Стој на празна женска глава

Кога Јорго ШУНДА и урбаната мафија командуваат со Битола, резултатот неминовно е поразителен…

Пишува: Екипа на „Буревесник.Нет„

На крајот на првиот, единствениот и последен мандат на Наташа Петровска „Буревесник.Нет„ не оптоварувајќи се со кампањата на локалните избори, се обиде да добие одговори на најголемите отворени проблеми кои на Битола му останаа од минатиот градоначалник  Владимир Талевски – „Двојче„ а Наташа Петровска ги удвои, утрои и умножи во безброј.

Информацијата дека специјалната болница „Плодност„ во Битола почнала со градежни работи за доградба за проширување на капацитетот поради зголемен број на пациенти а потоа ги прекинала и урнала делумно изведените градежни делови и затрупала со земја започнатите темели, предизвика професионален новинарски интерес што тоа се случува во Битола и зошто во време кога секој град бара инвестиции, во Битола инвестициите се прекинуваат и уништуваат а инвеститорите ги бркаат од општината. Јавниот интерес беше уште поголем поради фактот дека професионалниот авторитет и меѓународен углед на болницата „Плодност„ постојано расте до ниво и дури во време на пандемијата со корона вирусот на паркингот на болницата, можеа да се видат возила со регистерски ознаки и од Македонија и од странство.

„Буревесник.Нет„ ги истражи достапните информации што се случува со инвестицијата на болницата „Плодност„ вредна над три милиони евра а бидејќи информациите беа многу нејасни и чудни побара и стартна информација од локалната самоуправа во Општина Битола. Сите информации водеа до општинската администрација со кои раководи градоначалничката Наташа Петровска. Заради, професионална педантност до кабинетот на секретарот Слободан Најдовски и секторот за финансии со кој раководи, Наташа Лукиќ, упативме писмено барање за информации, средба и новинарски разговор. Но, иако од писменото барање поминаа денови, општина Битола преку службите молчи а проблемот стои отворен, новинарското истражување се прошири и ја докажа оваа хронологија која покажува неверојатна афера на политичка и административна диктатура до ниво на неверојатност, на штета на Битола како град, но и на самата општина Битола која веќе е позната по аферата ТАТ, по криминалот на претходниот градоначалник Талевски, организираниот криминал и шверц со наркотици… до ниво „градот на конзулите„ да се преименува во „градот на криминалците„! Истражувањето на „Буревесник.Нет„ е предмет и на условите и атмосферата за странски инвестиции во Македонија од ЕУ во рамки на иницијативата Западен Балкан!

Хронологијата на случувањата околу битолската болница „Плодност„ во техничка сфера, настрана од медицинско – здравственото функционирање, бидејќи медицинскиот дел функционира беспрекорно и секојдневно и целоноќно во болницата заплачуваат нови бебиња, е следната:

Пред повеќе од една година сопствениците на „Плодност„ согледуваат потреба и проектираат проширување на капацитетите во интерес на пациентите кои доаѓаат од сите страни на државава а во голем број и во странство. Посебна категорија се иселениците и привремено вработените од Македонија во странство, кои сосема сигурно не можат да си дозволат соодветен медицински третман во некоја од европските или прекуокеанските земји.

Сопствениците на „Плодност„ ја проектираат доградбата во градежна и медицинска функционална смисла, обезбедуваат неопходна законска документација и ја доставуваат до општина Битола. Општинските служби ја спроведуваат постапката, утврдуваат уредност и во финансиската надлежност пресметуваат колкави комунални и други обврски болницата има кон општината и државата за проектот чија вредност изнесува над три милиони евра, дополнително со инвестиција на нови педесетина вработувања. Сопствениците на „Плодност„ по добивањето на документите со пресметка на законските давачки, веднаш ги уплаќаат средствата. По поминувањето на неколку дена во законскиот рок за достава на документите од страна на општина Битола за почеток на изведување на градежните работи болницата оди директно во општината за да го подигне последниот документ за градење, односно одобрението за градба познато како градежна дозвола.

Но, тука почнуваат административно – бирократските марифетлуци, за поискусните во криминалот и корупцијата подобро познати како тактика на малтретирање на граѓаните, попознати како блиско на изнуда и рекет на инвеститор на одреден проект! Иако сите претходни документи завршно со финансиската пресметка за износот биле потпишани од сите секторски општински службеници, заклучно со градоначалничката Наташа Петровска, сопствениците и инвеститори од „Плодност„ се соочуваат со неможност да ја подигнат документацијата. Еден ден ја нема градоначалничката, втор ден го нема архиварот да удрел печати, третиот ден го нема шефот на секторот за урбанизам и комунални работи и така со денови!

Сопствениците на „Плодност„ тргнувајќи од позиција дека со уплатата на финансиските обврски според налогот на Општина Битола, законскиот основ на одговор и молчење на администрација, но, притиснати и од роковите за обезбедените финансии за градба и договорите со градежниците, почнуваат со основите на доградбата и подготовка за главните градежни работи. Во меѓувреме општина Битола доаѓа до заклучок дека нејзините стручни служби погрешно ги пресметале финансиските обврски кон инвеститорот, но бидејќи документацијата е потпишана од основните референти, раководители на сектори се до градоначалничката Наташа Петровска случајот станува сериозен! Некој мора да одговара!!!

Тука админстрацијата на општина Битола предводена од Наташа Петровска, ја прави првата глупава грешка. По писменото известување и признание дека, наводно погрешно пресметале давачки за градбата на „Плодност„ на терен испраќа градежна инспекција која дава налог за запирање на градежните работи. Неофицијално, општинската админстрација пушта муабет – објаснување дека грешката ја направила службеничката Сузана Николовска, која е пред пензија „па и не гледала баш добро што работи„. Ова навредливо објаснување за службеничката која сега се наоѓа на боледување, веројатно до пензионирање е уште поглупаво од првата грешка, бидејќи документацијата е потпишана хиерархиски до градоначалничката Наташа Петровска која уверена во своето познато насилничко однесување и владеење, одбива било какво договорно корегирање на грешките направени од страна на општината и ажурирање на предметот. До сопствениците на „Плодност„ кои наместо со пациентите сега се занимаваат со битолската корумпирана бирократија, се пласираат информации дека се подготвува местење кривична пријава во ОЈО Битола за незаконска градба и тоа од „непознат подносител„ што е класичен криминален метод  на уцена и изнуда, но што во многу криминални афери во Македонија успевало и не е мал бројот случаи невини лица да бидат обвинети и осудени, а потоа ослободени, па обесштетувани!? Но, која е суштината наместо инвестиции, развој, професионален напредување, било кој професионалец, како што тоа се сопствениците на „Плодност„ наместо со медицина, лекување пациенти, во случајов со најхуманиот дел од медицината донесување нов живот, породување бебиња, да се занимаваат со грешките и неспособноста на општинската политизирана и криминализирана бирократија.

Во „Плодност„ работат 17 врвни лекари во своите области, среден медицински кадар и броен друг персонал кои сега наместо за здравјето на пациентите и професионално унапредување на болницата, меѓусебната комуникација ја трошат во голема мера и со грижата за последиците од несовесноста на општинската бирократија која сериозно ја оптоварува работата на болницата.

Но, во новинарското истражување на оваа афера „Буревесник.Нет„ дојде до информации и факти кои се однесуваат на долгогодишното функционирање на општина Битола во делот на инвестиции, финансии, трошење на општинскиот буџет, судството, градежната мафија како и разни форми на криминал и корупција. Од тие причини „Буревесник.Нет„ јасно и јавно побара информација од општина Битола дали во општината конкретно и доградбата на „Плодност„ е ангажирано лице од фирмите на познатиот битолчанец Јорго Шундовски кој е познат како еден од актерите во подзаборавената, но не и завршена афера „ТАТ„ и урбаната мафија од земјава? Општината Битола не успеа да состави одговор, Наташа Петровска избегнува новинарски разговор, поради што истражувањето на „Буревесник.Нет„ продолжува а сознанијата и фактите укажуваат дека многу општински службеници вклучително и Петровска и после локалните избори ќе бидат во центарот на вниманието на јавноста, на чело со неа во кривична смисла!

Следува: „КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ПАТОТ НА НАТАША ПЕТРОВСКА КОН ШУТКА ПА ИДРИЗОВО!?„

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.