Во подготовка е местење на тендер за телефонска централа за потребите на Владата на РМ, целата техничка документација е напишана наменски за еден производител и фирма која мора да го добие тендерот…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Тендерот е објавен и ќе ,,трае,, до 19. 11. 2018 година, тогаш ќе биде конечното доставување на понуди. Инаку е завршен и се знае победникот. Тендерот се мести исклучиво од лукративни и лични интереси, а заради потреба да се набави ваков тип на телефонска централа за Владата. Тендерот е преценет, како во цената на чинење, така и во функционалностите кои ги нуди. Главна поента е дека се мести на најперфиден можен начин.
Ако повлечеме паралела, начинот на кој овој тендер се мести коиндицира со начинот на кој експремиерот, сега осуден криминалец Никола Груевски го местеше тендерот за набавка на ,,Мерцедес,,-от за што доби две години затвор. На ист начин оди и набавката на оваа централа, премиерот Зоран Заев ќе ја парафира, а генералниот секретаријат воден од главниот монтер на тендерот, Драги Рашковски – ,,суредува,,. Ако тендерот помине онака како што го наместил Рашковски, Заев може да смета уште сега на идна затворска пресуда…
Во прилог на овој текст е дел од тендерската документација за набавка на телефонска централа за потребите на Влада на Република Македонија, објавена од Генералниот секретаријат, како корисник на оваа опрема. Техничката документација во барањето на тендерот е направена исклучиво за мабавка од производителот на телефонски централи од Полско производство, SLICAN. Увозник на овие централи е фирмата СИМТ, фирма која добро работеше со претходната власт, а очигледно и со оваа добро и оди работата.
Фирмата СИМТ е постојан добавувач на Македонски Телеком, па по таа линија Рашковски ,,суредува,, овој бизнис проект да оди преку Македонски Телеком, односно на тендерот да се појават Македонски Телеком и евентуално СИМТ, како спотер фирма. Ваков тип на телефонски централи чини помеѓу 1.200.000,00 и 1.500.000,00 ден, што не е случај со набавка на оваа централа. Рашковски предвидел буџет за овој тендер од 7.500.000,00 ден + ДДВ, што значи дека се подготвува штета од 5.000.000,00 – 6.000.000,00 ден, односно околу 100.000 ЕУР од буџетот на Република Македонија.
Телеком и СИМТ досега не се појавувале во Владата, а и во други институции да инсталираат и сервисираат вакви централи, Телеком и нема кадар оти сите стручњаци се или избркани од работа или се трансферирани по фирми под контрола на бившата власт. Овде Телеком со Драги Рашковски влегува во менаџерски посреднички бизнис. Друга фирма досега работела со Владата, поточно со Службата за општи и заеднички работи, која оваа година распишала тендер и таа фирма (ТЕКОМ) монтирала и сервисира централа во СОЗР. Набавката СОЗР ја завршила за цена од 1.200.000,00 ден, цена нормална за ваков вид набавка. СОЗР од ТЕКОМ при набавката добила комплетна опрема која е последен збор на технката во оваа област во светот.
Драги Рашковски не сака така, сака наместен тендер ,,надуван,, за 100.000 ЕУР поскап, да се угради себе и набавувачите од Телеком и СИМТ. При инсталацијата на опремата во СОЗР од страна на ТЕКОМ, на набавувачот му биле вишок неколку апарати (СИП мултимедијални телефони од производителот Grandstream GXV3275) и како заштеда и целосно напредно решение за потребите на кабинетот на Премиерот, директорот на СОЗР Пеце Мирчески, дел од овие телефони решил да ги намести во кабинетот на Зоран Заев. Биле монтирани во кабинетот, ама вендаш дошле стручњаци од УБК кои процениле дека тие апарати МОРА да бидат деинсталирани бидејќи наводно ,,не биле според НАТО стандарди,,. Инаку, инсталираните па деиснталирани апарати биле од американско производство, од фирма од Бостон, УСА.
Наводно, стручњаците од УБК тврделе дека за потребите на Владата на РМ како земја потенцијален член на НАТО, исклучиво мора да се набави ЦИСКО телефонска централа, оти само овој производител е сертифициран за НАТО членки. Всушност, ова било плитко оправдување ТЕКОМ да бидат бидат елиминирани од иден пристап од Владата и идни настапи на тендери. Во тој период, кога е местена централата на СОЗР, имало и сериозен дефект на старата телефонска централа Panasonic KX-T300, која сеуште постои, па овие им ја поправиле. За да си направи простор Рашковски да ги елиминира ТЕКОМ од Владата, секој контакт со него бил проследен со директни критики и непријатно однесување во тој период. Драги Рашковски тврдел дека не се способни, провоцирал и директна конфронтација, па побарал од нив да направат извештај за состојбата на постоечките состојби со телефонската инсталација и телефонските централи во Влада на РМ. Добил таков извештај, го разгледал, им укажал на идните буџети и нови технолошки решенија од повеќе производители, им раскажал прикаска дека нема буџет за нови набавки и дека ќе мора да остане старата телефонска централа!
Но, вистина е дека е мал буџетот за набавки, туку мора новите набавки да одат со штети од по 100.000 ЕУР по тендер. Па неколку месеци подоцна еве излегува тендерска документација за набавка на телефонска централа која фаворизира еден производител, со штета од 100.000 евра по буџет на РМ. Таман колку Заев во пакет со Рашковски, за оваа набавка да си заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба. Инаку, од фирмата ТЕКОМ доставиле допис до Генералниот секретаријат на Владата, со кое се укажува на овие недоследности и индиции за кривично дело. Од ТЕКОМ до секретаријатот доставиле забелешки за целосната техничка документација и укажале на фаворизација на само еден производител – фирмата SLICAN, за набавка на телефонска централа од полско производство. Пишале дека техничката спецификација укажува на само еден производител на овој тип на телефонски централи, дека целата јавна набавка е спротивна на законот.
Одговорот од секретаријатот е СКАНДАЛОЗЕН:
,,Новата телефонска централа МОРА да биде согласно НАТО стандардите, ова беше строго препорачано од Агенцијата за Безбедност и Разузнавање, за што постои и писмена информација.
Согласно НАТО стандардите, прифатливо е исклучиво опремата да биде CISCO, односно опрема која ќе ги исполнува НАТО стандардите.
SLICAN не е фирма која ги исполнува овие стандарди за енкрипција на разговори, и не е соодветна за ВЛАДА на РМ.,,
НАПОМЕНА: Во РМ нема и НЕ ПОСТОИ Агенцијата за Безбедност и Разузнавање. Можно е Рашковски сам за себе да е Агенција!?
Местењето на тендерот е во тек…