Сурова е судбината кон Трифун Костовски, врзана за Куманово и околината! Дружеше со Бајруш Сејдиу и му даде кредит без покритие, а го снајде пропаст на ЕУРОСТАНДАРД која му ја крчми МОМЕ СЕЉАК од Новосељане, кумановско…
Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски
Бројни фирми по воведен стечај години наназад настрадаа во аранжман на претседателот на Граѓански суд Скопје, ИЛИР СУЛЕЈМАНИ и стечајната судијка Ирена Петрушевска од Кичево. Илир и Ирена го тераат ,,судскиот,, дел, а стечаите на терен ги сработува МОМЧИЛО ПЕТРУШЕВСКИ викан МОМЕ СЕЉАК, 53 годишен селанец од кумановско НОВОСЕЉАНЕ. Моме е во втор, наменски брак со судијката. Првата сопруга му беше од Ќустендил, Бугарија, со неа има и две деца. Има бугарски пасош уште од времето на екс СФРЈ, работи за бугарската служба све што ќе му биде нарачано. Момчило Петрушевски на територија на Македонија во својот живот, што на свое име, што преку т. н. ,,маши,,, регистрирал над 120 фирми во Централниот регистар, работел со нив додека работел, па ги гаснел. Сконцентриран е на измами, на перење пари, на ограбување фирми, итн. Судијката Ирена му е сопруга и главна заштита, покрај моќниот ИЛИР СУЛЕЈМАНИ кој за својот дел од она што ќе го ограбат, како заштита на Ирена и Моме им ја става во залог бандитската ДУИ.
МОМЕ СЕЉАК го знам од неговата најрана младост. На камионска приколка го донесе од Новосељане, село од подрачјето на поранешната општина Клечовце, покојниот трговец ДАЦЕ ВИТАМИНКА. Во неговата трговска фирма МОМЕ беше дебитант трговец. Ама, му работеше кликерот, па брзо премина во ,,КОКА,,, кумановска фирма која во трговијата со јајца беше една од најуспешните во 80те и 90те години. Моме во ,,КОКА,, се задржа од 1986 до 1991 година, беше популарен по пазарите во Бујановац, Врање, Ристовац. Добро му одеше трговијата со јајца. По негови врски од Бугарија увезуваше картонски влошки за пакување јајца како вработен во ,,КОКА,,, а тие влошки им ги купуваше фармата ,,БЕЛИМБЕГОВО,, и на консигнација на ,,КОКА,, даваа јајца по цена со која немаа конкуренција на пазарите…
Ама Бугарија во меѓувреме го привлече со многу повносни бизниси, повеќе матни од претходниот чист со јајцата. Во Ќустендил запозна Бугарка која ја ожени, ама се ожени и за бугарската тајна служба. Започна да се занимава со матни бизниси, стана голем бизнисмен до степен по Куманово освен да се слушаат легендите за неговите авантури и постигнувања, да се истражува од даночните власти од каде му пари да купи ФЕРАРИ. Беше познат како глуп, никаков и неугледен, а од саем во Пловдив купи ФЕРАРИ и го донесе во Куманово. Кратко го возеше, па атрактивниот автомобил брзо го снема од кумановските улици, препродаден најверојатно.
Следниот пат Момчило Петрушевски стана тема во Куманово кога почна конфликот во 2001. Дружеше со покојниот РОМЕО ЖИВИЌ од с. Матејче, па во посета на селото беа киднапирани од припадниците на ОНА и држени со месеци во заложништво во едно од селата во општина Липково. По повеќемесечни преговори беа ослободени, по посредување на бугарската тајна служба и платен откуп од Бугарија.
Во тој период дружел со ВМРО ДПМНЕ и терал бизниси со криминалецот Драган Даравелски, тогаш директор на Царинска управа. Заедно ја уништуваат земјоделската задруга во село Скачковце, оддалечена 6 километри од неговото родно Новосељане. Посакал Моме да биде пророк во соседното село Скчаковце! Изградил во родното село нова куќа со базен, па ја посакал и ,,ЗИК Скачковце,,. Основал фирма ДПТЗУ ,,РОЈАЛ ОРГАНИК,,, во неа внел партнер од Струмица, па го корумпирале, што не било тешко, Миле Џ. управител на АД ,,ЗИК Скачковце,,, инаку свекор на Драган Даравелски, татко на неговата втора сопруга. Миле свекорот беше ,,маша,, на зетот ДРДЕ во повеќе познати фирми во Куманово, кои зетот ги уништуваше една по една, како н апример градежната компанија ,,Козјак,,.
Моме Петрушевски, партнерот од Струмица и Миле Џ., во АД ,,ЗИК Скачковце,, сториле во стек повеќе продолжени кривични дела: „фалсификување или уништување деловни книги“, „оштетување или повластување на доверители“ и „лажен стечај“. За ова добиле кривична пријава од СВР Куманово чиј исход не ми е познат, ама знам дека влакно од глава не им фали и не се во затвор. Во кривичната пријава против нив пишува:
Сите се на слобода, бидејќи свекорот на Даравелски не смее да настрада, за да не настрада никој од СДСМ, партија која со Даравелски соработува од 1996 година, главно во сработување финансиски криминали. Од ВМРО ДПМНЕ само се надоврзуваат на соработка со ДРДЕ, како со син на покојниот Томислав Стојановски викан Далавера, потпретседател на Собранието на Македонија и екс член на РСС кога владееја од 1998 до 2002 година.
Нашиот јунак Момчило Петрушевски викан МОМЕ СЕЉАК, со фирмата ,,РОЈАЛ ОРГАНИК,, и партнерот од Струмица сакале бизнисот да го рашират и на струмичката регија. Од таму анасонот! Еден период МОМЕ СЕЉАК објавил повик за вработување во фирмата. Интервјуата ги правел лично. Тука дошла до израз неговата манијакална црта од карактерот, па покрај повеќекратната понуда на кадидатките да ги вработи како асистентки и ветувањето на голема плата, атрактивни патувања со него низ светот, им давал на знаење дека ќе има и опуштање и релаксација, ама ќе имало и голема заработка. Ова на оние кои дошле на интервју а биле мажени и семејни жени, не им се допаднало па грубо го одбиле, ама на своите ФБ профили јавно објавиле предупредувања која е позадината на вработувањето во ,,РОЈАЛ ОРГАНИК,,. Непознат е бројот на примените кандидатки кои се согласиле на условите понудени од Момчило Петрушевски. Инаку, да напомнам дека негова главна асистентка во ,,РОЈАЛ ОРГАНИК, била ИРЕНА БОГОЕВСКА, претходно вработена во кабинет на екс министерот за земјоделие, Ацо Спасеновски. Оној што наместо ПОДИЗВЕДУВАЧ викаше ПРОИЗВЕДУВАЧ, кога уценуваше ,,СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ,, да стане дел од изградбата на ХЕС ,,ЗЛЕТОВИЦА,, инаку немало да се гради. Па станаа ПРОИЗВЕДУВАЧИ!
Еве, накратко исповед на кандидатка за асистентка во ,,РОЈАЛ ОРГАНИК,, која не се согласила на предложените непристојни понуди од МОМЕ СЕЉАК:
,,По долга пауза без работа, изморена од ветувања, притисната од живот во општество во кое постојано се трага по вработување, решив да аплицирам за работа преку веб страната ВРАБОТУВАЊЕ. Уредно испратив ЦВ на неколку места, меѓу кои и за вработување во РОЈАЛ ОРГАНИК, каде беа отворени неколку работни позиции. Си влеав надеж дека еве дојде време и јас да најдам асолна работа. Сакав тоа да биде во склоп на мојата струка, каде мислев дека ме бива. Аплицира меѓу другото и за техничка секретарка. Сакав да влезам во тимот, да се докажам, па да влезам и во тимот за односи со јавноста. Како да насетија што сакам, па за ден два бев повикана на интервју.
Од другата страна се јави милозвучен глас на жена, фина, културна, глас полн со ентузијазам. Прашав каде се сместени, каде се наоѓаат, ама добив информација каде да дојдам на интервју и дека тоа е МОМЕНТНА локација, дека нема натпис кој означува нивно седиште. Си реков ајде можеби фирмата е нова, млада, расте, се развива, па ќе има и постојано седиште и канцеларии. Утредента се упатив на местото за интервју.
Редица девојчиња, влегуваат и излегуваат една по една, чиниш дошле на гинеколошки преглед. Дојде мојот ред, влегов, ме пречека милиот женски глас од телефонската покана, ми остави прекрасен впечаток, Ирена Богоевска. Ми се пофали дека работела кај бившиот министер за земјоделие.
Ми објасни накратко што е РОЈАЛ ОРГАНИК, дека се занимаваат со прозиводство, дека го извезуваат во Германија, дека се сади земјоделски производ на семе слично на ким во кумановско и пробиштипско, дека потпишале 50 годишен договор и дека ќе им го откупува компанијата Бајер, за преработка во фармацевтски цели.
Пет минути подоцна ме повика ,,директорот,, Моме, во канцеларија која всушност беше трпезарија која е дел од кујна во стан. Ми го отвори моето ЦВ и ми рече дека од искуство насетил дека сум кандидат за нешто многу повеќе од техничка секретарка. Ми рече: ,,ти си супер девојка, со овие вештини можеш да бидеш на подобра позиција и да заработуваш многу повеќе. Дали си мажена, имаш ли деца, дали си слободна во однос на обврските кон дома и кон домашните, затоа ако влезеш овде како ПР ќе треба да си слободна, флексибилна, да немаш притисок од дома. Имав една пред тебе, мажот нејзин се јавуваше, ми се закануваше, а не рабзра дека жена му може овде за еден ден да заработи колку една плата за месец дена што се заработува. Ти советувам, ако се вработиш овде и ако се согласиш на моите услови, дома на мажот ти да не кажуваш колку заработуваш, тргај си пари на страна, за црни денови. Ми изрецитира МОМЕ ПЕТРУШЕВСКИ, ушите ми црвенеа и нешто ми ѕвонеше во нив.
Го слушав и не можев да верувам што ми зборува. Прашалници му кружеа над глава, ама молчев и дозволив да зборува, да го ислушам. Не го прекинував, не се уфрлав, само слушав, беше многу прост во искажувањето, отегаше во говорт, со многу слаб вокабулар. На крај ми рече дека ќе се видиме пак, ќе има уште една селекција, па ќе повикал по три кандидатки за секоја од позициите.
Утредента тој лично ме побара на телефон, ѕвонеше од непознат број, се јавив: ,,Ми остави многу добар впечаток, ама сакав да те прашам дали дома пушти пробен балон, имаш ли поддршка за ова што ти предложив? Ако прифаќаш под тие услови да те ангажирам, кажи ми сега, да те планирам во најтесниот избор да влезеш. Јас мислам дека оваа прилика не треба да ја пропуштиш. Зборуваше како навиен, молчев и само слушав. Предложи уште една средба/интервју, ама ми нагласи дека таа средба ќе биде после 15 часот, му била набиена агендата. Патем, не спомна ни која работна позиција, ни кои обврски, ни кога се почнува, колку ќе се чека да започнеме со работа.
По ова јавување ме стави во недоумица, разбуди новинар во мене, да распрашувам наоколу, да истражувам. Директор на фирма, после прво интервју веќе ме убедува да прифатам, ветува ридови и долини. Па отворив ГУГЛ, па внесов име на фирмата РОЈАЛ ОРГАНИК и имав што да видам: криминал, милиони, кривична праијава за најтешки кривични дела и М. П. во центарот на кривичната пријава како главно осомничен. Потоа објавив јавно на твитер ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до сите девојки и жени кои одеа кај овој ПРЕДАТОР на ,,интервјуа,, да бегаат подалеку, пред да бидат злоупотребени…,,
Инаку, МОМЧИЛО ПЕТРУШЕВСКИ викан МОМЕ СЕЉАК, оженет за судијката од Граѓански суд Скопје, Ирена Петрушевска, стечајна судијка определена да го раководи стечајот на ,,ЕУРОСТАНДАРД,, банката, практично од брачна постела раководи со стечајот. Во одлични односи е со претседателот на судот ИЛИР СУЛЕЈМАНИ. Заедно ,,менаџираат,,, Ирена потпишува. Стечајниот управник ДУШКО ТОДЕВСКИ е само инструмент во нивните валкани раце. Ограбените штедачи и депоненти во банката се зависни од оваа ТРИЧЛЕНА БАНДА.
МОМЕ СЕЉАК е злото кое го снајде Трифун Костовски, после сите зла кои ги направи во ова криминализирано општество. Велат кармата била кучка! Еве доказ…