Воајерството на др Жан Митрев

Др Жан Митрев е докажан воајер! Од неговиот егзибиционизам се згрозуваат неговите вработени…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

ФЗО на Република Македонија од 2010 година до денес има одобрено ШЕСТ МИЛИЈАРДИ СТО ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ (6.143.000.000 ДЕН) ИЛИ ДЕВЕДЕСЕТ И ДЕВЕТ МИЛИОНИ И ЧЕТИРИ СТОТИНИ ЕВРА (99.401.000 ЕУР) за кардио и васкуларни операции на Клиника ,,ЖАН МИТРЕВ,,…

Вистинско богатство е одлеано од вкупниот здравствен буџет кој го полнат граѓаните на Република Македонија, а скоро никој и не смее да праша а да не зборувам за КОНТРОЛА на квалитетот на услугите што оваа клиника ги пружа на пациентите. Никој не смее да праша ниту за високата смртност на пациенти за која само се шепоти, ама точни податоци нема никој. Бидејќи, др Жан Митрев поради поврзаност со секоја нова извршна власт, има изградено ,,култура на послушност,, кај премиери и министри за здравство, па со нив и директори на ФЗО во пакет, па практично се однесува како да им е ГАЗДА…

Во таа негова недопирливост неговата клиника од него лично е устроена како тврдина во која тој има апсолутна контрола над сите вработени, од чистачките до лекарите специјалисти. Бидејќи карактерно поседува желба да контролира и да има врвен надзор над секое движење, на клиниката нарачал вградување на видео надзор кој се состои од 301 камера, како и систем кој ги следи сите појдовни и дојдовни повици на вработените, нивната маил и смс комуникација. Вчера објавив еден текст на оваа тема и освен критики, прочитав и бројни оправдувања од читателската публика која го оправдува др Митрев како ,,домаќин кој се грижи за своето…,,

АРНО АМА!

Има една ,,појава,, која по мене е ненормална. А тоа е злоупотребата на видео надзорот од страна на др Митрев, ама и на дел од негови доверливи соработници. Има видео камери и по собите каде се сместени пациенти и пациентки, тие исто така се мониторирани и се наоѓаат под видео опсервација, што е најстрого забрането во цел свет, што е грубо кршење на приватноста на пациент(к)ите, повреда на приватноста и интимата и забегување во ВОАЈЕРСТВО. Кој му дозволил на Жан Митрев да снима голи пациентки не е спорно, оти знам дека самиот си го дозволил ова задоволување на неговите најниски страсти.

За мене прашање е КОЈ Е ТОЈ ШТО ОВАА ПОЈАВА НЕ ЈА СПРЕЧУВА!? За да сфатите со што се занимава др Жан Митрев кога не оперира или кога не готви, ви нудам доказ од само еден случај на пациентка која е потполно гола под видео опсервација на Митрев а поим нема дека е. Мојот извор од клиниката има повеќе вакви фотографии и видео снимки. И самиот е екстремно огорчен на оваа манијакална потреба на Митрев да контролира расоблечени пациентки, надвор од секој здравствен протокол пропишан овде и во светот…

Снимката е направена од вработен во клиниката, ја снимил на отворен лап топ на др Жан Митрев. Заради зачувување на интимата на пациентката, фотографиите ги прекрив со црни ленти!

                                                                  (продолжува)

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.