Саит Саити, ,,Робин Худ,, што краде од сиромашни…

 Саит Саити од еден пакет правел два, да има за поткуп на гласање…

Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски

Црвен Крст, втора епизода! Пишуваат вработени кои генералниот секретар Саит Саити ги вика ,,вработени,,. А тој да ти бил ПОВРЕМЕНО ангажиран. Така вика документот за негов ангажман во Црвен Крст…

Вработените или ,,вработените,, пишуваат:

Повторно да ви се заблагодариме за искреноста и можноста што ни ја дадовте да ја запознаеме македонската јавност за приликите во нашата организација. 

По одговорот на нашиот Генерален секретар многу од нашите колеги побараа преку вашиот портал да му поставиме неколку прашања, бидејќи како што тој изјавува до сега никого не оставил без одговор. Во прилог доставуваме неколку фотографии што би ги проследиле неговите одговори.

Второ што предизвика многу врева е изјавата на Генералниот секретар кој тврди дека ниедна приказна не може да има само една вистина. Би сакале да му се обратиме. 

,,Г. Саити, вистина во животот има само една, секоја една или повеќе варијации од неа се вика ЛАГА, многу е тешко кога некој лагата ја дефинира како поинаква вистина и живее по тој принцип. Би сакале да споменеме дека алудирате на „лична хајка“ против вас. Сите фотографии и експлицитни содржини се случуваат на работно место, низ службени канали на комуникација и со средства на Црвен крст. Веројатно Саити е тој кој го помешал личното со службеното или веќе не ја гледа јасно границата.

И со четвртата точка за крај би сакале да се вратиме на почетокот на ова наше обраќање и да му поставиме јавно на Г. Саит Саити неколку прашања, а тој како најголем хуманист во нашата земја и организација да ги одговори:

Да ги прочита јавно Член 24, став 7, Член 46, точка 9, Член 47, став 5 од Статутот на Црвениот крст и да изјави дали врши дејност Генерален Секрeтар и член на Собрание од Општинска Организација Карпош, што е забрането со статут? 

Дали ја врши функцијата Генерален секретар со авторски договор?

Што прават нашите колеги под ваша директна наредба и притисок во штабови на политички партии по полноќ, носејки пакети за поткуп на гласови?

Каде исчезнаа 50.000 пакети донација за време на последните избори?

Дали сте под истрага на Антикорупциската комисија? Дали Црвениот крст, Раководниот одбор и Претседателот на Црвениот крст се под истрага на Антикорупциската комисија?

Дали продуктите во пакетите се делат на половина за да имаме двоен број на пакети од кои половината оди за политичките партии за поткуп на избори а купување на ваши мандати? Доколку нема избори каде оди другата половина?

Дали Центарот на Логистика на Црвен крст во Момин поток изграден од донации има имотен лист или решение за рушење кое беше одложувано со подароци кон тогашниот градоначалник на општина Карпош Стефан Богоев? Што имаше во кутиите (подароците) доставувани до градоначалникот Стефан Богоев на редовна основа? 

Дали центарот за мигранти во состав на хотелот Солферино во Струга е дивоградба. Ако не е, ве молиме да го доставите имотниот лист?

Дали наместо Центар за мигранти си изградивте луксузни апартмани до самото езеро во кои нема стапнато ни еден мигрант? Доколку грешиме кажете колку мигранти имате згрижено во истиот?

Колку службени возила има Црвен крст без ознаки, коли кои само вие ги користите?

Дали последното возило Волво ХЦ70 го набавивте со исклучок од правилникот за набавки без никаква постапка и заменивте 2 години старо возило исто Волво ХЦ70? И притоа за вашиот луксуз и веќе други 3 луксузни возила кои само вие ги користите подигнавте кредит и ја задолживте организацијата.,,

На прашањата им нема крај но за почеток еве одговорете ги овие. Господине Саити исто како што за вас има повеќе вистини, изгледа има и повеќе видови хуманост. Очигледно вие ја имате одбрано таа најлошата во која човек е хуман толку сам кон себе. Во таа ваша хуманост е нормално да вршите сексуални злоупотреби и дејствија на работно место, нормално да градите дивоградби со цел добавување лична финансиска корист, во која е нормално Црвениот крст да ви плаќа за лични луксузни апартмани и возила од типот на Гранд Чироки, Волво ХЦ 70, Форд Мондео или Шевролет Епика?

Изгледа вашата хуманост не знае за граници…

(група вработени во Црвен крст)

……………………………………

До добивање на втората маил порака од вработените во Црвен крст кои ми доставија доказ дека Саит Саити е ХОНОРАРЕН генерален секретар на оваа реномирана хуманитарна организација, живеев во заблуда дека тој е легитимно избран за таа престижна функција и дека професионално ја извршува. Од документот во кој јасно пишува дека е ПОВРЕМЕН генерален секретар, исчитувам хаос и јавашлук во организацијата кој датира уште од времето кога ,,новинарите,, Стојан Тренчевски и Драги Аргировски крадеа од магацинот за меѓународна помош и се богатеа на грбот на најранливите категории.

Од доказната документација која ми е пратена, а ја имате во прилог, читам дека Саит Саити го донел Црвен Крст во позиција да арбитрира во кампањи кои во Македонија ги викаат избори, а всушност се гласање за измама на лесноверни луѓе со право на глас. Хуманитарната помош од Црвен Крст во тие кампањи се злоупотребува за поткуп при гласање, што е едно од најтешките кривични дела во КЗ. Саит Саити долги години ужива заштита од брат му Др Џемали Саити, бивш новинар, па судија кој дотурка до Врховен суд и до претседател на здружение на судии. Да не беше силата на судијата Саити, ,,хуманитарецот,, Саит одамна ќе беше во затвор. Братот Џемал ќе вложи уште многу напори во следниот период за да го спаси Саит од затвор, ама и истовремено да му обезбеди уште еден мандат на оваа профитабилна хонорарна функција…

Инаку, после овие прашања и моето барање изјава од Саит Саити, тој направи интензивни напори да се сретне со мене, овде во Хрватска, каде што сум привремено. За да дознаел ,,што барам и што сакам,,! Немаше потреба од средба, ниту ќе има. Саити едвај некако сфати и разбра дека САКАМ САМО ИЗЈАВА за Буревесник. Па изјавата вчера ја испрати по маил и еве ја објавувам во целост:

,,Почитуван г. Божиновски,

Во контекст на прашањата кои ми ги препративте, од наводно „вработени“ во Црвен крст, дозволете прво да Ви укажам дека токму на Вашиот медиум, на 12.11.2021 речиси истите овие работи беа објавени, под наслов „Писмо од вработени…“. Значи, не станува збор за нешто ново, ниту за нешто што во меѓувреме (после објавата) се случило. Исто така, овие „наоди“ веќе 4 години се пласираат во јавност, а истите се веќе институционално и интерно третирани. Во интерес на елиминирање на варијациите за вистината и законитоста во работењето, адресирањето на ваквите наоди кон надлежните институции на системот, би било најдобро решение. Затоа и ги охрабрувам и поддржувам испраќачите на прашањата, истите прашања да ги пренасочат кон надлежните органи, се со цел да добијат одговор за нивната „загриженост“.

Во однос на прашањата околу моите ингеренции како Генерален секретар, Ве упатувам на Статутот на Црвен крст на РСМ, каде јасно е разграничено кои се управни, а кои раководни структури на организацијата. Дел од горенаведените прашања, треба да се постават кон органите и телата на организацијата (особено за прашања регулирани со Статутот), за што впрочем сум убеден дека испраќачите на прашањата тоа добро го знаат. Повеќето горенаведени поставени прашања претставуваат одговор на самите прашања, односно истите се одлуки на Раководниот одбор, кои Генералниот секретар е должен да ги изврши.,,

Поздрав,

Саит Саити

[widgetkit id=66]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.