Даваш оставка, па не наоѓаш глава од мртов коњ во постела

Како привремено се спасија ,,ЧОЧКОВЦИ,, од битолска апелација!?

Пишува: Екипа на „Буревесник.Нет„

Продолжуваме со новинарското истражување како било возможно да се случи Бојан Угреновиќ, српски државјанин, два пати првостепено осуден за убиство во Охрид на Димитар Матилоски на 01.01.2016 година, да биде пуштен од притвор од затворот ,,Скопје,, за непречено да си замине од Македонија и да избегне издржување на 16годишна затворска казна.

Како по свадба тапани, така и по Бојан Угреновиќ МВР има отпосле распишана меѓународна потерница. Баран е од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по чл. 123 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор во траење од 16 години.

Ве молиме внимателно исчитајте како битолските судии раководени од Љиљана Чочковска го ,,ослободиле,, Угреновиќ, со (не)намерна, два месеци задоцнета телефонска препорака издржувањето на 16годишната затворска казна, да го дочека со полупритворски третман преку престој во скопскиот хотел ,,Амбасадор,,. Инаку, во хотелот никогаш никој не бил известен дека убиец од таков калибар кај нив ќе чека трансфер за Идризово. А и има ли логика осуден на таква затворска казна, па уште странец, во хотел да дреме, додека да се нагодат судиите од битолска Апелација кој од нив да даде НАРЕДБА, наместо да препорачува со СМС пораки негово сместување во Идризово? Арно Чочковска не побарала мобилен број од убиецот Угреновиќ за да му испрати СМС порака со молба:

,,Де фати такси и појди во затвор, издржи ги тие 16 години, па ќе си одиш дома!!!,,

Но, во целото постапување на македонските државни институции, најмногу на судовите во Охрид и Битола, на Врховниот суд како и на Судскиот совет кој 5 години подоцна оваа (2021 година) за да си ги покријат дупките што зјаат ја разрешуваат охридската судијка Весна Кичеец затоа што „постапувала нестручно и несовесно„, или да биде појасно не судела брзо и ажурно како за притворски предмет заради убиство. Предметот го добила според АКМИС на 18 октомври 2016, а по неговото признавање на вина на почеток на главната расправа го осудила на 16 години затвор и ја објавила пресудата на 20 декември истата година.

РАЗРЕШЕНА Е ЗА НЕАЖУРНОСТ ПОРАДИ ТОА ШТО ПРЕДМЕТОТ ВЕСНА КИЧЕЕЦ ГО РЕШИЛА ЗА 63 ДЕНОВИ!!!

Но, педантното следење на актите и списите на судењето и судовите кои постапувале како и информациите до кои дојде „Буревесник.нет„ не доведуваат до основано сомнение дека во целиот случај се вплеткани влијанија на многу личности од што произлегло ПОУЧУВАЊЕ на УГРЕНОВИЌ да повлече признание, да предложи сведоци од Србија кои пет полиции и пет судови не можат да ги пронајдат и приведат, па во режија на Апелациониот суд од Битола, раководен од Љиљана Чочковска и и нејзините колеги, Угреновиќ со усвоена жалба се вратил пак на првостепено судење во Охрид кај Весна Кичеец, која пак го осудила ан истата казна од 16 години затвор.

Ама, во меѓувреме, ,,калкулантите,, од битолското апелационо подрачје веќе го одолговлекле времето на постапување против Угреновиќ, таман да излезе на слобода и да чека да го замолат или сам да појде во затвор после туристичко шетање по Скопје или пак да се договорат за негово сместување во хотел ,,Амбасадор,, од каде еден убав сонев ден кој никогаш не дојде, ќе го префрлат во затвор Идризово. Затоа што Угреновиќ, првиот вдишан слободен воздух надвор од ШУТКА го искористил да ја здувне преку илегален граничен премин, оти валиден документ за премин на било која граница немал!

Странични информации до кои дојдовме  ние од „Буревесник.нет.„ се дека татко му на Бојан Угреновиќ, покојниот  Томислав, некогаш наводно бил на висока позиција во некогашната позната српска воена единица „Тигри„ која беше страв и трепет во војната после распадот на Југославија а со која командуваше Жељко Ражњатовиќ Аркан, убиен во 2000 година во атентат во познат белградски хотел. За време на својот живот Томислав Угреновиќ ширел непроверени приказни на Аркан лично му го има спасено животот во текот на војната во Босна и Хрватска, по што меѓу нив двајца се изродило големо лично пријателство. Ама, од лица блиски на покојниот Ражнатовиќ, немаме потврда дека тој воопшто некогаш се сретнал со Угреновиќ сениор. Точно е само дека Аркан од најмала возраст, преку мајка му, поранешна вработена во македонска институција со претставништво во Белград, бил индиректно поврзан и за Македонија го врзуваат сосема природни и нормални спомени.

Точно е и дека подоцна, за време на ембаргото кон СЦГ Аркан имал свои бизниси, тесно поврзани со ЧИФЛИГАНСКИ КОМБИНАЦИИ, како и трговија со нафта со матни типови како онај конвертит од Куманово, ДРАГАН МИТКОВСКИ викан МИТКОМЕРЦ кој имаше неуспешен обид да го измами Ражнатовиќ па едвај го вратија жив дома во Куманово од меѓуграничен премин Прешево/Табановце оти ги беше измешал математиките. Ама семејството Угреновиќ со Ражнатовиќ немал близина за да се заканува на битолски апелациони судии убиец од нивно семејство д биде ослободен на таа ,,фора,,….

Во Апелациониот суд Битола по жалба за првостепената пресуда по признанието на убиството од страна на убиецот Угреновиќ, постапувале судиите Љиљана Чочковска , како претседател на жалбениот судски совет и судиите Ружица Иваноска, Анита Милошевска, Жаклина Доведен и Никола Крстевски. Тоа е екипата која направила бизнис зделка и за одредена КЕШ тарифа му овозможила на Угреновиќ негибнат да побегне од Македонија, а целиот товар на вина да го фрлат на сега разрешената судијка од Охрид Весна Кичеец.

Овој апелационен судски совет заради административни пропусти како што е незапишување дека обвинетиот е државјанин на Србија, иако во судските акти е нотирано дека е роден и живее во Србија, измислил ОСНОВ да ја поништа првата првостепена пресуда, наместо без размислување да ја потврди и спроведе. На повтореното судење во Охрид судијката Весна Кичеец ја донесува повторно истата пресуда со казна од 16 годишен затвор за сторителот на убиството Бојан Угреновиќ.

Уште почудно е Решението на Основниот суд Охрид со кое заради поминување на законскиот рок за притвор, на предлог на Апелациониот суд Битола, со кое притворениот Бојан Угреновиќ треба да биде ослободен од притвор од затворот во Скопје што и се случило на ден 27.07.2017 година. Угреновиќ излегува од притвор и сосема спокојно заминува од Македонија!? Најапсурдно е што во првите две решенија на Основниот суд Охрид со кои Бојан Угреновиќ се ослободува од притвор ВООПШТО не е определено каде тој е ОБВРЗАН да престојува и да биде достапен на МВР и Судот? Од сите стотици охридски хотели, охридскиот основен и битолскиот апелационен, после два месеци дале СМС препорака тоа да биде скопски ,,Амбасадор,,.

Па се случува ТРАГИКОМЕДИЈА. Претседателот на Основниот Суд Охрид Милчо Клишески бара прецизирање на точна локација на која ќе престојува обвинетиот за убиство Бојан Угреновиќ и ќе биде достапен на МВР и Судот до завршување на судењето, а судијата на Апелациониот суд Битола, Љиљана Чочковска, со СМС порака го  известува Основниот суд Охрид дека обвинетиот ќе биде сместен во хотел „Амбасадор„ во Скопје. Додека Милчо и Љиљана си праќале СМС пораки Угреновиќ веќе бил дома во Србија.

Откако таквата состојба предоцна е констатирана од МВР, односно констатирана е неможноста обвинетиот Угреновиќ да се појави или да биде донесен од полицијата на суд во Охрид, судијката Весна Кичеец, во отсуство на обвинетиот како и поради калкулантската варијанта да се повикуваат сведоците кои се во Србија, на кои ни најбистри гулаби писмоносци не можат да им однесат покани, на Бојан Угреновиќ заради сторено кривично дело убиство му досудила иста казна како и првиот пат, затвор од 16 години.

Па подоцна е казнета со разрешување од мафијата во македонското правосудство, а СМС допишувачите уште судат и пресудуваат, кројат судбини на луѓе! Нема одговор на прашањето:

Кој во македонскиот судски систем овозможил убиец (Бојан Угреновиќ) онака лесно да го избегне издржувањето на казната од 16 години затвор и да побегне од Македонија?

Во мачната атмосфера која настанува по празната СМС преписка, судијата Љиљана Чочковска самостојно, на ден 20.11.2017 г. смислува и до Врховниот суд, Судскиот совет и министерството за правда поднесува ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ за целиот случај. Истиот извештај, ама со мали измени на ден 07.05.2018 (без архивска заверка ) до Апелациониот суд Битола го поднесуваат судијата/автор Љиљана Чочковска заедно со останатите криминогени соучесници во ослободувањето на Угреновиќ: Ружица Иваноска, Анита Милошевска, Жаклина Доведен, и Никола Крстевски. Смислиле СПАС!

Но, случајот еве допрва станува атрактивен оти нели добивме и министер кој се бори специјално против коруптика во Владата, а министерот за правда дали и спие некој саат во 24 часа од работа, труд и секирација во борбата против ЧОЧКОВЦИ во македонското кривосудство?

Во СПАСОТ на ЧОЧКОВЦИ од Битолата до Судскиот совет потоа било пратено перверзно писмено обраќање од ,,анонимен разочаран граѓанин„ кое содржи предлог за утврдување на одговорност на судијката од Основниот Суд Охрид, Весна Кичеец. Цела Македонија ПИШТИ од корупција во правосудството и секојдневно поднесува НЕАНОНИМНИ, туку идентитетски потпишани предлози/претставки со наведен ЕМБГ, ама нивните писанија завршиваат во корпата за отпадоци на Судскиот совет.

 Ете, Судскиот совет баш ЕКСПРЕСНО се фати како слеп за стап за предлог од ,,разочаран анонимен граѓанин,, за разрешување на Весна Кичеец и уште поекспресно беше разрешена. По некоја несреќа, како што тоа обично бива кога се ,,мрља, шмрља, и брља,, па се брза предметот на постапување го добива членот на Судскиот совет, Владе Богдановски. Се спорведува ИТНА постапка против Весна Кичеец, често без со спорен кворум на седниците на кои се расправа и одлучува за предметот, ама се носи Одлука од 31.12.2020 година, потпишана од Киро Здравев, Судскиот совет да ја разреши Весна Кичеец од судската функција со патемна забрана за пристап во зградата на Основниот суд во Охрид.

Разрешувањето експресно го потврдува и Врховниот суд од Совет со кој претседава судијата Снежана Ѓоргиевска Зекирија.

Жртва на оваа ТРАГИКОМЕДИЈА е Владе Богдановски, кој знаејќи во што го втурна мафијата од Судскиот совет, си поднесе оставка од членство во ова мрачно тело, а на собраниска седница за негово итно разрешување БАРАШЕ ДА БИДЕ ПРИФАТЕНО НЕГОВОТО РАЗРЕШУВАЊЕ БЕЗА ДА МОРА ДА ГО ОБРАЗЛОЖУВА ОД ГОВОРНИЦА!!!

Така избегна евентуалија во постела дома пред спиење да најде глава од мртов коњ…
 
                                           (има уште)

 

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.