Секоја нова извршна власт си има свој утерувач, свој лош гласник. Минатата си го имаше Тони Јакимовски, шефот на кабинетот на Сашо Мијалков, му асистираше тука и таму Билјана Бришковска Бошковска, заменичка министер на правда. Оваа извршна власт си го има ,,ѓаволовиот адвокат,, Мирослав Вуиќ викан Вујке. Му асистира тука и таму Оливер Ристовски, заменик министер на правда…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Мирослав Вуиќ истовремено е СПОНА, оти од јуни лани до денес, од изгласувањето на новата влада на премиерот Зоран Заев, трае медениот месец помеѓу Фамилијата и актуелната коалиционата власт, бидејќи НИКОЈ од Никола Груевски па надолу по хиерархија не е процесуиран за најтешките кривични дела сторени за 11 години режим (израз пригодно измислен од Заев, з. а.). Нема најава кога ќе бидат процесуирани случаите Никола Младенов и Мартин Нешкоски, громогласно најавувани во време на Шарената револуција комбинирана со долготрајна опозициона борба, а погребана во криминалниот компромис викан ,,ПРЖИНО 1,, и ,,ПРЖИНО 2,,.
Втор компромис е постигнат во ТЕЛЕКОМ. И оваа влада е бизнис партнер (38%) со одамна ликвидираната компанија КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ а. д. (51%). За разлика од претходната влада, оваа во ТЕЛЕКОМ преку неовластено лице да потпишува (Назим Буши), состави нова дива систематизација на компанијата, а потоа по предлог на премиерот на функција Главен извршен директор постави неспособен кадар, Горан Трајановски и една цела сурија профитери: Мирослав Вујиќ, Замир Мехмед, Дивна Јовковска Ефтимовска. Фамилијата (Груевски, Мијалков, Луковски), брзо после именувањето на оваа сурија, преку Вујиќ им ја најде точката на топење. Потрошени се 5 милиони евра за нивна купопродажба, преку фактури за измислени ,,консултантиски услуги,, СПОНАТА Вујиќ, другар на Мијалков од ,,скопската калдрма,,, според сопствено признание, си ја одигра својата валкана улога и мирот беше постигнат. Никаква истрага немаше и нема ни да има за милијарди украдени од ТЕЛЕКОМ за претходните 11 години власт под Фамилијата. А ВМРО ДПМНЕ т. е. Фамилијата си ја задржа власта во ТЕЛЕКОМ до денес, во комбинација со Назим Буши како провизорен претставник на ДУИ. Поточно како претставник сам на себе оти во ДУИ се глупи за телекомуникации па немаат ни поим што точно внатре се случува.
За трансферот за купување на суријата од СДСМ и Шарените револуционери, вреден 5 милиони евра, за непроцесуирање на криминал и мир на терен, Фамилијата на подарок преку Кочо Анѓушев доби тивко исфрлање на екс Главниот извршен директор Горан Трајановски, со околу 120 илјади евра отпремнина која не му следува воопшто поради искажаната неспособност да менаџира, а доби можност да го врати од Црна Гора кираџијата на Кочо во ,,Брако,,, кооперативниот Никола Љушев. Целиот процес го одобрила и го надгледуваше претседателката на комисијата за телекомуникации во СДСМ, експертката за се и сешто, министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Па Никола Љушев се врати од Црна Гора и стана обединет директор, оти со измени на Статутот на Телеком на вонредното јунско Собрание, владата изгуби право да именува Главен извршен директор, па наместо да има два директора заедно со Главниот оперативен директор, сега има само еден, Никола Љушев, директор кој е именуван со согласнот на германските сопственици, со соучесништво на СПОНАТА Вујиќ, Кочо Анѓушев и Радмила Шекеринска. Премиерот Заев тука е само гледач, оти нема време да се занимава со ништо друго освен со договорот со Ципрас, со шатл дипломатија и чукање по рамо од странците и со референдумот. Жртва на овој бонбона компромис се 50-на неинформирани НЕевмровци во Телеком кои добија отказ од работа со потпис на неовластените Горан Трајановски и Назим Буши, за да се направи место Никола Љушев, со согласност на споната Вујиќ да внесе на работа членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Избрканите поверувале дека навистина дошол ЖИВОТ во РМ! За оние погоре спомнати 5 милиони евра за корупција на суријата од СДСМ и Шарените револуционери, поради мојата објава имаше некаков јалов обид да ми биде поднесена тужба од нивна страна, пробаа да ја злоупотребат адвокатската канцеларија МЕДАРСКИ, ама обидот пропадна откако стана јасно дека не биле баш квалитетно синхронизирани и договорени, дека МЕДАРСКИ не може да поднесува тужба во име на институција, туку поединци од суријата треба приватно да си тужат. Па се повлекоа, патем МЕДАРСКИ го злоупотребија…
Во меѓувреме, осоколен од успесите и раат од притисоци да поднесува сметки некому, ,,ѓаволовиот адвокат,, Мирослав Вујиќ спои корисно и профитабилно. Како член на највисокото раководство на владеачката СДСМ, како многу близок човек од доверба на премиерот, како нафатиран член на бордот директори во Телеком, на крај и како другар на Мијалков од скопската калдрма, тргна во лов на судии и обвинители. Стана Тони Јакимовски наместо Тони Јакимовски, па како адвокат со полномошно на голем број притвореници, вооружен со нивната доверба и согласност тргна да пазари пресуди. Мирослав Вујиќ викан Вујке е господар на СПОГОДБАТА. За да не се резилат судиите и обвинителите, Вујиќ како експерт за компромис, прво ги убедува своите притворени клиенти дека нема друг спас и дека ако не признаат вина ќе бидат осудени на долгогодишна робија, па загубата на процесот им ја разубавува до ниво на добивка. Кој нема од притвор да прифати да лежи две години со спогодба, ќе лежи шест и пол низ долг и мачен процес во кој Вујиќ нема ни со прст да мрдне да спаси нешто од нешто? Имам пример на близок пријател кој е осуден правосилно и си го одлежа затворот со помош на (не),,милосрдниот,, Вујиќ. Од моментот кога дознав дека му е испратен да го застапува, веднаш му е пресудено. Имам примери на уште десетина кои настрадале по истиот рецепт. Интересно е дека сите биле свесни дека ќе настрадаат истиот момент кога му потпишале полномошно на Мирослав Вујиќ. Ама, имале за несреќа да им биде препорачан како моќен да влијае на судии и обвинители, како фактор во нашето криминализирано општество. Во поново време, откако СДСМ е на власт, на Вујиќ му асистира и заменик министерот на правда, Оливер Ристовски. Во фаза се на формирање на заедничка адвокатска фирма ,,Вујиќ Ристовски,,, за поефикасно делување на терен. Веќе тандемски влегуваат по фирми низ Македонија, втеруваат страв во коски на обвинети бизнисмени кои имаат комплицирани спорови и им проектираат во живо како ќе бидат осудени, колку тоа ќе ги кошта и слични трикови со години применувани од другарот од калдрмата Сашо Мијалков, преку машите Тони Јакимовски и Билјана Бришковска Бошковска. Ристовски-Вујиќ наназад месец дена посетиле екс носител на локална функција од ВМРО ДПМНЕ и му направиле ,,проекција и пресметка,,. Наводно, премиерот Зоран Заев за нивното вакво однесување не знаел, па користам прилика директно да го известам на овој начин. Преку допрен глас.
Инаку, Мирослав Вујиќ како близок другар од скопската калдрма со Сашо Мијалков, одигра клучна улога во националната трагедија, за каква се смета загубата на Тоше Проески. Вујиќ прв после Нова Градишка го плукна Тоше! Веднаш по тие случувања и измислената сообраќајна несреќа која воопшто не се случила тоа кобно утро, возачот на ,,Туарегот, Ѓорѓи Ѓорѓевски, во настанатиот хаос од торбата на Љиља Петровиќ украл 16 договори со разни менаџери, за настапи на Проески од октомври 2007 до април 2008. Сите настапи биле авансно наплатени. Не дознав подоцна од Ѓорѓевски која му била намерата кога дошол во посед на договорите и што планира со нив, ама еден од тие 16 (Будванскиот), со посредништво на негови двајца другари ми беше даден на објавување. Го објавив во неделникот ,,ФОКУС,, недела дена по добивањето и во ист ден со тој договор и сите околности поврзани со него, на крај од октомври 2007 гостував во Дневникот на Нова ТВ во Загреб. Десет дена подоцна бев на чекор до вистината. Преку двајца другари на Ѓорѓевски три пати се сретнав со него, иако неговата мајка и неговиот вујко, инструирани од неговиот адвокат Мирослав Вујиќ НИКОЈ да не му се приближува на Ѓоле! Тој пак одеше секој ден на терапија на клиника, па ми беше достапен. На средбите во осум очи, пред неговите другари ми вети дека ќе каже се што знае и ќе покаже се што има. За таа цел, невнимателно ме повика заедно со неговите другари да го посетам дома. Тоа кај мајка му и вујко му предизвика паника. А го посетив дома откако на 9 ноември таа година, во дневниот весник ,,Вечер,, во сопственост на криминалецот Драган Павловиќ Латас, на насловна страна и во весникот излезе ,,интервју со Ѓорѓе Ѓорѓевски,,.
Непријатно изненаден поради очигледната лага која ми ја раскажува со денови наназад, при посета на неговиот дом, пред неговите другари го прашав Ѓорѓе: ,,Кога даде интервју, каде и со кој новинар од Вечер?!,,. Се збуни оти не знаеше да каже кој новинар, па призна дека дома не му доаѓал никој од ,,Вечер,,, дека немал средба со новинари и на крај ми ја кажа вистината: ,,ВУЈИЌ ГО ДАДЕ ИНТЕРВЈУТО И МИ КАЖА НИКОМУ НИ ЗБОР ЗА ТОА!,,. Веднаш му дадов пенкало и лист хартија и го замолив пред двајцата другари, оваа реченица да ја напише со свој ракопис и да ми се потпише под неа. Во момент кога се обиде да пишува во собата влета вујко му, испаничен што ме гледа со Ѓорѓе, почна да вика по нас и по него и буквално не избрка од домот на Ѓорѓевски. Подоцна дознав дека Љиља Петровиќ на вујкото преку Вујиќ му платила 2.000 евра вакви непредвидени работи да не се случуваат. Подоцна, Мирослав Вујиќ аранжираше фингиран судски процес како адвокат на Ѓорѓевски, му суреди пресуда од две години затвор, како експерт за суредување лежење затвор на негови клиенти, а успеа да аранжира и да ,,НЕ сведочи,, измислениот лик од целата фабрикувана приказна, возачот на камионот Славиша Кузмановиќ. Наместо судот во Скопје, поточно адвокатот Вујиќ да бара од Србија да биде доведен на суд да сведочи Кузмановиќ или да сведочи преку видеоконференција, смислија дека сведочел во Белград пред судија, а таа изјава никој никаде ни тогаш ни потоа не ја виде.
Десет дена по даденото измислено интервју во ,,Вечер,,, Мирослав Вујиќ стоеше зад камерите на ТОМАТО ПРОДУКЦИЈА, дружен од уредникот на ,,ФОКУС,, Зоран Димитровски викан Жоро. Јас и петнаесетина новинари седевме во три реда на импровизирана трибина, на прес конференција која траеше три часа, организирана од менаџерката Љиља Петровиќ и водителката Анета Кочишки. Погрешив што отидов на снимена емисија ,,БИСЕРИ,,, оти прашањата кои ги поставив во 15-на минути од тие три часа кои ми припаднаа на мене контра Љиља Петровиќ, беа поврзани со 3,9 милиони евра испрани пари од Бурган Банка Кувајт, на име на Тоше Проески, АВАРД ПРОДУКЦИЈА Скопје и ЛИЛИЈА АТЕЉЕ ДОО Љубљана. Имав претходен договор со Никола Младенов и Зоран Димитровски, после снимањето на ,,БИСЕРИ,, да составам текст поврзан со перењето пари од Кувајт и да го објавиме во ,,ФОКУС,, во бројот што ќе излезе по два дена, вечерта во четврток во Скопје, утредента во цела Македонија. Имавме и договор, факсимилот од Извештајот за перење пари, доставен од Управата за спречување перење пари до ЈО за ГОКК (Баџанак Јован Илиевски) во декември 2006 година, десет месеци пред измислената сообраќајка кај Нова Градишка, да не го покажувам пред камера. Имавме договор со Димитровски од тој Извештај само да поставам две или три прашања, ама да не дадам на знаење дека го имам, за ексклузивно да биде објавен во ,,ФОКУС,,…
Но, додека снимавме, зад камерите еден до друг стоеја СПОНАТА Вујиќ и Димитровски, цело време си дошепнуваа, а после снимањето и си поразговараа десетина минути. Тогаш (вторник) досетливиот Вујиќ дознава од Димитровски што имам кај себе, па подоцна ја гледаат и анализираат снимката со Љиља Петровиќ, Анета Кочишки и Бане Поповиќ, па си калкулираат како тоа ќе одекне во четврток низ објава во ,,ФОКУС,, и кои ќе бидат последиците по нив и власта на Фамилијата, калкулираа и со огорченоста на народот свежо трауматизиран поради загубта на Тоше. По првото гледање на видео материјалот, другарот на Мијалков од скопската калдрма, веднаш му дојавува за новонастанатата ситуација и предлага мерки кои треба да се преземат. Утредента Зоран Димитровски и Никола Младенов ме продадоа. Повикани предпладне (среда) во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, кај Баџанакот Јован Илиевски, Младенов и Димитровски постигнуваат договор да не биде објавен ни текст ни Извештај за перење пари на име на Тоше Проески со мој авторски потпис. Што добиле Младенов и Димитровски од овој пазар, не знам. Добив кратка СМС порака од Младенов дека договорениот текст малку ќе го одложиме. Потоа дојде среда вечер, прес конференцијата како емисија ,,БИСЕРИ,, беше емитувана интегрално, па добив неколкумесечна медиумска ХАЈКА после емисијата од која беше сосема нејасно што тоа сум прашувал без да покажам докази, бев етикетиран како рекетар, како некој кој е безобразен и вулгарен, се создаде атмосфера како јас да сум го убил Тоше Проески. ХАЈКАТА ја организираше Серџан Керим, а во неа одби да учествува само Горан Михајловски со ,,ВЕСТ,,. Месеци подоцна не сакаше ниеден уредник на медиум и ниеден новинар да го објави Извештајот за перење пари, а го испратив на околу 80 маил адреси. Тогаш немаше ФБ и Твитер како денес, па да нема цензура. Сите беа исповрзани како свински црева и контролирани од другарчето од скопската калдрма, другарче на СПОНАТА Вујич. После мојата ,,елиминација,, од од јавниот живот, од обезбедувањето на Груевски зад зградата на Владата брутално беше претепан Ване Цветанов, како обележан извор на мојот достап до Извештајот, што не беше вистина. Јас тој Извештај го добив на маса во Пивница на Плоштад Македонија, од Жоро Димитровски, во присуство на Сашо Коцарев. Димитровски, познат како новинарска ,,курвица/продавачица,, немаше храброст да го објави, па ми го даде на мене. СПОНАТА Вујиќ си ја заврши успешно својата валкана работа, прв го плукна Тоше Проески, одработи ем за Љиља Петровиќ, ем за неговиот стар другар од скопската калдрма Сашо Мијалков. Денес го гледаме во најблиска близина на добриот, неинформиран и невин премиер Зоран Заев, како еден од неговите најблиски луѓе. Со луѓе како СПОНАТА, Заев не треба да се плаши за својата иднина.
Извесна му е…
[widgetkit id=41]