logo
Search
Close this search box.

Акција ,,ЛАЗАРЕТ,,

Наркомафијата го мерка државното земјиште во Нашата земја, спремно за евтина продажба…

Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет

Трилогијата објавена овде последните неколку денови, а поврзана со организиран грабеж на земјоделците преку Крадежната/Платежната Агенциија, преку субвенции и злоупотреби на ИПАРД фондовите од ЕУ, најпластично ја прикажува методологоијата по која е осиромашуван земјоделецот во земјава, за да не се развива, за да не се шири, за да не зафаќа поголеми површини за обработување. Тоа континуирано ограбување на земјоделците и тоа спречување на развојот наспроти лажно декларираната помош за субвенционирање на развој кој никако да дојде, води кон следната фаза која за Зоран Заев е добитна комбинација и се вика:

КРИМИНАЛНА ПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА ПО НАЈНИСКА МОЖНА ЦЕНА!

Ама Заев го продаде името, па нема причина денес да се сомневаме дека без око да му трепне ќе продава и македонска земја. Фактот дека Зоран Заев е во (ин)директна врска со локалната и светската наркомафија поради позицијата како премиер и директен производител на марихуана, реално ја создава опасноста со донесувањето на законот за продажба на државното земјоделско земјиште, сопственик на голем дел од државава да стане токму наркомафијата.. Причината е проста, во него и сегашната македонска влада и владечка коалиција во Парламентот, наркомафијашите од светските меридијани гледаат свој партнер…

Иако засега не се знае точно колку државно земјиште е испланирано за продажба, особено што ниту државата нема точни податоци, според универзитетски извори се претпоставува дека површината се движи околу 220.000 хектари. Доколку се пресмета дека средната вредност на метар квадратен би била околу половина евро, бидејќи најквалитетното земјиште од прва класа се планира да се продава по едно евро а она од петта класа за 20 евро центи, за да се купи целото земјоделско земјиште, потребни се околу една милијарда и 100 милиони евра. При ова пресметка енигма претставува и зошто владини извори во јавноста изнесуваат податоци дека за целото земјиште, доколку успеат да го донесат законот за продажба на државното земјиште, во буџетот би влегле околу 300 милиони вера?

Но. Најстрашно во целата работа е што ако овие износи се претставуваат како некакви големи и неопходни пари за државава, тоа за наркомафијата и на Балканот и во Европа и светот – се безначајни средства. На пример, само во регионот на Лазарет, Албанија, на годишно ниво шверцот со наркотици само од одгледување марихуана носи профит од над шест милијарди евра а криминалците со дрога против полицијата користат и минофрлачи! Само во една акција на полицијата во Лазарет запленети се 45 тони марихуана! Да не спомнуваме податоци за тоа колку милиони и милијарди е профитот во светските нарко кланови кои шверцуваат наркотици од Италија, Авганистан, Колумбија? За нив пресметаната милијарда и 100 милиона евра за да станат сопственици на 220.000 хектари земјоделско земјиште во Македонија, во центарот на Балканот и Европа е „ситна и занемарлива сума„!

Дали тоа ќе го направат преку правни субјекти, фирми, банки или физички лица воопшто не е важно, бидејќи факт е дека само неколку години по легализацијата на марихуаната во Македонија, тоа станува сериозен криминален бизнис сектор кој се засилува а пирамидално се искачува и до самиот државен врв, вклучително и МВР. За тоа најдобро говори фактот дека при секоја анти нарко акција на полицијата, стана правило да се апсат и полицајци, но и високи полициски функционери! 

Уште повеќе со купувањето и владеењето на толкаво земјиште и особено со бизнисот околу наркотици, кој потоа ќе го започнат во државава, прашање е дали со тек на годините газдите на толкаво земјиште нема да завладеат со многу државни сектори, многу поважни од земјоделството, ако не и со делови од државата? А потоа нема враќање назад, освен со радикални државни мерки а ако земјиштето го завладее наркомафијата, тогаш уште од сега треба да се знае дека во државава ќе се водат вистински војни, по урнекот на Колумбија, Авганистан… но и во некои делови на соседна Албанија и други земји каде полицијата и војската со првиот мрак не смеат ниту да помислат да влезат на тие територии кои ги контролираат криминалците организирани во вистински парадржавни системи!?

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.