Пред да тргнеш на фалц попис да се изјасниш и пред да појдеш кај СПАНКО отпечаток да дадеш на фалц локални избори, стави прст на чело, размисли…
Пишува: Пишува: Екипа на „Буревесник.Нет„
Есенва Заев смислил со криминалецот Александар Даштевски викан СПАНКО (ни крив ни дужан председник на ДИК!), освен насилно да ве попишува, решил и ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ ДА ВИ ЗЕМЕ! У криминална база ќе ве тура, па кој од васе согласил добро, кој не се согласил, пак добро…
Република Северна Македониија е меѓу ретките во светот, освен оние племињата во џунглите на Амазонија, која нема утврдено и не се знае колку жители и државјани има?! Не знае ниту колку лица имаат легални лични документи, колку матични броеви се фалсификувани, колку имот поседуваат граѓаните кои живеат во неа и надвор од неа? Соодветно на тоа, не се знае ниту колку лица имаат право на гласање, без разлика дали се работи за парламентарни, локални, претседателски избори или некој вид на референдум?
Како тогаш ќе се одржат претстојните есенски локални избори и како ќе се пресмета кој победил, се стекнал со право да одлучува и раководи на локално ниво, да биде советник или градоначалник и да троши народни пари?
Зоран Заев во февруари оваа година „решително и визионерски„ изјави: „Доста беше дебатирање, попис ќе има од 1 до 21 април„. Но, како и многу пати пред тоа очигледно или многу не размислувал или го советувал некој од многуте „политички недоносени „советници од неговиот тим,, кои исто така ги плаќа со народни пари. Попис немаше ама листи за советници и градоначалници интензивно се устројуваат.
Причината за оваа загриженост на „Буревесник.нет„ во која насока оди државава се аферите со фалсификуваните лични документи, лични карти и пасоши кои ја тресеа и сеуште ја тресат и државава а и Европа па и сите државни гранични премини кога некој ќе се легитимира со пасош на кој пишува – Македонија! И покрај фактот дека се докажа дека во времето на Груевски и ДПМНЕ фабрички и без контрола се „принтале„ лични карти и пасоши и за легални, но и за криминални потреби, за фалсификувано гласање на избори, за мафијашки зделки по цел свет, никој во државава не покрена прашање за вистинска одговорност како и за утврдување на точниот број на фалсификувани лични документи! Или поточно, како да се спречат последиците од тој државен криминал и играње мајтап со авторитетот на државава?
Овде не е неважно дали налогот за изработка и издавање „црни македонски пасоши„ го дал Љубе Бошковски, Гордана Јанкуловска или Митко Чавков како поранешни министри за полиција а некогашни и сегашни станари на македонските затвори или Оливер Спасовски во чие време аферата беше објавена и обработувана или некоја личност или група во „сенка„? Напротив, само со сериозна истрага која засега ја нема, барем во нашава држава, ќе се дојде до одговорот кој ни ја урива државава веќе дваесет години а има намера тоа и натаму да го прави вклучително и на следниве локални и парламентарни избори потоа! Бидејќи, со фалсификувани лични документи и лажен идентитет покрај тоа што се поминуваат граници, се вршат и финансиски манипулации, криминал, се земаат високи кредити па не се враќаат, се регистрираат лажни фирми, се вадат лажни имотни листови, итн.! Се фалсификуваат избори за потоа и власта, општината, Парламентот, државата – да биде фалсификат! Зар некој досега во оваа држава не помисли зошто државите членки на ЕУ толку години се тегават со нас, демек ќе не примат, ама не сега, на следниот самит!?
Или еве, ,,Буревесник.нет„ да и објасни на Софија зошто ја „врзаа„ со Македонија? Па токму Бугарија шверцуваше ЕУ пасоши по цел свет! И тоа не изработени во Бугарија како фалсификат, туку во печатниците во Брисел за потоа да бидат продавани по цел свет. Само од Македонците, бугарската „пашапортн „ мафија прокнижила околу 70 милиони евра па сега безбедносните служби на ЕУ се мачат кој се преку Бугарија, се стекнал со ЕУ пасош многу често и како „македонски Б‘лгарин„ иако всушност човекот бил од Пакистан или Авганистан?
Токму поради ова, сериозно треба да се размисли што ќе донесат локалните избори со сите маани, особено со неконтролирани, дефектни и фалсификувани лични документи, за што никој во (таканаречената ) Влада предводена од Зоран Заев и Собранието од Талат Џафери и не размислува. Или можеби сегашните привремени „корисници„ на власта се надеваат дека само фалсификувани избори ќе им донесат привилегии и уште еден мандат неконтролирана власт!? Или Собранието и Владата треба да се распуштат, да се формира експертска Влада, која за една – две години ќе ја реконструира државава за да почне барем да функционира нормално!
Политичките демократски избори доаѓаат дури потоа!