Бескрупулозни контролори и турбофолк СДСМ публика

После десетина објавени текстови за ТЕЛЕКОМ, главно фокусирани на бескрупулозниот грабеж кој зема замав до степен да веќе нема никаква контрола, еве да направам и анализа на збиднувањата внатре и на односите во компанијата, with a little help from my friends, се разбира…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Не е тајна дека ТЕЛЕКОМ МК со години е компанија во слободен пад. Секако дека очекувате ред и дисциплина, поради фактот дека ГЕРМАНЦИ се сопственици. Ама, не е така. Прво, акционерското друштво КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ е ликвидирано на 12 септември 2005 година, уште кога беа сопственици Унгарците, а денес истото тоа акционерско друштво е мнозински сопственик на ТЕЛЕКОМ МКД. Тоа на обичен разбирлив македонски јазик значи дека НЕПОСТОЕЧКО ПРАВНО ЛИЦЕ (правно ликвидирано пред 13 години) е сопственик на најпрофитабилната компанија во државата, а оваа и претходните влади на РМ, од тој септември 2005 до денес се ПАРТНЕРИ со ликвидирано правно лице. РМ има некаква златна акција во оваа компанија ДУХ!

Ама, има ли нешто пологично од факт: влада на РМ избрана главно на фалсификувани избори или избори после кои едвај е изгласана, да биде подреден партнер на непостоечка компанија!? Мој личен став е дека НЕМА!

Од друга страна, не треба да се очекува реакција на сопствениците од Германија на ова ДУХ партнерство, за случувања во криминализирана компанија која годишно дава профит од 170 милиони евра, кога е познат факт дека ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ годишно профитира 90 милијарди евра!? Кому во Германија му е гајле да се занимава со компанија која во нивниот систем носи профит од 1,89 % на годишно ниво!? Тоа е еквивалент на ЕДНО СРАМНО ВЛАКНО! Таман колку што е срамен гладот од оваа компанија во Македонија да се краде 24/7, без усул. Затоа и компанијата ја даваат на управување на Австријци како Елснер или Мајерхофер или на типови како Фајл, стручни ама на пропатување низ Македонија, додека Телеком да се среди или продаде. Во меѓувреме сме препуштени Телеком да го јаваат неписмени од типот на Назим Буши. Оти писмените како Горан Трајановски се неспособни да создадат квалитет и профит и да се заинтересираат за повеќе од сопствената 7. 600 евра месечна плата додека директоруваат, од изгледот на кабинетот и висината на отпремнината од над 100.000 евра, сега кога кариерата во Телеком ја завршуваат со отказ поради неиспорачани резултати. Ова е предуслов, Дојче Телеком по чудни и релативно криминогени канали од Црна Гора да го врати за директор Никола Љушев, со посредништво на ,,црниот,, вицепремиер Кочо Анѓушев. Но, за тоа сосема долу во овој текст…  

Сега повторно ќе се навратам на Телеком под минатата и сегашната власт, нивното заедничко делување во светот на бизнисот како и дуополот на македонскиот телекомски пазар. Овој текст има три дела. Ќе се навратам на 2017 и почетокот на новиот Телеком, демек направен за поедноставно управување, а всушност составен со две цели. Едната, да се намали влијанието на државата како втор најголем акционер во Телеком, втора цел да се остави поставената мрежа на склучени договори со компаниите блиски на ВМРО ДПМНЕ кои во минатите 8 години ги наполнија џебовите на најблиските до и во власта. Оваа состојба се одржа со менаџментот кој во 2017 година иако ВМРО ДПМНЕ си замина а СДСМ дојде на власт, успеа да издејствува да си го задржи под контрола Телеком. ДУИ беа балансот овој сооднос да се задржи. Оперативно ВМРО ДПМНЕ и денес управуваат со Телеком, ДУИ им асистира а СДСМ го добива својот дел од пленот и не се меша во никаква реформа на системот. Тие изигруваат публика среќна што не го платила билетот за влез на турбофолк концерт во ФАН зоната!

Клучната позиција околу која се врти бизнисот во Телеком не е главниот извршен директор, туку главниот оперативен директор. Германците како први акционери не можеа да се помират со постоењето на оперативниот директор именуван од владата, кој им ги матеше бизнисите, им ја комплицираше дивидендата и им го земаше кешот пред нос. Затоа на Германците им пречеше оперативниот директор и во заеднички договор со ВМРО ДПМНЕ, уплашени заеднички дека СДСМ може да пронајде некој поспособен од Горан Трајановски за оваа функција, решија да ја затворат/укинат таа функција со вонредното собрание на акционери на крај на јуни. За кооперативноста на ВМРО ДПМНЕ (со неверојатен ангажман на Тројанскиот коњ Кочо Анѓушев), од ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ им стигна награда во вид на неревидирање на нивните мрсни договори, со оставање кешот да им тече и за време на владеењето на СДСМ, ако оперативниот директор биде тргнат. Тоа и се случи. Кооперативните си ја однесоа наградата, згора добија и бонус, враќање на Љушев од Црна Гора при жив и јавно омилен социјалдемократски премиер. Ама, работата СДСМ опортуно да молчи си ја заврши ,,црниот,, вицепремиерот специјалист за иновации. Со награда, ВИП (сопственост на Телеком) и натаму да си остане кирајџија кај ,,БРАКО,, во Велес со DISASTER центарот

Како изгледаат овие игри табеларно прикажани, погледнете овде:

Доказ за ова е составот на клучниот борд на директори од септември 2017, со кој е усвоена и новата организација, каде улогата на оперативниот директор беше прво делумно ингеренциски намалена, за да собранието на акционери во јуни 2018 целосно ја укине. Имале намера да ја укинат уште во септември 2017 ама им требало време да најдат Тројански коњ во владата на Зоран Заев, за ова да се одработи. Го нашле во Кочо Анѓушев. Па така, веќе со изментиот статут на телеком од декември 2017  (http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=42083 ), оперативниот директор веќе нема право ниту сам ниту заедно со извршниот директор од Дојче Телеком да донесува одлуки во име на Телеком.

Во новата организација воспоставена од 1ви ноември 2017, првото ниво на главни директори ВМРО ДПМНЕ успеа да остане да делува, дури и под команда на неснајдениот или неспособниот Горан Трајановски, кој како англиска кралица немаше право да одлучува ниту му е дозволено да разместува кадри или некого случајно да менува. Дозволено му беше да брка од работа про-социјалдемократски ориентирани во Телеком, што тој без размислување и го правеше. За да памтат кога очекувале милост од Трајановски! Не ми е јасно зошто ја очекувале, не е познат како милозлив човек…  

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=42083

Во старата верзија на статутот членот 44.4. гласи: ,,Доколку Извршните членови не можат да се согласат за некое битно прашање кое им е дадено во надлежност со овој член, главниот оперативен директор ќе има право и обврска конечно да одлучи за таквите прашања, ќе има обврска истовремено да го извести Одборот на Директори и да ги образложи причините за таквата одлука,,. Во новата верзија на предложениот статут, истиот член 44.4., гласи: ,,Доколку Извршните членови не можат да се согласат во најкраток можен рок  за некое битно прашање кое им е дадено во надлежност со овој член, главниот оперативен директор ќе има право и обврска конечно да одлучи за таквите прашања.,,

Зошто ова свесно беше дозволено и каков е договорот помеѓу двете најголеми политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и кој е тука интересот на ДУИ? Сите претходни криминали за кои пишував во изминатиот период, кои главно беа поврзани со парите од техника, со кои лично и без контрола управува Мирослав Јовановиќ со неговите директори, ќе ги дополнам во продолжение на овој текст, преку комерцијалните криминали со кои управува Бранко Станчев. Прашање е исто така зошто, а со тоа само се потврдува мојот сомнеж дека освен за крадење без контрола и делење на украденото, двете функции на Главен комерцијален директор за мали корисници (ЦООЦ) и Главен комерцијален директор за деловни корисници (ЦООБ), со новата организација се споија во еден – Главен Комерцијален директор (ЦЦОО). Според сегашните најави на СДСМ повторно ќе се раздвојат во две и тоа само за една година!? Зошто баш СДСМ го дозволија тоа да биде Станчев, иако тој уредно и послушно работеше за ВМРО ДПМНЕ цели 10 години? Дали негова задача беше со останатите директори оставени да роварат по бизнисот, да го контролираат пазарот во дуопол систем (ВИП и ТЕЛЕКОМ, сестра и брат под контрола на разведени родители!), да земаат провизии за земен или изгубен договор и ги остави договорите кои ВМРО ДПМНЕ ги постави изминатите 10 години?

За било кој разумен интелектуалец, особено за СДСМ, повеќе од јасно е дека контролата останува кај ВМРО ДПМНЕ. Прашање е зошто тоа го дозволува интелектуалниот дел во СДСМ кој разбира телекомуникации и зошто не се реагира? Капексот на Телеком од 30 милиони евра годишно е под целосна контрола на Мирослав Јовановиќ и неговата свита на директори лојални на ВМРО ДПМНЕ. Во оваа година и повеќе привидно владеење, СДСМ не успеа да ја разбие оваа свита, оти парите се кај нив, а веројатно (моја претпоставка!) СДСМ нема никогаш ни да успее во тоа. Гладта за кеш и коруптивниот менталитет си го чинат своето. Луѓето се кинисани по оној кој плаќа, а не кој номинално владее. Едно зборуваат дење, друго прават под закрила на ноќта.

Исто е и со приходот од комерцијалните области, кој целосно е под контрола на Бранко Станчев. За него се испоставува дека е еден и единствен во целата држава кој е способен и може тоа да  го работи (???), за да државата НАМЕРНО се полни/празни преку дивиденда, со многу помалку пари одошто е тоа можно и одошто компанијата има капацитет. Ретко ќе најдете во светот земја во која ВЛАДА Е ЗАИНТЕРЕСИРАНА НАЈПРОФИТАБИЛНАТА КОМПАНИЈА ДА ДАВА ПОМАЛ ПРОФИТ! Република Македонија е таа земја, Телеком е таа компанија. Зошто да бидат заработени 250 милиони и повеќе евра, кога може 170 милиони!? Ако оваа влада и оваа земја имаат такви перформанси, зошто очекувате надвор од границите да бидеме ценети и почитувани!? Ако за вакви теми нема расправа за јавноста и ,,мудро,, опортуно се молчи, зошто очекувате да се дебатира за посуштествени теми од оваа. Граѓани, мали акционери претставувани преку неспособни репрезенти, именувани од влада која ја избрале на избори, молчат како мачка да им го изела јазикот. Молчат да не им се налути Кочо Анѓушев, оти му го расипуваат приватниот бизнис…

Ќе бидам директен: во СДСМ во овој момент нема способен кадар, нема ниту критична маса, да се потегне макар внатрешна расправа ya овие односи и проблеми на пазарот на телекомуникации. Причината е пак лукративна, таа област во СДСМ ја контролира министерката Радмила Шекеринска, а нејзината уценета позиција под ДУИ и ВМРО ДПМНЕ поради фалсификат дипломата и магистратурата на сопругот е ФАКТ! Затоа граѓаните нема да почувствуваат подобрување на условите за живот преку поголема дивиденда од Телеком, затоа СДСМ ќе мора дa убедува дека дивиденда од 10 милиони е појака од 30 милиони евра (фигуративно опишано!). Само надвор од Македонија 30 е повеќе од 10! Овде на прво место e личниот профит и комодитет. Макар исцркале, промени не смее да има. Ако дојде до позитивни промени, истите тие граѓани после ќе бараат уште повеќе. Вака, добро е и на ова ниво, САМО НЕКА Е МИР, НЕЛИ! Оти тие знаат и мали војни да ни направат, само ако ги налутиме…

Освен немешањето на СДСМ во контролата и надзорот над профитот во Телеком, во својата работа не се мешаат ни интерната ревизија ни секторот за усогласување. Досега ниеднаш не се јавиле со желба да проверат по кои канали истекуваат парите, пардон милионите. Под влијание на Огнен Фирфов и Лидија Бундалевска кои сите криминали ги ставале свесно под тепих, за да останат во своите директорски столици? Тоа е во крвта на сите директори во Телеком, испаѓа дека во државава нема друг способен кадар да ги расчисти криминалите и еднаш засекогаш вистината за случувањата во Телеком да излезе на виделина, еднаш и граѓаните/инвеститори да осетат пополн буџет од златната кокошка Телеком? Денес темелно искубана. Радмила Шекеринска будно следи ова да не се случи. Нејзиниот џеб се полни со несмален дневен интензитет, со тенденција допрва да се полни.

КОМЕРЦИЈАЛНИ КРИМИНАЛИ, ИЛИ КОЈ Е БРАНКО СТАНЧЕВ!?

И покрај тоа што Статутот на компанијата дозволува и во претходната и во новата изменета верзија силно правно делување и овозможува извршување на промени во интерес на државата како имател на златна акција во компанијата, до денес сеуште не се случени никакви организациски промени. Спорна е и валидноста на новата систематизација од 1ви ноември 2017, но немаше доволно заинтересираност нити деловен сенс таа да се оспори од страна на СДСМ, да се врати организацијата на старата систематизација, со која улогата на оперативниот директор ќе биде доволно силна за да може да ги застапува интересите на државата. Сега ТЕЛЕКОМ ПОЧИВА НА ДИВА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА, потпишана од неовластено лице во момент на нејзиното потпишување, Назим Буши! Надвор е од секаков правен систем на РМ. Ионака беше надвор после ликвидацијата на КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ ад, ама сега е сосема во правен АУТ!

Дали Слободанка Гиевска како главен кадровик и Станчев како главен комерцијалист можат, сакаат и знаат да делуваат за доброто на економијата на РМ, за стапката на вработеност, за економскиот пораст на државата? Секако дека не, не им е воопшто ни гајле, бидејќи нивната задача е да го конролираат сетапот на вработени оставени од ВМРО ДПМНЕ, да ги контролираат изврзаните криминални договори со кои Телеком одлива средства кон ВМРО ДПМНЕ блиски компании, а контра државните интереси. Тука повторно ќе се навратам на Мирослав Јовановиќ, главниот директор техничар, кој секоја година располага со капекс од околу 30 милиони евра, знае кому да дава, а кого да го поштеди од кеш, оти нели парата расипува и не е за секого? За оние кои не се толку упатени, имајќи предвид дека Телеком држи илјадници вработени и со годишен приход од околу 170 милиони евра, како најголема компанија во Македонија, Јовановиќ се уште ги диктира и поставува главните економски показатели на државата, преку Слободанка Гиевска ги контролира вработувањата односно отпуштањата од работа а со тоа и стапката на невработеност во РМ. Преку Мирослав Јовановиќ го контролираат потрошувачкиот дел во инвестиции и во технологија. И најважно, преку Станчев го контролира оперативниот бизнис за да го зголемува профитот и приходот. Со тоа го контролираат износот на државната дивиденда и ја контролираат базата на деловни корисници, го контролираат пазарот на цени на услуги кои ги дава Телеком и се борат со конкуренцијата на транспарентен и легитимен начин. КОНТРОЛОРИТЕ над имаат имаат имиња: Сашо Мијалков, Никола Груевски и Жарко Луковски. Назим Буши лично си го наплатува својот дел, а дел добива и ДУИ. СДСМ ,,пасе,, трева и гледа што се случува, оти Шекеринска си го добива своето, Кочо е вграден од порано. Граѓаните и премиерот Заев тука се немоќни. Оти, подобар кадар од Горан Трајановски немаат, а тој лично се ,,потроши,, и си замина натоварен…

Затоа, со амин и дозвола од СДСМ, свесно знаејќи дека е кадар на ВМРО ДПМНЕ, Бранко Станчев поставен на главни директорски позиции во последните 10 години, продолжува непречено да работи во корист и да ги крие криминалите на ВМРО ДПМНЕ, продолжува партнерски да работи со нив. Својот тим на директори, секој за себе долги години во Телеком, го задржува за да може да префрли кеш кон нив ако дојде до некаков ,,спорен,, момент. А секој од нив во континуитет е заштитен од ВМРО ДПМНЕ: Бранко Станчев, главен директор во Телеком повеќе од 8 години, а назначен како главен директор и за деловни и за приватни корисници за време на ВМРО ДПМНЕ од Жарко Луковски во 2014 година, Стевчо Ристески директор на продажба во Телеком повеќе од 8 години, човек на ВМРО ДПМНЕ, соработник со АСЕКО, Фибернет, Кабтел, Овернет и многу други компании ,,пумпаши,, ориентирани и сетирани за исцицување на кеш од Телеком. Тоа се компаниите за кои пишував кога го опишував грабежот низ техничкиот дел, кои преку земање аванти за себе, за тој над неа/него за агентите за продажба, нарочно не настапуваат на тендери за да остане профитот на другите кои се договорени за поединечна зделка или за телекоми или фирми кои сакаат да земат дел од колачот за кој предходно уредно се договориле со КОНТРОЛОРИТЕ, но секогаш и исклучиво за недобробит и на штета на Телеком и граѓаните како мали акционери во него.

Полниот џеб на Стевчо Ристески и неговиот тим, полн со кеш, некогаш може малку и да се отпразни поради поделба со Жарко Луковски, но претежно доволно се полни преку Бранко Станчев кој лесно може да се доведе во заблуда со многу малку труд на убедување од Стевчо Ристески. Има случаи кога авантите не стигаат до Жарко Луковски, Ристески успева да ги скрие, па мораат да му даваат малку кеш отпосле кога ќе дознае, па ќе ги искара палавите Стевчо и Борис, па за мир во куќа ќе му дадат некој залак. Ова е случај откако Луковски е надвор од Телеком па е оставен на милост и немилост на овие двајца, да му кажуваат колку ,,сработиле,, и колку е неговиот дел.

                                                                           (ќе има уште)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.