logo
Search
Close this search box.

Алфа план, Гео план, Грабеж план

Ако некогаш воопшто дојде до истрага за криминал во ТЕЛЕКОМ, актуелниот главен оперативен директор Горан Трајановски, именуван од актуелната извршна власт, ќе биде главен сведок за расплет во овој мултимилионски криминал…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Во 2006 година, заради недоверба кон Горан Трајановски, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го менуваат од функција заменик главен директор за кадровски прашања. По грешка го префрлуваат на функција проект менаџер за продажба на зградите на Телеком, ама брзо сфаќаат дека не е играч кој е спремен да дели профит од овој криминал, па брзо го тргаат и од оваа функција. Но, додека е тргнат, а пред да почне криминалната распродажба на имотот на ТЕЛЕКОМ, Трајановски веќе ги научил правилата на ,,игра,,. Затоа денес е можен непријатен сведок…

Неговото место го зафаќа кооперативната и разиграна Маја Грнчаровска Адамовиќ, си го зафаќа своето место во тимот за продажба на зградите и станува проект менаџер. Во криминалната продажба покрај неа и големите шефови/нарачатели, се и Васко Најков, тогаш директор на сектор за недвижнини заедно со Миле Георгиев, подоцна трансфериран  во ТЕЛЕКОМ ЦРНЕ ГОРЕ како инструктор по крадење и ,,средување,, на тамошниот подземен катастар по урнек на овдешниот. Во овој период Васко Најков е во Техника, а неговото поранешно место го зазема Лидија Бундалевска. Иако по ланското именување на Горан Трајановски за главен оперативен директор тој се носел со идеја кадровски да ги средува секторите, оневозможен е од Назим Буши и сега веќе заминатиот Андреас Елснер. Без можност реално да раководи со секторите кои му се доверени на Горан Трајановски, кај сопствениците од ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, Трајановски веќе заработи оценка дека е неспособен да испорача резултати. Сурово реално звучи податокот дека во оваа констелација на односи и моќта Жарко Луковски да командува од кафеана, Трајановски можел само попусто да се надева дека оперативно ќе раководи. Не го предвидел Назим Буши и неговите опструкции поради старите врски со Елснер и Луковски, а и гладта на Буши за криминален профит и вработувања на кадар од улица, без образование, по тарифа од 5.000 до 10.000 евра по глава…

Она за што во моментов во Телеком најгласно се молчи и владее апсолутен страв од ревизија е начинот на кој се распродавани објекти по Македонија, заработувани милиони евра и профитирано приватно. Највеќе стравува Назим Буши, како главен поборник оваа криминална распродажба да се спроведува без почитување процедура, како да е негов личен имот, а не сопственост на граѓаните и на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ. Во ПРИЛОГ ги имате табелите како тоа е изведувано, што е продавано, по која цена. Погледајте ги табелите на распродажбата на општествен имот, ако имате трпение и малку познавање, можете и да ги анализирате. Резултатот е ПОРАЗИТЕЛЕН!

Драстичен пример на таква распродажба е објектот на ТЕЛЕКОМ во Ново Лисиче, скопско. Продаден е топтан за 300.000 евра, а апсурд е дека овој ПОТРЕБЕН објект денес е под наем на ТЕЛЕКОМ, каде компанијата сега си плаќа месечен наем за централата која се наоѓа во објектот. Пред да биде продаден објектот во Ново Лисиче, продажбата одобрена од директорот Васе Најков ја спровела во дело Милица Пижевска. Организирала кражба на дваесетина клима уреди, еден уред за греење ,,Тајфун,, и огромен агрегат за струја. Заминале во непозната насока. Истата таа Пижевска е (не)одговорна и за опремување на канцеларии и оние т. н. ,,окени,, (големи простории во кои работат на десетини вработени со слушалки на ушите, оние кои најчесто не можете да ги добиете кога ги барате. Сличен случај како Ново Лисиче е објектот на Телеком во Општина Карпош. Назим Буши веќе го продал, се подготвува на тоа место да никне станбена зграда во која Буши ќе добие одреден број станови, а централата на ТЕЛЕКОМ е планирана да биде сместена во подрум на зградата која ќе биде изградена…

За да не се губи време се организира грабеж и на сосема друго ниво. На заминување, додека чека смена, Горан Трајановски треба да аминува замена на сите рутери што се на бакарни кабли, со објаснување дека е во прашање осовременување на работата, дека е неопходна промена на технологијата. Се работи за бројка од 150.000-200.000 рутери. Стручни лица кои консултирав ми тврдат дека промена на технологија на бакар е уназадување, а не унапредување. Промена на технологија може да има на оптика, а не на бакарни мрежи кои се стари четириесетина години и не се одржувани воопшто. Очигледно е во прашање чисто перење на пари со веќе купени “кинески” рутери, заради проба…

За да се оправда овој последен грабеж, од Техника на ТЕЛЕКОМ постојано ја ресетираат платформата и така постојано се ресетира рутерот кај потрошувачите дома. Корисници кои се јавуваат на 080012345 и бараат објаснување, добиваат ФАЛШ одговор дека се поставува нова технологија, па се прави налог за замена и корисникот добива нов кинески рутер. Ова на корисниците им се објаснува како глобален проблем, бидејќи знаат дека тоа никој не знае ни да го протолкува ни да го сфати, ама нели глобалниот проблем треба да се решава. Го решаваат со ,,новите кинески рутери,, (види насловна фотографија)…

Постои можност Горан Трајановски да не се согласи на овој грабеж, постои можност да се спротивстави!?

ТАБЕЛИТЕ ги имате на линкот подолу:

Преземи Документ: >> ⇓ <<  

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.