Тие убиваат, ти криеш па напредуваш!

Прво те почестуваат со незаслужена функција судија или обвинител, потоа одработуваш забоштоување убиства. Па пак напредуваш…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Мафијата што унапредуваше судии и обвинители деновиве, унапреди такви кои јавноста ги запозна преку нивното криминално поведение. Таков е случајот со обвинителката СНЕЖАНА БУНДАЛЕВСКА ЃОРЃИЕВСКА, која освен криминалното водење на предметот ,,Сообраќајка кај Млечен ресторан,, во кој животот го загуби 32 годишен скопјанец, а неговата сопруга го изгуби детето што го носеше, соучествуваше и во убиството на 17 годишната ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ од Куманово.

Обвинителката БУНДАЛЕВСКА ЃОРЃИЕВСКА, заедно со обвинителката НАТАША КРСТЕВА ЦАЛЕВА, сочинија фалсификатен извшетај од увид, со намерно внесување на лажни податоци, за да му овозможат на убиецот Никола Стефановски и неговата сопатничка/соучесничка, Тамара Петковска, двајцата од Куманово. Двете обвинителки освен што намерно неточно внеле во записникот од увидот дека критичната ноќ паѓал дожд, а не паѓал со денови, му овозможиле на Стефановски да скрие и дека ноќта кога возел бил пијан и дрогиран. БУНДАЛЕВСКА ЃОРЃИЕВСКА и КРСТЕВА ЦАЛЕВА, потоа развлекувале неколкумесечен увид од сообраќајна несреќа, без да го притворат Стефановски, без да му одземат возачка дозвола, без да извршат технички преглед на возилото со кое управувал и без да сочинат фотоалбум од увидот на лице место.

ЗА СВОЕТО КРИМИНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ, ОБВИНИТЕЛКАТА СНЕЖАНА БУНДАЛЕВСКА ЃОРЃИЕВСКА ДЕНОВИВЕ Е НАГРАДЕНА СО ВИШООБВИНИТЕЛСКА ФУНКЦИЈА ОД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ!!!

Кога сме ја убиството на ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ, свој удел во криењето и забошотувањето на фактите кои водат до откривање на тешко убиство на 15 јануари 2020 година, има СУДСКА МЕДИЦИНА. Ниту цели 15 месеци после нејзината погибија родителите немаат Извештај од обдукција, вршена од др Златко Јаковски. Освен што немаат извештај, Јаковски и Заводот за судска медицина не им ги враќаат ниту алиштата во кои била облечена критичната ноќ нивната ќерка. Од телефонска комуникација со др Јаковски имаат дрска и нервозна реакција проследена со многу викање од негова страна и лажење дека алиштата и долниот веш на Јелена биле предадени на погребното претпријатие од кое била преземена после обдукцијата. По писмено обраќање до претпријатието, родителите на Јелена добиле потврда дека на нив никој од судска медицина ништо не им предал, освен телото на починатата. Освен исчезнатите алишта и долниот веш, родителите не го добиле ниту накитот кој нивната ќерка го носела вечерта, па претпоставуваат дека некому на судска медицина му се допаднал и си го присвоил…

По некаква грешка, од облеката на Јелена, родителите го добиле само мантилот кој вечерта кога е убиена го носела. Вратен им е без никаков писмен документ. Па сега бараат соодветна форензичка лабораторија од ЕУ да го анализираат и да пронајдат траги од (со)учесниците во убиството, Никола Стефановски и Тамара Петковска. Освен овие сомневања, поврзани со неработењето на Заводот за судска медицина, родителите се сомневаат и дека на нивната ќерка и се извадени органи за време на обдукцијата, па најавуваат барање за нејзина екскхумација во периодот пред нас…

Во меѓувреме, веќе 15 месеци трае истрагата од скопското обвинителство, под застапништво на обвинителката НАТАША КРСТЕВА ЦАЛЕВА. Нема обвинителен акт и не се знае дали воопшто ќе биде подигнат. Обвинителката нема никаква причина за одолговлекување на истрагата и сосема е нејасно зошто истрагата ја развлекува толку долго. Не е јасно и зошто се однесува крајно нервозно и нетрпеливо кон родителите на Јелена Филиповиќ кои и нудат докази и зошто се однесува непријателски кон нивниот адвокат, кому пред неколку недели му дала да потпише изјава ,,дека од нејзината канцеларија нема ништо да излезе во јавноста,,. Ова е спротивно на Законот за кривична постапка, бидејќи во нејзината канцеларија одат и Никола Стефановски и Тамара Петковска, со седум адвокати кои ги бранат (а уште не се обвинети!). На нив обвинителката не им дава да потпишат иста таква изјава, па се наметнува прашањето по кој тоа закон постапува обвинителката т.е. што тоа толку вознемирено и нервозно сака да сокрие.

Кога скоро се е јасно и видливо и не може веќе ништо да се скрие!?

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.