Порано во ТЕЛЕКОМ немало немало ваква пљачкашка поделба на парите! Ама е воведена кога на организаторите (директорите) им станало јасно дека ГЕРМАНЦИТЕ делегирани од централата на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ се лесно подмитливи и дека сакаат да делат од колачот!
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
За сите планирани инвестиции имало вработени кои ги спроведувале, имало и стручен кадар за одржување на мрежата. Ама се досетиле Томчо Георгиев, Снежана Тиловска (сопруг Горан Тиловски), се досетил Огнен Фирфов (доживотен финансов директор во ТЕЛЕКОМ) па тргнува невидена пљачка. Воведуваат трошоци за инвестиции (КАПЕКС) и трошоци за одржување на мрежа (ОПЕКС).
Ова доведува прво до откази на вработени, проследени со претходна постојана психичка тортура, преку менување на работни места (најчесто од еден во друг град) со цел да си дадат отказ самите, со определена отпремнина. По ова следувала фаза на превземање на остаток на вработени од страна на надворешни фирми: Жикол, Телефонмонтажа, Овернет, Лантел, Фибернет. ПОРАДИ НЕМАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР, НАРАВНО!!!
Следниот чекор бил ИЗМИСЛУВАЊЕ директорски систем за пљачка кој трае во континуитет. Тоа значи давање на одредени подрачја кои надворешните фирми ќе ги покриваат за ,,одржување,, (ОПЕКС). Во таа насока се насочуваат и инвестициите кај надворешните фирми (КАПЕКС). Секој директор си има свој определен МИЛИОНСКИ буџет искажан во ЕВРА, за двете ставки. Особено одржувањето на бакарната мрежа е катастрофално, а и на оптичката мрежа ништо не е подобро. Оној директор кој повеќе ќе заштеди од ОПЕКСОТ, повеќе пари му остануваат за него лично. КОНТРОЛА НЕМА!
Одржувањето на мрежата е непланскио и се одвива инцидентно. Поделбата на КАПЕКС И ОПЕКС е чиста ПЉАЧКА во ТЕЛЕКОМ. ОПЕКСОТ никој не го контролира, а во него се слеваат милионски суми во евра. Кратко кажано на селски јазик ОПЕКСОТ е сурова поделба на пари помеѓу директорите и надворешните фирми. Тоа се оние пари од кои се исплаќаат виртуелните вработувања во ТЕЛЕКОМ, на типови од организираниот криминал какви што се ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА, НИКОЛА ГРУЕВСКИ и слични под нив. Вакви типови има стотици!
Табелите од кои се чита начинот на оваа криминална операција ги имате за преземање на следниот линк >>