Криминално акционерско собрание во РЕПЛЕК АД…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Пред три дена, во средата на 27 април, Душан Пецовски викан ДуПе Шизика закажал и одржал Собрание на акционери на АД РЕПЛЕК на кое продуцирал хаос и прикажал тотална неспособност како и страв од брза лична ама и пропаст на компанијата…
Во духот на тотална неорганизација, Пецовски инструирал да се работи хаотично, одлуки да се гласаат тајно, како да има што да скрие, а има! Имал напад на шизофренија кога од присутните акционери му било спомнато дека очекуваат да подели дивиденда од успешното работење на РЕПЛЕК во 2021година, какво сака да прикаже Пецовски. Дивиденда нема, а нема ниту да има додека Пецовски панично раководи со РЕПЛЕК и додека работи на спасување на неговата кожа веќе дојдена во опасност…
На акционерите на долгата и мачна собраниска седница воопшто не им објаснил зошто платил 50.000 евра за ребрендирање на децениски препознатливиот знак на РЕПЛЕК и новиот ЛБГТ изглед во кој доминираат буквите ДП, иницијали на неговото име и презиме. Ја поистоветил фирмата со себе, а се кити со неуспешен биланс, се фали со 2021 година, година на негово неуспешно работење…
За да креира лажна слика во јавноста, наназад неколку месеци потпишал маркетиншки и консултантски договори вредни 500.000 евра, пари на акционерите и платил секаде каде морал да плати за да искреира лажна слика во јавноста ДЕКА Е УСПЕШЕН…
На тајното гласање за криминалните одлуки во корист на ДуПе Шизика немало доволен број гласачки ливчиња, немало ни кутии ни паравани зад кои акционерите би можеле да гласаат тајно. На лице место печател гласачки ливчиња без сериски број, спротивно на закон и секое нормално однесување во вакви прилики. Ама, морал да постигне цел по секоја цена, па така и се поставил…
Кога гласале акционерите со право на глас, точка по точка, Пецовски набрзина инсистирал да се гласа јавно, спротивно на законот. Сакал да види кој е ЗА него, кој е ПРОТИВ него. Ова е тешко кривично дело. Собранието траело ДЕВЕТ ЧАСА, поради сите манипулации кои Пецовски морал да ги изведе и направи за да се заврши како така, едвај во негова корист. Завршило на негова штета и во тоа брзо ќе се увери…
Почнал со отварање на акционерската кига во 8 30 часот, а законот наложува тоа да се стори најрано во 10 30 часот. Имал обврска и да ги регистира сите купени и продадени акции пред одржување на собранието, ама имало трансакции кои не му оделе во прилог, па не дозволил да бидат регистрирани пред да почне седницата на собранието во среда…
Во настап на очај, Душан Пецовски ДуПе Шизика и неговите се помалубројни поддржувачи на ова криминално работење, најавуваат брза идна продажба на ХуБо Реплек маркет, за да дојде со капитал кој сега го нема, со цел купување акции од неговите противници кои не му даваат поддршка за криминалното работење. Сега нема мнозинство во акционерското Собрание и не знае како ќе го обезбеди.
Од друга страна има најави дека набрзо ќе има промени во акционерската структура преку кои ќе биде оневозможен во криминалното работење во Реплек и ќе биде спречен компанијата тотално да ја упропасти…
За да го спроведе во дело ова криминалното акционерско Собрание, месец и пол наназад Пецовски повикувал сопственици на медиуми и плаќал колку што ќе му побараат, само да нема ниту полувест во јавноста за она што се случува во Реплек и за неговите лични стремежи…
(продолжува)