logo
Search
Close this search box.

АЕК, ,,вдомувална,, на паразити

Бомбите на опозицијата и проектот ,,Вистината за Македонија,, детонирани во февруари 2015 резултираа со владина коалиција ДУИ, ДПМНЕ, СДСМ и Зоран Заев…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Три години подоцна имаме катастрофална ситуација во која ,,лудиот го јава збунетиот,, а збунетиот полуден не знае што му се случува. Од некогаш славната Шарена револуција не остана ништо, освен што се родија двајца пратеници наградени со привилегии за еднократна мандатна употреба и една трагикомична ,,аргентинска,, авантура. Во Кабинетот на премиерот Зоран Заев работат 30 послушници на Никола Груевски и десетина нововработени ,,посебни,, советници од негова највисока доверба и потреба. Не се знае дали сеуште функционира продукцијата на Никола Груевски, дали сеуште се управува од владата со МРТВ, ама се знае дека главните продуценти, артисти и статисти се на своите работни места. Малку е одалечен од Кабинетот главниот продуцент Борис Аговски, ама само е поместен во Генералниот Секретаријат, оти можеби и ќе притреба за наскоро да продолжи да ја бои сивата реалност со розови бои, а зошто да не и со спектарот бои од Шарената.

Овој текст го поделив на три дела бидејќи е преобемен материјалот кој го поседувам, заедно со доказите. Во овој прв дел ќе се сконцентрирам на случувања во Агенцијата за вдомување на роднини, сопруги, старосватици и слични случаи, номинално наречена АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ. Инспирација на моите извори до АЕК да ми помогнат во составувањето на описот на злоупотреби е моето опишување на куртизаните од Кабинетот на Никола Груевски, а меѓу нив и Сања Димитриевска. Таа од Кабинетот на Груевски се прошетала т. е. напредувала до државен секретар во МВР, ама е можеби и светски феномен и куриозитет ретко некаде виден освен во Македонија. Таа денес е советник за човечки ресурси во АЕК. Во момент кога посакала од несигурната и менлива позиција државен секретар во МВР да се вдоми во АЕК наишле на правна пречка – не исполнувала услови! Ама нели не е проблем во РМ да се изведе перверзна и одвратна правна манипулација за да се задоволи апетит на куртизана!? Докажано е дека не е проблем во случајот на Сања Димитриевска. Таа предпладне дала оставка во МВР, префрлена е во влада на неколку часа, а во ист ден во АЕК се состанала Комисија на оваа Агенција за да ја СМЕНИ систематизацијата на АЕК за да се вклопи Сања Димитриевска. Морала Комисијата да внесе во систематизација потреба од МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР. Оти Димитриевска тоа имала завршено.

Сето тоа е завршувано во рок од 8 работни часа, во еден работен ден. Нешто слично како што функционираат разни комисии по другите институции кога се во прашање социјални или здравствени проблеми на граѓаните. И во нив, за обичните граѓани како и за Сања се се завршува за осум часа, ама на сон. Еве за неа во ист ден заседавала “Комисијата на АЕК” и донела заклучок дека таков извонреден “стручњак” за човечки ресурси и е неопходен на АЕК, дека мора да биде машински инженер. Едино во брзање не обрнале внимание дека Законот е прекршен во делот на работното искуство т. е. не можеле да и впишат дека има 5 години работно искуство кога имала само 3. Не можеле и во тој дел да ја сменат систематизација, би било премногу. Ама не е ни тоа проблем, еве никој не прави проблем што Сања Димитриевска е и натаму на своето работно место. Нема инспекциски надзор да проверува па да реагира. А нема поради описот подолу кој се е на ,,апанажа,, во АЕК. Имало про форма инспекција од инспекторат за труд, записник е составен, архивиран и толку. Прекршувањата се нотирани… (ВИДИ ПРИЛОГ)

Во Агенцијата за вдомување позната и како АЕК, се вработени сопругите на Кирил Божиновски, на Мартин Протуѓер (позната по неодење на работа а земање плата), па на Драган Павловиć Латас, а од скоро и на Бујар Османи (прима плата од друго место, не е од АЕК, чека средување на документација), тука е и ќерката на уставната судијка Елена Гошева. Има јавно достапен список на вработени на на веб страната на АЕК:

http://aek.mk/index.php?option=com_k2&view=item&layout=item&id=535&Itemid=459&lang=mk

Тука е вдомен и Илија Кепевски, татко на Томи Кепевски, претседател на Унија на млади сили на ДПМНЕ на општина Карпош. Илија е замешан во бројни скандали со јавни набавки во АЕК, дојден во Скопје од Делчево и за многу кратко време нафатиран. Од страна на директорот на АЕК е пријавен повеќекратно за тешки злоупотреби, ама без разврска и процесуирање. АЕК е собиралиште на пропаднати и неспособни архитекти, градежни инжењери, машински инженери, а има и стоматолог кој шефува со одделение за јавни набавки, Виолета Поп Ацева. Еден добар дел градежни инженери и архитекти се префрлени од ,,Гранит,,, откако таму сфатиле дека се неспособни за професијата за која се школувале па ги дале во АЕК. Им ги натовариле паразитите на граѓаните.

АЕК е агенција која благодарение на 30 стручни лица успева да сервисира витални сегменти од функционирањето на контрола и мониторинг на радиофреквенции и Секторот за радиопланирање. На овие 30 се ,,накачени,, уште 100 од вдомените кои врска немаат со функциите на АЕК и единствено знаат да примат плата, да злоупотребат службено возило, да наместат тендер, да земат провизија. Платите на оние стручни лица кои ја носат на свои плеќи АЕК се нешто под 1.000 УСД, што е мизерија во однос на нивните колеги во светот кои имаат трикратно поголема плата. За споредба, во Уганда платите на нивните колеги се 2.000 УСД месечно. Мал дел од овие 30 стручни лица во АЕК деноноќно решаваат сложени проблеми од радиосообраќајот, разни пречки, обезбедуваат безбедни авио летови над македонското небо. Баграта во владата уредила во АЕК поголеми плати да имаат вдомените отколку стручните лица кои ја извршуваат главната функција на Агенцијата. Ионака АЕК служи највеќе за вдомување, па платите на вдомените ги ,,сетирале,, на високи износи, главно над 50.000 денари за одење на работа, останување понекој саат и заминување дома или на шопинг претходно.

За да им поминуваат овие работи, сработува Комисијата на АЕК, инаку потоната во системска корупција. Се што им треба на вдомените, Комисијата одобрува и покрива со одлуки. За се да биде според закон. Овозможено е бескрајно користење на службени возила на АЕК за приватни потреби. Дури, поединци избираат и кој тип на возило им се допаѓа, кое е комфорно. Пример, Петар Есмеров не сакал да се вози со Дачиа Сандеро, туку барал да се врати назад и да му се донесе Дачиа Дастер. Ова е затоа што со посакуваното возило, со резервоар полн до врв патувал на летување во Нидри, Грција и зимување во Банско, Бугарија. Имал и џепарлак со себе, оти како член на Комисијата на АЕК за четири седници годишно добивал по 90.000 денари. Возилото користено од Есмеров е со регистерски таблички СК 6332 АИ. Откако му стигнало и си го земал на користење видел дека има мал багажник, па избувнал веднаш и направил проблем. И морало да се набави багажник за на кровот на Сандерото, што екстра е доплатено и набавено за 500 евра од ,,Еуростил,,. Всушност точно е дека неговата сопруга избувнала и била лута бидејќи нејзините кофери не ги собирал малиот багажен простор на Сандеро. Ама ,,грешката,, брзо била исправена, па не се знае дали од АЕК имало извинување во писмена форма до сопружниците Есмерови.

Инаку, претседателката на комисијата на АЕК, Гордана Клинчарова користи/злоупотребува службено возило на АЕК ,,Рено Лагуна,, СК 766 СИ, без ограничување, делник, празник, сабота, недела – секогаш полн резервоар. Има само неколку состаноци годишно, ама кој смее било што да и каже кога таа носи одлуки од кои зависат паразититите вдомени во АЕК. Единствено поскромна од членовите на Комисијата е Дешира Имери Саити, делегирана од ДУИ. Таа користи службено возило на АЕК ,,Сеат Ибица,, старо преку 15 години, возило пред отпис, СК 489 КК, ама таа не бара ново и не аздисува и со ова кое го користи. Сите возила на АЕК се користат без патен налог, за да нема пишана трага за што и каде се злоупотребувани. Чиста системска корупција.

Овој состав на АЕК наназад две години под власт на ВМРО ДПМНЕ имал обид и да постави непартиски кадар на функцијата директор, но по распишан конкурс како најдобар кандидат се јавил проф. др. Славчо Чунгурски, со најдобри резултати во квалификациите за именување на позицијата директор. Чунгурски е човек од науката, декан е на универзитетот ФОН за информатика. Кога криминалците во владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сфатиле дека е извесно дека на оваа функција ќе биде именуван професионалец кој си ја разбира работата на АЕК и кога се сетиле што се направиле наназад години, за да не останат без службени коли и привилегии, не го ни поништиле тој конкурс туку директно распишале нов, наместен однапред за да биде избран актуелниот Сашо Димитриjоски, по итна незаконска постапка. Димитријоски е некогашен член на комисијата за телекомуникации на ВМРО ДПМНЕ на чие чело беше Зоран Трајчевски, а покрај него членуваше во истата партиска комисија и бившиот директор на АЕК Петар Ивановски, со кривична пријава за притвор и затвор поради незаконско купување на државни обврзници со пари на АЕК. Ивановски ден денес слободно шета и раководи со подружницата на АЕК во Битола. Оти никој ништо не му може!?

Освен вдомени сопруги на криминалци осомничени од СЈО за најтешки кривични дела, во АЕК има и непотизам и вработувања на роднини. Тука е шурата на Зоран Трајчевски (брат на неговата сопруга, Боро Тодоровски), па Вело Тодоровски, чичко на шурата Боро, па старосватицата на Трајчевски, Виолета Поп Ацева, како и кумот Ивица Велковски. Половината од оние што му биле и му играле на свадба на Трајчевски се вработени во АЕК. Роберт Ордановски ги вработил кумот Илија Кепевски и Горан Колевски, врска на кумот. Има и една класично незаконски вработенa сопруга во еден оператор. Сопругата на директорот Сашо Димитријоски спротивно на Законот за електронски комуникации е вработена кај мобилен оператор.

Во периодот кога траела елиминацијата на проф. др. Славчо Чунгурски, политичкиот комесар на ВМРО ДПМНЕ во АЕК и поранешен ВД директор, Владимир Ристевски, во меѓупериод од месец дена, кога се случуваше спојувањето на ВИП со ОНЕ, заедно со тогашниот министер Иво Ивановски намерно го доцнеле одговорот за мислење околу спојувањето. Откако му погодувале на ОНЕВИП за да стане помоќен оператор од Тмобиле, Иво Ивановски заминува во Софија за директор на ВИП Бугарија, а Владимир Ристевски преминува во ОНЕВИП како директор на регулатива. Класична коруптивна шема! На ОНЕВИП му е погодувано така што радио фреквентниот спектар е поделен на три дела, по еден блок фреквенции за секоја од технологиите 2Г, 3Г и ЛТЕ (4Г) за секого. Со спојување ОНЕВИП добил 2/3 а Тмобиле 1/3 од македонскиот спектар. Ова е платено од граѓаните преку зголемување на цените на услугите мобилните телефонски оператори.

Да се вратиме на вдомените. Јасмина Бишлиева, учителка со завршена педагошка академија има поголема плата од најстручниот кадар во АЕК. Ама таа има квалитет, сопруга е на телохранител на Мијалков. Славица Поповска, сопруга на Ѓоко Поповски првообвинет во случајот “Тенк” за набавка на мерцедесот на Груевски била вработена без соодветно образование, па морала да си купи диплома со компир печат, да задоволи форма. Таа интелектуалка денес и шефува на Славица Настевска, доктор на науки по телекомуникации и најголем стручњак во Македонија во оваа област. Во АЕК е вдомена и ќерката на министерот Лепавцов од првата влада на РМ, сестра на амбасадорот во Брисел. Вдомена е и Дијана Транталовска, мајка на режисер/хонорарец, снимател на владини реклами за кревање на патриотскиот криминален дух на бившата влада на ДПМНЕ.

Во АЕК моментно има 129 вработени, од кои 30 се стручни лица, 99 се вдомени роднини или сопруги на криминалци. На чекање е сопругата на Бујар Османи, променета е веќе систематизацијата на АЕК за да биде вклопена како инженерката Сања Димитриевска. Околу 80% вработени се паразити од ВМРО ДПМНЕ кои освен што примаат висока месечна плата, баш ништо не работат. Со овие вдомени паразити секогаш командува политички комесар од ДПМНЕ. Порано Владимир Ристевски, па сега Игор Бојаџиев и Бојана Гошева Стефановска.

                                                              (продолжува)
[widgetkit id=25]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.