Она, кога 6 години затвор значат смртна казна

Во Република Македонија постои привилегирана правда, дополнета со приемна на селективна, која не важи за случаи како Кујтим Мурати. Во РМ осуден како него автоматски значи и осуден на смрт ако е болен…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Повеќе од очигледно на Кујтим Мурати му е неопходна патната исправа и прекин на издржување заради лекување во странство. Животот му е загрозен. Единственашанса да преживее му е препораката за пресадување на коскена срцевина и продолжување на неговиот живот. Потребна е милост од државата. Ама, Република Македонија не е позната како држава која има милост кон своите граѓани. Селективно да, кон оние од големото добро утро. Правото на живот е природно право, не и во Македонија и слични држави. Иако, никој па ниту државата не може на ваков начин да го ограничува ова право кон осудениот Кујтим Мурати (татко на три малолетни деца!) – еве сепак може. Читајте со ред:

Хронолигија на поднесени барање од Кујтим Мурати до Основен суд Скопје 1, за добивање времена патна исправа заради лекување во странство

Кујтим Мурати од Тетово, трето по ред родено дете во семејството Мурати и единствен жив пород, повеќе од 10 години се лекува од востановена дијагноза Херидитарна хипо гамаглобулинемија – М. Брутон. Оваа болест се појавува само кај машки деца како вроден дефект на недоволна количина на гамаглоболин предизвикан од малиот број на Б лимфоцити кои произведуваат антитела за одбранбениот систем на организмот. Првите инфекции почнуваат да се јавуваат во седмиот месец на животот на детето, кога антителата наследени од крвта на мајката со текот на овие 7 месеци нормално се намалуваат и на крајот на првата година исчезнуваат бидејќи бидејќи самиот организам на детето здобива способност самостојно да произведува антитела за самоодбрана. Овие пациенти доколку немаат соодветен третман најчесто умираат до нивната 20 година од животот, доколку се без постојан надзор од лекарите. Заради задолжителната и скапа терапија од која се истрошува организмот, животот на секој пациент со оваа болест е ограничен. Ваквите пациенти треба да живеат во екстра чисти услови и да примаат богата храна со витамини, јаглени хидрати и минерали соодветно хигиенски припремена, да избегнуваат посилно физичко напрегање и да посетуваат редовно лекар. Без примена на овие услови и без давање на оваа терапија по пациентот може да има фатален крај.

Kaj Кујтим Мурати  и по 7 години од првобитно даденото мислење и покрај преземените тераписки мерки и постапување, постои неспособност на организмот да се одбрани од инфекции и пациентот се разболува најмногу на горните и долните дишни патишта, што предизвикува пнеумонија или воспаление на белите дробови.        Оваа болест кај пациентите се предизвикува и од банални инфекции, поради нискиот праг на отпорност па во потешки случаи пациентите умираат до нивната 20 годишна возраст, доколку нема соодветен третман од страна медицинските лица и семејството.

Болеста напредува а лекувањето кое го врши на детската клиника во Скопје, каде ја прима и терапијата од гамаглобулини, се помалку му помага па Кујтим Мурати времето го минува на УК поради потешкотиите во дишењето и нарушениот имунолошки систем. За болеста да не биде сама истиот поради намалениот имунитет,се јавува напреднат степен на црнодробно оштетување со високи вредности на вирусно оптоварување за хепатитис Ц вирусот поради што беше индицирано лекување. Поради постоење на контриндикации за спроведување на третман со пегилиран интерферон и рибаварин кое мораше да се замени со друга терапија која не дава резултат. Заради ваквите потешкотии во лекувањето поради востановената дијагноза, согласно издадената ПОТВРДА од проф. Д-р Борче Георгиевски, раководител на оделението за трансплантација на Хематопоетски матични клетки, постои индикација за реализирање на аналогна транспалантација на коскена срцевина од несроден дарител. Во потврдата се наведува дека ваквата интервенција не може да се изведе во Република Македонија.

Кујтим Мурати, охрабрен дека можеби ќе најде лек за неговата болест, со помош на неговата фамилија и блиски пријатели надвор од државата започнува потрага по клиника и материјални средства за реализирање на трансплнтацијата на коскена срцевина која е негова единствена надеж.

ОВА Е НЕГОВАТА ГОЛГОТА од 2017 година до денес.

На 24. 02. 2017 година до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесено е Барање за Одобрение за добивање на патна исправа заради лекување во странство со прилог медицинска документација.

-Со Известување од Основниот суд Скопје 1 Оделение за организиран криминал и корупција VI KOK бр.34/09 од 03.03.2017 година, судот го извести дека таква потврда не може да издаде.

-Со Решение на Кривичниот совет на оделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје Скопје КОК бр.75/17 од 15.05.2017 година Барањето на Кујтим Мурати повторно е одбиено како неосновано.

-Поднесената жалба од Кујтим Мурати со Решение на Апелациониот суд во Скопје КСЖ-243/17 од 03.07.2017 година е ОДБИЕНА КАКО НЕОСНОВАНА.

-По повторно доставено прецизирано Барање до судот, со известување со слична содржина од Основниот суд Скопје 1 Оделение за организиран криминал КОК 34/09 од 17.03.2017 година Кујтим Мурати е ПОВТОРНО известен дека НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ ПАТНА ИСПРАВА.

-Кујтим Мурати до Основниот суд Скопје 1 Одделение за организиран криминал поднесе Барање за добивање на патна исправа со ограничен рок заради лекување во странство. Со Решение КОК-КР бр. 204/17 од 18.10.2017 година, поднесеното Барање е одбиено како неосновано.

-По доставено Барање за добивање на времена патна исправа заради лекување во странство, до Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје на 24.10.2017 година со прилози и документација со превод заради лекување во Швајцарија.

-Со Решение КОК –КР бр.211/17 од 26.10.2017 година, БАРАЊЕТО СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

-Со повторно Барање поради влошената здравствена состојба и закажаното лекување во странство побарано е од судот да издаде Решение за добивање на времена патна исправа заради лекување во странство.

-Со Решение КОК –КР бр.215/17 од 10.11.2017 година, Барањето за добивање на времена патна исправа заради лекување во странство поднесено од осудениот Кујтим Мурати преку неговиот полномошник СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

-На Решението е поднесена благовремена жалба до Апелациониот суд во Скопје кој со свое Решение КСЖ 597/17 Жалбата ја одбива како неоснована.

-Со Решение КОК бр. 247/17 на Кривичниот Совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје од 05.01.2018 година повторно Барањето СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

-На истото беше поднесена Жалба на 15.01.2018 година до Апелациониот суд во Скопје, која Апелациониот суд со свое решение КСЖ 59/18 од 31.01.2018 година, жалбата се одбива како неоснована и Решението на КС КОК КР 247/17 од 05.01.2018 година СЕ ПОТВРДУВА.

-По повторно поднесено Барање за добивање на патна исправа со Решение КОК КР бр.730/18 02.03.2018година Барањето за добивање на времена патна исправа заради лекување во странство СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

-На наведеното Решение е поднесена Жалба на 08.03.2018 година на кое до денес НЕ Е ДОНЕСЕНО РЕШЕНИЕ ОД АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ.

Видно од наведената фактографија повеќе од 18 месеци трае голготата на Кујтим Мурати низ правните лавиринти за добивање на времена патна исправа за лекување во странство.

Кујтим Мурати е осуден со правосилна пресуда КОК бр. 34/09 од 01.10.2009 година e oсуден  за сторено кривично дело од чл. 215. ст. 2 вв. ст.1 од КЗ, на казна затвор во траење од 6 години и 6 месеци. По барање за ублажување на казната, намалена е на 6 години затвор. Доколку му биде дозволено да се лекува на погоре опишаниот начин, би бил примен на клиника во Швајцарија, покана за приме на определен датум на пристигнување во клиниката. Постои лекарска потврда за лекување во странство од  04.12.2017 година со која се известува Кујтим Мурати за закажан тррмин за преглед на 08.01.2018 година. Ама, судот постојано ги одбива неговите молби за издавање патна исправа и овозможување оваа шанса да ја искористи.

Кујтим Мурати НЕ Е МИЛЕНИК на бившата и на актуелната извршна и парламентарна власт, на судската уште помалку. Практично е осуден на смрт, без помилување…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.