logo

Академци

Фрустрираниот бугарски претседател Румен Радев го генерира функционирањето на лабораторијата за продукција на македонски Бугари……

Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет

Објавуваме ексклузивно како оперативци на бугарските тајни служби инсталирани и на универзитетите во Бугарија ги уценувале и наведувале македонските студенти да се декларираат како Бугари! По тој принцип е формирана и групата „битолски Бугари„…

Во средината на 90те годиниа на универзитетот во Благоевград за прифаќање на студентите од Македонија бил задолжен и ги обработувал Антонио Стоилов. Кога кон крајот на 90те години од бугарска страна била пласирана информацијата дека ќе се зголеми партиципацијата  за студирање, кај Стоилов се повеќе студенти од Македонија  барале информација дали е вистина дека студентите од Македонија ќе мораат да плаќаат по 2.400 УСД годишно и што да превземат за да продолжат со студирање во Бугарија?

Стоилов ги известил дека министерството за финансии на Бугарија им доставило решение според кое странските студенти, меѓу кои и од Македонија ќе мораат да плаќаат 30 или 100 проценти од утврдената партиципација за студирање. Стоилов на детално објаснување студентите ги упатувал кај Александар Попов во Софија, но бидејќи групата македонски студенти барале информација без да мораат да патуваат во Софија, Стоилов им објаснувал дека според „103 поставление на Министерскиот Совет, според член 4, алинеа 2, студентите странци треба да поднесат молба до министерството за образование заради тешка социјална состојба на студентот да му се одобри студирање со намалена партиципација од 30 проценти„ .

Но, студентите од Македонија забележале нешто што го пишува во законот а што Стоилов не им го кажал а тоа е дека: „Граѓаните од бугарска националност имаат право да се школуваат во бугарските средни училишта, виши и високи образовни институции во Бугарија и имаат право на повластена школарина од 30 проценти од школарината за странски студенти„.  Стоилов ги убедувал и дека молбите што ќе ги потпишат ќе останат кај него а за тоа и за самиот разговор не треба никому да кажуваат, особено не во Македонија и особено не на македонската полиција или во македонската амбасада доколку ги прашуваат за условите за студирање во Бугарија! Повеќето од студентите одбиле да потпишат такви молби и изјавиле дека ќе го напуштат студирањето во Бугарија. Откако еден од студентите на Антонио Стоилов му соопштил дека со него разговарале и претставници на македонската амбасада, него го фатила паника .

Сепак неколкумина студенти од Македонија, конкретно од Битола, отишле кај посочениот Александар Попов во Софија кој им објаснил дека повластената партиципација е само за студентите кои со нивните семејства ќе се декларираат како Бугари од Македонија. Подоцна во текот на студирањето станува очигледно правилото дека од цели генерации студенти единствено позитивни оцени добиваат студентите од Македонија кои се декларирале како Бугари. Професорот Рупов, поранешен директор на економското училиште во Благоевград, потоа и универзитетски професор по сметководство, за време на предавањата и испитите на студентите од Македонија постојано им посочувал дека тие се Бугари а во повеќето испитни сесии преодни оценки им давал единствено на студентите декларирани како Бугари!

„Буревесник.Нет„ дојде до список на студенти од Скопје, Битола, Делчево, Штип, Кочани и други градови кои во Бугарија студирале бесплатно или со бенифицирана партиципација од 30 проценти, како и дека по правило ги полагале испитите од прв пат  и добивале дипломи. Некои студенти по економија од Македонија не сакајќи да манипулира со нивното потекло прво се испишале од бугарските универзитети со намера студирањето да го продолжат во својата држава но, откако на македонските универзитети им биле побарани високи школарини, наведнале глава, ја потпишале бараната изјава и се вратиле во Бугарија.

Сегашниот претседател на Бугарија Румен Радев, со кого македонскиот претседател Стево Пендаровски со бугарскиот претседателски авион патуваше на чествувањето на „Свети Кирил и Методиј„ во Ватикан пред две недели, на бугарските безбедносни служби им издал наредба засилено да работат на заштита на Бугарите во Македонија, особено во Битола од каде тој добил писмено обраќање дека правата на декларираните Бугари во градот се загрозени!?

На оваа наредба на Румен Радев ниту од македонскиот претседател Пендаровски, ниту од премиерот Заев или од МНР немаше некоја посериозна или подостоинствена реакција…

 

 


   

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.