(MAJ)ЛИНДА

Возбудливо писмо од Црвен Крст…

Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски

Стигна писмо од група вработени во Црвен крст. Еве ја содржината:

,,Читајки ги вашите последни објави за сексуални злоупотреби до фукнционери блиски до власта решивме да ви пишеме да објавиме што се случува во нашата организација. Нашите тврдења ги поткрепуваме со испратени фотографии и оригинални мејлови.

Црвениот крст веќе долго време е приватна фирма на парот Саит Саити и Мајлинда Мустафа со повремени вмешувања од секретарот на Црвен крст на Град Скопје Сузана Тунева Паунова но поради агресивноста да го задржи за себе Г-гата Мајлинда ја истисна веќе конкуренцијата.
 
Се обраќаме до вас бидејки мислиме дека само вие имате храброст да го објавите ова што се случува. 
 
Минатата недела истиве материјали ги испративме до членовите на извршниот одбор и ги замоливме доколку не се вмешани во овие неморални дејствија да се оградат од нив и веднаш да свикаат Вонредна седница на Раководниот одбор со точка на дневен ред „Неморални дејствија на работното место, злоупотреба на службената положба и конфликт на интереси“.  
 
Истите тие во фаза на избори притиснати од Генералниот Саит Саити не направија ништо.
 
Исто така го известивме и Претседателот на Црвениот крст Проф. д-р Ромел Велев но истиот поради само него познати причини или вмешаност одби да превземе било какви мерки и како досега да го премочи сето ова што се случува. Најверојатно молчењето е потпомогнато со повратен билет и прошетка до Швајцарија следното утро кое е и воедно награда за неговите потписи на се што ќе се побара. Г-нот Ромел инаку има да кажеме апетит на младите волонтерки кои не ретко се жалат како им дише во врат.
 
На секоја наша реакција Саит, Ромел и Мајлинда се закануваат со откази, агресија и невидени последици доколку некој „писне за било што“. Се закануваат со високи фукнционери од власта на кои им се даваат бесмислени признанија за „ништо“ чисто колку да се покаже пред вработените поддршка кон ова трио што тероризира со години. Не знаеме што да правиме и каде да се обратиме.
 
Мајлинда е инаку унапредена за втор човек во Црвен крст за доброто сексуално поведение и „работна дисциплина“! Секојдневно се иживува врз сите вработени!
 
За сите овие средби се трошат пари, се употребуваа возила од Црвениот крст, се купуваат подароци, облека авионски билети а и таблетки за потенција. 
 
Исто така известени се и секретарите на Општинските организации кои се уценети со нелегалните измени на Статутот на Црвениот крст во кои Генералниот Саити треба да им даде СОГЛАСНОСТ за секој нивен следен мандат од 4 години. Истите седат гледаат, озборуваат но не превмезмаат ништо. 
 
Така да Црвен крст на Македонија е претворен во „бордел“ за задоволување на лични сексуални страсти и богатење на неколку луѓе, а сите други кои сакаат да си ја задржат работата треба да молчат.
 
Од тоа што во нашата се случува во последните 15 години би сакале да го издвоиме следново:
 
• Злоупотреба на службена положба и унапредување на вработени со кои се извршуваат блудни дејствија.
 
• Се организираат сексуални средби под превев на семинари и работилници. 
 
• Изнајмување на луксузни станови за блудни дејствија.
 
• Разменување на експлицитни фотографии од сексуална природа и половни органи и секси пораки со вработени во работно време и низ службени канали на комуникација на Црвениот крст.
 
• Посетување на свинг и стриптиз клубови во регионот на патувања платени од Црвен крст, и разменување на фотографии од истите на службени мејл адреси.
 
• Сексуално вознемирување на вработени.
 
• Разменување на идеи со вработени и надворешни лица за реализација на блудни дејствија од хомосексуална и свингерска природа (учество на повеќе лица од ист или спротивен пол).
 
• Договарање за ангажирање на 3-ти лица за учество во сексуални игри (масери). 
 
• Договарање и преговарање за избор за службени автомобили и луксуз од вмешаните страни и користење на ресурсите на Црвениот крст за задоволување на своите лични потреби и страсти.
 
• Набавка на таблетки за потенција и зголемување на полов орган од средства на Црвениот крст.
 
• Градење, опремување и користење на службени луксузни апартмани во Центарот за обука “Солферино“ за блудни средби. Кој всушност треба да е прифатен центар за мигранти.
 
• Списокот продолжува….
 
Акт на вакви неморални дејствија и блуд се невидени во денешно време и ваква организација каде што раководството треба да дава пример за однесување на илјадници млади и малолетни волонтери кои го посетуваат Црвениот крст и се градат како личности. Како би реагирале нивните родители, целокупната македонска јавност и луѓето околу нас доколку знаат дека првиот човек а можеби и раководството се однесува блудно и неморално зар мислите дека некој би ни ги доверил своите деца! 
 
Зар треба да биде злоупотребен некој малолетник пред да почнеме да говориме за проблемот. Ние решивме да проговориме а последиците и така ги трпиме веќе со години.
 
Ве молиме за објава, не можеме повеќе вака.
 
Апелираме до институциите и ги молиме да превземат било каква реакција.,,
 
Со почит
Вработените во Црвен крст на Република Северна Македонија
 
(Ви ги испраќаме и оргиналните мејлови од комуникацијата кои се само еден мал дел. Се извинуваме за експлицитните содржини. Знаејки дека доколку решите да ги објавите не е возможно да ги објавите во целост ви испраќаме и фотографии со прикриени гениталии.)

——————————————————————————–

Одговор на Генералниот секретар на Црвен Крст, Саит Саити:

Почитуван г. Божиновски,

Се извинувам што ви пишувам денес поради обврските околу празникот. Досега никого не сум оставил без одговор, почитувајќи ја професијата без разлика за каква ситуација станува збор. Ценејќи го тоа што ми се обративте сакам да ве известам за следново:

,,Ниту една приказна не може да има една вистина па и оваа која е комплетно лажирана. Оваа е една повеќегодишна хајка против мене. Првичните обиди беа насочени против мојот професионален ангажман и моето работење, но во недостаток на аргументи инсинуациите се префрлија на личен основ. Во вакви ситуации не се најбитни личностите. Се работи за ,,вработени,, кои не се во организацијата од разни причини, но со нивни лични потреби. Сакам да ве известам дека јас се определив за работа во хуманитарна организација која ги помага ранливите категории на луѓе, а не работам на конструкции кои одат на штета на прогресот на нашата организација.,,

Мајлинда Мустафа не одговори на барањето да даде изјава…

[widgetkit id=65]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.