logo
Search
Close this search box.

Алек и Кики

Тиквата во ЕРАЗМУС ,,пукнала,, уште пролетва, ама заинтересирани високи социјалдемократски функционери менаџирале криза и се потрудиле да го скријат скандалот. Ама се замешал НОВИНАР…


Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски

Националната Агенција за мобилност при потрошувачка на европски кеш за образовни проекти со НОТОРНИ називи, скратено ЕРАЗМУС, во мандатот на сега разрешената директорка Лидија Димова, крахираше заради нејзиноот миленик Алек Гочев. Славниот шареникаков револуционер љубител на хедонизам, галениче на Димова, иако во ЕРАЗМУС играл споредна улога, сепак ја превземал главната улога кога дошло до пукање. Пробал да преземе и вина, ама кикснал кај неговиот компањон во игранката, новнарот КРИСТИЈАН ЛАНДОВ викан КИКИ…

Алек Гочев е млад дечко на возраст од 25 години, од образование успеал да заврши средно угостителско трет степен, ама дипломирал и докторирал на Шарена Револуција. Димова го внела во ЕРАЗМУС како свој и како доверлив партиски човек на СДСМ, напредувал до член на претседателство на ОО на СДСМ Кисела Вода. Израснал до најдоверлив човек и асистент на директорката на ЕРАЗМУС, Лидија Димова. Заради нивната блискот го наградила со волан од џип ТИГУАН. Да не оди пеш!

По доаѓањето во ЕРАЗМУС, АЛЕК ГОЧЕВ веднаш се зближил со КАСИЕРОТ. Преку типот, Алек имал непречен пристап до касата на ЕРАЗМУС. Се здушил со Дарко Димитров, кадар на ДПМНЕ во ЕРАЗМУС, задржан од Лидија Димова како експерт за финансии кој се грижи за тој сектор. За да ја сочува милоста на директорката, Дарко Димитров му дозволил на Алек Гочев да брца у касата и да товари кеш кога има потреба. Така одело 2,5 години, на очиглед на сите вработени кои не гледале благонаклоно на оваа шареникаква симбиоза помеѓу Дарко и Алек. Инаку, Дарко Димитров во тој сектор за финансии си ги задржал сите кадри на ДПМНЕ, кога веќе стекнал доверба од Алек Гочев, миленикот на Димова, па штедро му дозволувал да брца у касата, а па на Алек притоа здраво му лепело рачето…

Така Дарко Димитров оставил да се создаде слика дека ,,овие од СДСМ ептен крадат, ама крадат без усул…,,. Што по пукањето на скандалот се покажа дека е точно!

Алек Гочев, две и пол години од касата подигал дневници за колеги и изготвувал фалсификат патни налози со факсимил и кривотворен потпис на директор. Разликата од подигнатите и исплатените пари ја крадел уличарски, без размислување дека можеби ќе дојде ден да биде кривично гонет. На пример, за службено патување од 4 дена, со дневница од 50 евра, Гочев од каса подигал 200 евра, а на колега што патувал му исплаќал 105 евра. Разликата од 95 евра ишла кај него у џеб. Како е тоа можно? Алек Гочев подигал директно од благајна 4 дневници, на колега што патувал му покажувал фалсификуван налог со „одобрени“ 3 дневници. Ако една дневница е 50 евра, Гочев земал 15 евра од секоја дневница за себе. Според пресметката на Алек Гочев, 35 евра дневница иделе за колега што патувал службено, но само за „одобрениот“ број на дневници. Тие 50 евра од „неодобрената“ дневница иделе кај него у џеб. Наместо на благајна, Алек Гочев им исплаќал пари на рака на вработените. Надалеку прочуениот ЌЕШ! Благајничката Ана Павлиду прво протестирала ама добила инструкција од шефот, сопартиец од ДПМНЕ Дарко Димитров, како нејзин претпоставен раководител:

,,Остави го Алек непречено да граба, нека подига пари од благајна, кога, колку и како ќе посака, кога ќе дојде момент ќе си дознае цела јавност како крадат овие од СДСМ!!!,,. Павлиду послушала и го оставила Алек!

Покрај фалсификуваните патни налози со кои ги крадел колегите и ги правел будали, Алек Гочев почнал да подига и пари без налози, директ од благајна, се опуштил. Земал суми пари колку му требало. Сето ова е евидентирано и точно се знае колку пари земал своеволно. Едино не се знае колку ги ректирал носителите на проекти бидејќи имал увид кој колку добива, кога му се исплаќа. Тука станува збор за многу поголеми пари од игранката со дневниците и тие износи може да ги утврди само истрага, доколу рекетираните признаат колку ги ,,стрижел,, Алек. На тој рекет, Алек имал провизија и од јавните набавки, бидејќи фирми кои аплицирале за било која јавна набавка од него биле посетувани со објаснување колку е близок со директорката, колку е влијателен и колку многу може да им помогне да добијат тендер!

Мојот извор од Агенцијата за грабеж на европски образовен ќеш или скратено ЕРАЗМУС, ми посочува дека доказ за фалсификат и крадење од благајна е постапката на архиварката Марика Поповска, претходно секретарка на Дарко Димитров кога тој бил директор на ЕРАЗМУС. Поповска пред да експлодира скандалот во јавноста од фиока ги извадила сите патни налози кои Алек Гочев ги прикрил заедно со неа. Тоа се случило кога Лидија Димова веќе ја фатила паника од она што се случува околу неа, па го известила управниот одбор, а овие повикале финансиска полиција па почнала истрага…

Истрагата досега утврдила дека за секое службено патување на вработените во ЕРАЗМУС откако Гочев се докопал до благајната има по два патни налози, еден фалсификат патен налог потпишан од Алек Гочев со фалсификуван потпис на Лидија Димова или со користење на нејзин факсимил и по еден налог од прикриените налози кои ги задржувала архиварката Марика Поповска.

Димова во месец март о. г. Кога дознала што се случува околу неа, се раазбудила од зимски сон па поднела кривична пријава против Алек Гочев, го избркала од работа и му го одземала службениот џип Тигуан кој претходно му го дала да си го вози 24/7, како да е негов. Со тој џип, кога веќе бил приватен имот н аАлек, неговата девојка Александра минатата година имала сообраќајка за време на викенд, ноќно време. Па од спиење бил кренат Дарко Димитров да помогне, па тој ја кренал неговата сорпуга вработена во МВР како полициски инспектор и СООБРАЌАЈКАТА БИЛА ПРИКРИЕНА!!!

Алек Гочев од работа е избркан во март о. г., за да ја испере Лидија Димова од одговорност дал писмена изјава дека крадел од благајна без најзино знаење. Па како член на ОО на СДСМ Кисела Вода побарал финансиска помош да ги врати украдените пари во касата на ЕРАЗМУС, па да бара враќање на работа. Бидејќи крадел пари 2,5 години на своите сопартијци од ОО на Кисела Вода им сложил прикаска дека парите од ЕРАЗМУС ги земал за да помага во кампањата за претседателски избори, да му помогне на Стево Пендаровски да победи, дека не земал за себе. Ама, прикаската другарите од партијата не ја голтнале, па Алек останал како риба на суво, да се прпелка…

Е во оваа критична фаза од скандалот во игра влегува НОВИНАР. Алек Гочев го наоѓа Кристијан Ландов викан КИКИ, од А1 ОН, кога веќе сфаќа дека му нема враќање во ЕРАЗМУС, па во септември се договараат Кики Ландов приказната да ја отвори медиумски ама Гочев да не биде спомнат никаде, сепаратно да настрадаат Димова и ,,фризерот,, Златковски.

Кики Ландов во договор со Алек Гочев, обвинува повеќе лица во своите објави, ама го крие Гочев се додека обвинителството не отвора случај за да се согледа и улогата на Алек. Дуир н акрај на октомври кога Ландов сфатил дека веќе не можел да го крие и штити Гочев, онака попатно го спомнува неговото име во своите објави, ама дури откако другите медиуми ја прифатија сторијата и отворено го опишуваа Алек Гочев како дел од криминалот во ЕРАЗМУС.

Инаку, пред да го објави скандалот, Кики Ландов го уценувал ,,фризерот,, Златковски и заедно со Алек Гочев му објасниле што ќе го снајде ако не одвои дел од парите од проектите во ЕРАЗМУС, за нив двајца. Но, како што понекогаш се случува, рекетираниот не сака да плати, го фаќа инает, па така се однесувал и Златковски кој ги испратил двајцата уценувачи на други адреси, кај други добитници на пари од проекти…

Тие го послушале и ,,потстрижале,, други тројца што добиле пари од ЕРАЗМУС, ама КИКИ ЛАНДОВ не можел да му прости на ,,фризерот,, Златковски што го одбил, па со сета сила му се втурна заедно со колегите од А1 ОН, пласирајќи во јавноста СТОРИЈА НА ГОДИНАТА која си имала и своја рекет медиумска предигра…

Ова звучи фрапантно ако се земе предвид дека А1 Он ја сочинуваат прочуени новинарски имиња од надалеку прочуената А1 ТВ новинарска школа, скоро сите познати во јавноста по својата чесност, стручност и професионалност до коска. Кристијан Ландов КИКИ изгледа дека е црна овца во таа редакција…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.