Многумина би сакале да дознаат кој е најбогатиот кривопаланчанец и колку „трнлив„ е неговиот пат до успехот и капитал од 5,5 милиони евра, според АНКЕТНИОТ ЛИСТ, без сокриените пари под перница. Арсенчо Алексовски денес милионер потекнат од татко поп во комунизмот, завршува (купува!) диплома за правник, како добро титово пионерче и благонадежен комунист-младинец се вработува како СЕКРЕТАР во ПОС-ОСОГОВО, денешно ЈП Македонски шуми.
Како резервен старешина во УДБА и по налог на истата се зачленува во ВМРО ДПМНЕ со задача да стане претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка, далечната 1990 година. На првите повеќепартиски избори Арсенчо веднаш бива и кандидат за пратеник од истата партија и еден од основачите на градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Скопје…
По извршените задачи од УДБА и успешно инфилтрирање во ВМРО ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски се вработува во МВР, подрачна единица на УДБА во Крива Паланка (1991-1993 г.), но како припадник на УБК не се снаоѓа многу добро, па брзо ја напушта полицијата и подоцна заминува да работи во ,,ТРАНШПЕД-МАКЕДОНИЈА,,, на граничниот премин Деве Баир. Таму поставува барака на диво, со премолчена согласност на тогашната владејачка партија СДСМ, водена од Премиерот Бранко Црвенковски.
Сепак, за да ја сочува профитабилната барака на местото каде ја поставил, Алексовски јавно со изјава за вестите на МТВ во 1993 год., пред новинарот Душко Илиевски – ЈАВНО СЕ ОТКАЖУВА ОД ВМРО ДПМНЕ. Три години подоцна, новопечениот бизнисмен во налет, Алексовски Арсенчо е соочен со поднесена кривична пријава (обвинет е и негов пријател и цариник!) за злоупотреба на службена положба и овластување при стоково царинење. Алексовски се спасува од притвор и подоцна затвор, со помош на судијата Иван Јакимовски од Крива Паланка, кој постапил по телефонски налог/ургенција на судијата од Основен суд Куманово, Миле Поповски (подоцна и претседател на истиот суд од неговите најкриминални времиња!)
По првото доаѓање на власт на ВМРО ДПМНЕ во 1998. година, најлакомиот и најбогат градоначалник на Крива Паланка на сите времиња (ама и во Македонија!), пробува да влезе во шема со власта, преку неговиот зет Митко Тилевски од Охрид , ама не успева поради свежите сеќавања на јавното откажување од ВМРО ДПМНЕ преку МТВ. Гневот и бесот поради овој неуспех, Алексовски го истура во 2001. година врз тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Ѓорѓиевски, со физички напад врз него во просторите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, каде денес пригодно, како спомен на тој настан е сместена обложувалницата на Арсенчо ,,ПРЕМИЕР’’. При нападот врз Ѓорѓиевски бил бесен до степен што сакал да го ликвидира, но жртвата некако спасила глава. По промена на власта во 2002. Алексовски веќе моќен како кадар на СДСМ, ја почнува својата одмаздничка операција.
Прво пишува и доставува анонимна кривична пријава против цариниците и шефот на испоставата на Царината „ДЕВЕ БАИР„, до ОЈО Крива Паланка. Обвинителката Ратка Гоговска, исто така на СДСМ, а блиска пријателка на Арсенчо, пријавата ја чекала по договор и целосно и ревносно ја процесуирала во најкраток можен рок, со асистенција на другарот од детство на Арсенчо, Драган Стојановски викан ,,БУРЕ,,. Тој со пораст на моќта на Арсенчо во тоа време „кога народот ја зема судбината во свои раце!„, веднаш после промената на власта во 2002 година е поставен од Арсенчо Алексовски преку неговите луге во СДСМ Крива Паланка, за заменик Началник во полициската станица. На тој начин, координирано ја спроведуваат одмаздата по сценарио на Алексовски. Сите за кои Алексовски оценил дека му згрешиле и не му дозволиле од 1998/2002 да е во допир со криминалните бизнис, шверцот преку граничниот премин Деве Баир, до еден сурово се казнети.
Сите до еден се осудени на затворски казни од другарката и семејна пријателка на Алексовски, Славица Ѓорѓиевска, кадар на СДСМ и претседател на Основен суд во Крива Паланка од 2005-2009 година. Иако во 2011. Е разрешена поради криминал, сепак додека е моќна му удоволува на Арсенчо Алексовски и ги осудува по спсиок сите оние кои оценил дека му згрешиле. Некои се осудени на казна затвор од 6 месеци а распонот на казните се движел до 4 години. Како ќе нарачал Арсенчо. Накои од обвинетите не дочекуваат конечна пресуда. Умираат од стресови и неправди. Во предизборието 2006 година Арсенчо Алексовски е повикан во ОВР КРИВА ПАЛАНКА, за да врати некое старо југо кое било предмет на должничко доверителски односи помегу,,ТРАНШПЕД,, и неговата новотворена фирма во време, ТРАНШПЕД ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје, отворена на 19. 01. 2006. година со капитал од 317,400 денари.
Ова е период кога „Траншпед„ е насилно и бесправно преземена од кумановецот Јовица Недељковиќ викан БАЈО ОВЦА. Арсенчо Алексовски како докажан криминалец не може да најде заеднички јазик со ист таков како него и откорнува дел од „Траншпед„, и од Недељковиќ. Претходно, во 2005. година АРСЕНЧО АЛЕКСОВСКИ се враќа во ВМРО ДПМНЕ, под раководство на Никола Груевски. Станува потпретседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и кандидат за градоначалник во истата година од оваа партија. Изборите ги губи, па продолжува со вршење на криминал во шпедитерскиот бизнис. Апсен е во предизборието во 2006 година, кога е и шеф на изборниот штаб на коалицијата за подобра МАКЕДОНИЈА во Крива Паланка. Јавно црка дека СДСМ го апсат затоа што е опозиционер, ама и мали деца знаат дека секогаш бил најмоќен кога СДСМ била на власт.
Откако ке дојде ВМРО ДПМНЕ на власт во јули 2006. Арсенчо Алексовски тргнува во освојувачки поход за да ја рашири својата бизнис империја, регистрира фирма ќерка „ТРАН НЕТ КАБЕЛ„, кабловска телевизија во Крива Паланка, а користи влијание од централната власт за да ја уништи конкурентската кабловска телевизија на актуелен член на ИО на ОО на СДСМ во Крива Паланка. Во уништувањето ке му помогнат неговите луѓе од власта. Во 2009. станува градоначалник на Крива Паланка, со што станува уште поалчен. Неговиот бизнис го шири кон Куманово каде со криминалецот Дракче Кимовски регистрира нова фирма пред локалните избори, Друштво за телекомуникации инжинеринг, софтвер, трговија и услуги „ОПТИКАЛ-НЕТ„ дооел Куманово, со почетен капитал од 5.100 евра.
Арсенчо Алексовски во таа фирма има влог од од 1.700 евра. „ОПТИКАЛ НЕТ„ работи на диво и без добиена концесија од СРД, ама кому му е гајле за тоа. Истата година во анкетниот лист како ГРАДОНАЧАЛНИК пријавува дека фирмата чини 10 милиони денари или 150.000 евра, но по една година постоење фирмата се соочува со серија кривични пријави поради криминалното и диво работење. Пријавите се поднесени против одговорното лице, неговата сопруга Лидија Алексовска, која по стапувањето на Арсенчо на функција градоначалник го презема целокупното управување со фирмите од нејзиниот сопруг.
Најголема поддршка за кандидатура таа победничка 2009. Година Алексовски добива од Љубисав Иванов-ЅИНГО. Тој го кандидира за градоначалник на Крива Паланка, највеќе поради тоа што е кум на неговата ќерка. Тогаш Арсенчо си зацртува план да стане кривопаланечки Ѕинго. Најбогатиот градоначалник во Македонија се зафаќа со надоградба на империјата и нејзино проширување така што за бизнис партнер ќе го земе Јовица Стојановски викан МИЈОЛИ, советник од СДСМ во периодот од 1991-1996 година и благонадежен кадар и бизнис елита на СДСМ во Крива Паланка до 1998 година. Но со заминувањето на СДСМ од власт во 1998 година, Стојановски ќе замине од политика во бизнис како новопечени бизнисмен со неговата ТП-МИJОЛИ во стечај.
Арсенчо Алексовски го воскреснува во 2007 година и започнуваат заеднички бизнис, увоз на цемент од Бугарија. Така од пепел се крева фирмата на Стојановски, ТП Мијоли. По победата на локалните избори, Арсенчо Алексовски го вклучува Стојановски со ТП Мијоли како монополист во општината, специјализиран за се: од изградба на градско ВЦ, санација на селски патишта, изградба на Спортска сала, испосница во село Градец и пристапен пат, подизведувач на АЛПИНЕ, па специјализирана фирма за зимско одржување на локални патишта, за сума од 7000 денари по работен час, иако во Македонија пат цената е 2200 денари. Арсенчо Алексовски и Јовица Стојановски го изведуваат и многу фалениот проект (Јавно приватно партнерство!) – изградба на деловни простории и канцеларии за локалната администрација. Сакале да го имитираат Зоран Заев, ама не им успеало.
ТП МИЈОЛИ гради без законски потребната банкарска гаранција од 500 000 евра (а кому му е гајле!), бидејќи општината го ослободува од комуналии и му дава плац без пари. Всушност, банкарската гаранција е непотребна бидејќи ТП Мијоли само фиктивно фигурира како изведувач. а инвеститор и уште сега иден сопственик на деловните простории во срцето на Крива Паланка е алчниот Арсенчо Алексовски, семоќен и недопирлив градоначалник милионер. Се разбира, со амин и благослов од Никола Груевски и Сашо Мијалков, без чија поддршка Арсенчо одамна ќе беше на издржување на долгогодишна затворска казна. Вака, актуелен кандидат е од ВМРО ДПМНЕ за нов четворогодишен мандат во Крива Паланка.
И жив доказ дека со криминали навремено префрлување од СДСМ во ВМРО ДПМНЕ, во Македонија најдобро се профитира. Арсенчо така што „заштедил„ 5,5 чисти милиони евра…
***НАПОМЕНА 1:
Комплетаната доказна документација за криминалот на Арсенчо Алексовски одамна е доставена до Антокорупциска комисија и постојано се дополнува,. РЕАКЦИЈА НЕМА! Еден дел од фирмите на Алексовски со кои тера бизнис сам со себе, воопшто ги нема во централниот регистар. Потпишува сам со себе договори со тие фирми. Доказна документација за кримнал со тендерите е доставена до сите институции во РМ кои се занимаваат со гонење на тој вид криминал. РЕАКЦИЈА НЕМА!А 2: Текстот е пишуван во копродукција со колеги од Крива Паланка кои од разбирливи причини ќе останат анонимни…
- Kреирано на: 12.03.2013
- Прегледано: 130.772