Дојче Телеком владее со Македонија

Консултантски услуги за ,,среќно детство,,…

Пишува: Дејан Ристески

Сите консултантски услуги во Македонски Телеком никако не можеа да пројдат без амин на вечниот Главен Директор за финансии Славко Пројковски. Дотичниот важи за еден од најбогатите (ако не и најбогат) во Македонија ама во сенка. Никаде и никогаш не се експонира.

Кај него Димитар Ковачевски Таче ја започна својата кариера како негов доверлив човек, му служеше за проследување на тајни фактури до Дојче Телеком и Австриски Телеком.

Славко Пројковски е Главен Финансиски Директор на Македонски Телеком од 2007 година до ден денес.

Зошто Славко и Таче брзо напредуваа во својата кариера!?

Славко Пројковски е тајниот човек на Дојче Телеком и во Црна Гора, ги раководи финансиите и на ЦГ Телеком и на А1.

Тој е главниот линк двата телекоми, за испумпување на милијарди евра кон Дојче Телеком и Австриски Телеком.

Прашање до Димитар Ковачевски Таче:

Дали беше меѓуспоната за испумпувањето на милијарди евра во ДТ и Австриски Телеком!?

Имаш ли и ти сметка во Дојче Банк каква што има и Славко Пројковски!?

Дали си милионер во сенка, уплашен да не биде пробиена твојата сметка во Дојче Банк!?

Дали директорското место во А1 и премиерското место подоцна ти е награда од Германија и Австрија!?

Дали додека беше во А1 исправте милиони евра со Зоран Заев, преку консултантски фирми!?

Дали Таче те постави за премиер на Македонија Зоран Заев и СДСМ или си инсталиран како одличен студент на високата германска и австриска школа за перење пари!?

Имав веќе прашања до тебе, ги премолче. Овие ти се втор пакет. Подготвувам уште. Почни да одговараш на нив, ќе ти се натрупа градиво…

(авторот е бивш вработен во Македонски Телеком)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.