОМ, претставува нешто како табу тема. По продажбата е купен нов ИМС систем. Претплатниците мигрираат од продадените централи на новата ИМС платформа, но при трансферот огромен број на претплатници не се опфатени, ги промашиле. Ден денес не се опфатени па преминале кај друг оператор. Поради овие промашувања во 2014 година се случувале чести испади на големи реони поради овој нов систем, што за ТЕЛЕКОМ значи милионски девизни загуби. ИМС платформата и денес е нестабилна за работа. Промашувања се направени и со имплементацијата на оптичката мрежа. Искористеноста на оптичката мрежа е далеку од искористеноста на бакарната мрежа.
Поради вештачки произведениот недостаток на стручен кадар, поврзувањето на оптичката мрежа го вршат надворешни фирми: Овернет, Фибернет, Жикол, Телефонмонтажа, Лантел, како најголеми фирми во поделбата на милионите евра. Всушност, најголем акцент при имплементацијата на овој систем е на наплатата милиони евра (веќе пишував за тоа), а помалку се гледа на функционалноста и оперативноста. Одговорен за поставување на оптичките мрежи е повторно Лазар Динов кој ја промашил целата стратегија за оптиката со решавање на неруралните подрачја, а направил хаос во руралните подрачја. За да се дооправдаат парите од неуспешната имплементација на оптиката измислен е многу глупав проект со кој треба воздушно поставените бакарни кабли да се спуштат подземно до претплатник. Имплементацијата на овој проект опфаќала илјадници бандери. Кога ,,завршил,, овој проект било реализирано само 10%, а прикажано е дека е завршен 100%. Поточно платено е кон надворешните фирми во обем од 100% а ефектот е 10%. Важно милионите евра се наплатени, а кој може и кој смее нешто да контролира и да им забележи? И за овој промашен проект не се разговара во ТЕЛЕКОМ, сите знаат дека е промашен, дека милионите се потрошени, ама никој не разговара на оваа тема, како да е забранета.
Во меѓувреме се подготвува ,,нов проект,, во ТЕЛЕКОМ. Ќе продаваат згради низ Македонија, највеќе во Скопје. За оваа оперативна криминална акција трупаат луѓе во дирекција, буквално седат едни врз други поради немање простор, трае и процес на отпуштање од работа, по однапред подготвен план. А главниот план е продажба на големата зграда на плоштад МАКЕДОНИЈА. Луѓето од Ериксон се во таа зграда, а тука сместуваат и надворешни фирми. Пред извесно време е сместена една надворешна фирма која нуди по телефон разни продукти, а нуди и ,,Магента,, пакети. Полугласно се слуша дека објектот на ТЕЛЕКОМ во населба Карпош веќе е продаден, ама уште не е најден погоден момент тоа јавно да се каже. Главната зграда на ТЕЛЕКОМ е срцето и главниот крвоток на Компанијата. Низ неа поминуваат сите врски низ Македонија и сите меѓународни врски. Од осум спратови во главната зграда, ТЕЛЕКОМ има само два ката. Сега се прави план како и овие два спрата да бидат испразнети, кој од вработените да биде испратен дома со отказ а кој да биде ,,аутсорсиран,, кон некоја од надворешните фирми. Откако зградата ќе биде исчистена од вработени од ТЕЛЕКОМ, следува продажба на целата зграда. Оваа акција ја води Жарко Луковски, во договор со Орце Камчев, а актуелниот главен оперативен директор Горан Трајановски чека да види дали Жарко ќе го вклучи во дилот или да ја стопира продажбата во последен момент.
Во продолжение ви го давам списокот згради за продажба на подрачјето на Скопје, во режија на Жарко Луковски, со согласност на Горан Трајановски: