Не е познато дали и Радмила Шекеринска како министер за одбрана воопшто има или ќе може да добие НАТО – безбедносен сертификат…
Пишува: екипа на Буревесник.Нет
Не е познато дали и Радмила Шекеринска како министер за одбрана воопшто има или ќе може да добие НАТО – безбедносен сертификат, но откако министерството за одбрана се обиде во Брисел да испрати или дури и подметне „сомнителен„ воен претставник во ликот на полковник Зоран Секуловски кој не поминува низ НАТО проверките, ова се поставува како воено – безбедносно и политички проблематично прашање?! А сериозна и официјална информација за ова, навидум само техничко прашање од Брисел сеуште суштински нема?! Не понежен дипломатски шамар за Владата на Заев, но и претседателот Пендаровски беше „шутнувањето„ од американска страна на предлогот од Македонија амбасадор во Вашингтон да биде Љубомир Данаилов Фрчковски, што од американска страна беше третирано како мајтап, но и сериозна опомена!
Тоа што Радмила Шеќеринска моментално е министер за одбрана и што има магистрирано на некоја „престижна„ школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година, по автоматизам не значи дека мора да биде гаранција дека е безбедносен познавач кој ги задоволува безбедносните стандарди на НАТО и исполнува услови за добивње безбедносен сертификат од највисок степен, што како министер би требало да се подразбира. По скандалот во кој министерството за одбрана со кое раководи Шеќеринска за македонски претставник во НАТО го испраќа полковник Зоран Секуловски кој испадна „несоодветен „ за најдоверливи воени прашања, сега сомнежот преминува и на министерката која се обидела да подметне непроверен офицер од АРМ и македонската национална одбрана во врвот на НАТО во Брисел?!
Истовремено, педантните анализи покажуваат дека за Шеќеринска постојат сериозни причини за сомнение зошто таа прогледала меѓу прсти за инсталирање на сомнителен воен преставник од Македонија во врвот на НАТО – алијансата кое во најлошата варијанта може да резултира некоја идна шпионска афера?! Основен принцип и критериум да се добие НАТО безбедносен сертификат е личноста да немала професионални политички и безбедносни грешки или афери или да била носител на државни или политички функции кои биле спротивни на НАТО вредностите и стратегијата на Алијансата како и да не била лично компромитирана.
За глупоста кога на американскиот носач на авиони „Хари Труман „ при официјална посета на Америка министерката ги побрка знамињата на Македонија и американската држава Аризона не треба да се спомнува. Но, во сериозната опција, покрај тоа што Шеќеринска е наследник на некогашните југословенски комунисти што во НАТО никако не се гледа пријателски позитивно, таа има и официјално констатирани криминални и незаконски „бомбона бизниси„ во делот на јавни набавки во годините кога токму со министерството за одбрана раководел СДСМ а Радмила како млад партиски кадар добивала „мали набавки„ но доволни да се покаже дека има криминални склоности! За сегашното финансиско функционирање на министерството за одбрана допрва ќе следуваат анализи, кои сега се блокирани што не значи и дека се невозможни. Во НАТО е познато дека Радмила Шекеринска има сериозни финансиски трансакции со големи финансиски средства надвор од Македонија, особено во Србија! Во НАТО е познато дека нејзиниот венчален кум Обрад Сикимиќ е во финансиски скандал во ,,Дајнер,, тежок над 20 милиони евра, а нејзиниот сопруг Божидар Јанковски е дел од тој скандал. Во НАТО е познато и под кои околности нејзиниот сопруг се стекнал со фалсификувана диплома од ДУТ Тетово и дека таа диплома била предмет на политичка трговија помеѓу ДУИ и СДСМ…
Покрај тоа што за свои советници именувала поранешни високи офицери на ЈНА, сегашната министерка за одбрана беше во врвот на СДСМ, кој меѓу другото, токму од политичките и воени преставници на Алијансата беше посочен како клучен за владеењето на организираниот криминал во Македонија и на Балканот во 90-те години. Меѓу другото од страна на НАТО и американски безбедносни служби, како основна и најсериозна причина за атентатот врз претседателот Глигоров во времето на военото постјугословенско ембарго, но и сегашно актуелно криминално загрозување на националните безбедносни основи на Македонија се посочува организираниот криминал во државава во што дебело се вклучува и актуелната осиленост на шверцерите со наркотици. Не помалку или понаивни забелешки содржат и истрагите за несреќата во која загина Борис Трајковски !? А и Киро Глигоров и Борис Трајковски беа врховни команданти на АРМ!?
А ако министер/ката не ги исполнува или потфрли во воените НАТО безбедносни проверки тогаш работата и состојбата во македонската национална одбрана како членка на НАТО е сериозно влошена и повеќе од проблематична и тоа само една година од зачленувањето во Алијансата?!
Последна стратегиска грешка која е катастрофална за НАТО – рејтингот на Македонија е јавната вакцинација на војниците на АРМ со подарени вакцини, што апсолутно покажува дека на националната одбрана како дел од НАТО заедницата и недостасува основна безбедносна проценка во стратегијата! Бидејќи, ако јавноста некако ја „проголта„ информацијата дека министерството за одбрана, пред неколку месеци војниците во АРМ ги хранело со скапано и засмрдено пилешко месо, јавното вакцинирање на целата АРМ со подарени вакцини е сепак сериозна работа, скандал и афера која може и сигурно ќе има долгорочни последици врз воената безбедносна функционалност и авторитет на државата!