Притвор, па затвор за Заев и соучесниците!!!

Заев и неговите соучесници се квалификувани за понесување кривична одговорност за тешки кривични дела против сите нас…

Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет

Според член 308 од Казнениот Законик на Република (Северна) Македонија „Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години„. Истовремено Уставот регулира дека според Член 2: „Во Република (Северна) Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните„. Граѓаните на Република Северна Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

Македонската и светска јавност при и после настаните на 27 април 2017, во живо виде како Зоран Заев стана премиер на Република Македонија. Со специјалци, насилство, солзавец, шок бомби! Настрана се веќе подзаборавените кривични дела кога Зоран Заев во времето на воениот конфликт во 2001 година со лажни документи ја избегнувал воената обврска за што според КЗ на државава е предвидена казна затвор од десетина години, она што тој го превзема со потпишувањето на Договорот со Бугарија претставува кристално јасно кривично дело за кое се предвидува најмалку пет години затвор. За повеќе ќе видиме? 

Сега бидејќи македонско – бугарскиот договор, кој го устроија Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи од македонска, а Бојко Борисов, Красимир Каракачанов, Екатерина Захариева, од бугарска страна – минува низ стадиум на клиничка смрт. Сега сите споменати автори на бугарско – македонскиот договор се чудат како да излезат од засмрдената тиња на барата преку која сакаа од македонската национална историја да направат франкештајнска конструкција на која политички ќе (ко)егзистираат следните дваесетина години!

За германската канцеларка Ангела Меркел која заглави, потклекна и отиде во пензија на „македонскиот гамбит„, „Буревесник.нет„ ќе анализира во друга прилика. Само што, умните луѓе во светската дипломатија се прашуваат кој или зошто ја намести Ангела Доротеа Кастнер, односно Ангела Меркел, да влегува во балканските тесни клисури и на крај, неславно да замине во пензија.

Зоран Заев, таканаречен „премиер„ на Македонија, иако правеше селфи со Меркелка сега после очигледната политичка а и правна криминализација на македонско-бугарскиот договор за пријателство е седнат на вжештена рингла, се дума дали да си поднесе оставка, да се избори за техничка влада со мандат од четири години во кој период треба да се стабилизира македонската држава или да заврши во долготраен притвор па во затвор за сторени очигледни кривични дела според македонскиот Кривичен законик и кршење на македонскиот Устав.

Според член 308 од КЗ на Северна Македонија: „Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години„! Од ова не се изземени ниту досегашните, ниту сегашниот „премиер„ Зоран Заев, ниту идните државни функционери! Ако Никола Груевски побегна во Унгарија и тоа дебело го плаќа, Сашо Мијалков прашање е кога и дали воопшто ќе излезе со бела коса од зад решетки, за Зоран Заев најдобронамерен е советот веднаш да си поднесе оставка, да предложи техничка влада со четиригодишен мандат, за да се стабилизира државава а потоа да се организираат демократски парламентарни избори и демократска легитимна народна власт!!!

Конкретно, Зоран Заев е криминалец, бидејќи свесно и со намера ги крши законите на Македонија! Тоа што привремено е премиер, не значи дека за него не важат законите. Уште помалку важи дека ДПМНЕ и Кристијан Мицковски веднаш ќе станат власт и премиер на Влада, по автоматизам. Тоа дека Заев ќе падне а Мицковски ќе дојде е будалаштина!

На Македонија и треба национална, правна и државна  реформа!

Наредбата на Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, содржи следно: да бидат замрзнати сите имоти и финансии што се во САД, на лица кои ќе ги одреди Секретарот за финансии, во консултација со Државниот секретар. Станува збор за лица кои се одговорни, директно или индиректно, за закани по мирот, безбедноста, стабилноста или по територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан. Лица кои се одговорни, директно или индиректно, за поткопување на демократските процеси или институции на Западен Балкан, кои се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во дејствие кое го попречува или е закана по имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор и на крај лица одговорни, директно или индиректно, за сериозни прекршувања на човековите права во Западен Балкан.

Според ова и Зоран Заев, иако сега е на привремена позиција „премиер„ е одговорен и е вклучен директно или индиректно во корупција поврзана со Западен Балкан, вклучувајќи корупција поврзана со влади на Западен Балкан, како актуелен владин функционер од кој било ешалон на власта во земја од Западен Балкан, како злоупотребувач на јавни фондови, финкционер поврзан со корупција при експропријација на приватен имот или средства за лична корист или остварување на политички цели преку поткуп.

Зоран Заев со потпишувањето на македонско/бугарскиот договор во овој лажен, манипулативен и дефектен тригодишен период зад нас, не беше со сила натеран да го прави тоа, немаме информации дека е принуден со некаква уцена, а договорот го прифатил. Со тоа веќе има лична, политичка, историска и кривична одговорност за тоа.  Особено ако си државник, или мислиш дека си државник?!

Со досегашната реализација на македонско-бугарскиот договор а во меѓувреме падна владата на Бојко Борисов и Каракачанов со кого Заев „со ракијка„ ќе ги градеа меѓудржавните односи и ќе го спроведуваа договорот, Заев стана касичен криминалец во корист на семејните бизниси, а на штета на македонските, а во пакет и на бугарските национални интереси!!!

За финансиските аспекти на овој кривично правен настан во корист на Заев(и) и за злоупотребите на европските фондови, на ова место, на „Буревесник.нет„ ќе објавиме серија текстови, многу брзо!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.