И мртов Аркан уште си има влијание врз битолски судии. Неговата ќелија во овој суд си функционира…
Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет
„Буревесник.нет„ во неколку продолженија ќе објави истражување на околностите под кои се случи убиството и подоцнежното судење во Охрид, на новогодишната ноќ 2016 година кога Бојан Угреновиќ од Србија го уби Димитар Матилоски. Случајот заврши со чудно организирано бегство на убиецот од Македонија и разрешување на охридската судијка Весна Кичеец во 2021 година после постапка во Судскиот совет поднесена од анонимен „разочаран граѓанин„?
Убиството се случува утрото на 01.01.2016 по новогодишната прослава во и пред охридскиот кафе бар „Табана„. Бојан Угреновиќ од село Коњарево, општина Краљево, Србија, наводно за неважна и случајна кавга со неколку удари со рака и нога, внатре во барот а потоа и на тротоарот пред барот го убил Димитар Матилоски. Со Угреновиќ биле присутни уште неколку негови пријатели кои веднаш по апсењето на убиецот, ја напуштиле Македонија.
На Угреновиќ му беше определен притвор а судската постапка почна на 17.10.2016 кога на судијата Весна Кичеец од Основниот суд Охрид преку АКМИС системот и е доделено судењето на предметот. Со тоа почнува долгогодишната судско – криминално – мафијашка авантура која привидно завршува во 2021 година со разрешување на судијката Кичеец од страна на Судскиот совет заради „нестручно и несовесно вршење на судиската функција„. Конкретно ,,нестручно и несовесно,, го судела предметот така што создала услови обвинетиот убиец Бојан Угреновиќ да биде ослободен од притвор и да побегне од земјава а со тоа и да не биде казнет за убиството кое на почетокот на судењето го признал а со изречената првостепена пресуда бил осуден на 16 години затвор!? Овде веднаш се поставува прашањето како се случило осудена личност за убиство и изречена казна од 16 години затвор да излезе од притвор и да побегне од земјава? Кичеец си ја завршила својата работа со донесување на драконска затворска казна преку пресуда, а подоцна е казнета заради негово бегство. Така испаѓа…
Во предметот „Угреновиќ„ постапуваат повеќе судови, судии, адвокати, Судскиот совет, Врховен Суд како и непознати лица кои се дефинираат како „разочаран граѓанин„!? Почнувајќи од охридската полиција, преку ЈО Охрид Стојанчо Арнаудоски, па Основен суд Охрид со претседател Милчо Клишески, па судијата Весна Кичеец, па по жалба на пресуда предметот бил решаван во Апелациониот суд Битола. Таму постапувале судиите: Љиљана Чочковска, Ружица Ивановска, Анита Милошевска, Жаклина Доведен, Никола Крстевски. Во Судскиот совет по предлог на „ азочаран граѓанин„ постапувал составот од периодот во 2020 година кога претседател е Киро Здравев, а за разрешување на Весна Кичеец била донесена на 30.12.2020 година потпишана од Здравев.
Во Врховниот суд одлучуваат судиите Снежана Ѓеоргиевска Зекирија, Владимир Стојановски, Лидија Мартинова, Гордана Ѓорчева, Лиле Наумовска, Златко Анѓелковски, Софија Манева, Бојан Мартиновски и Блашка Радиновска. Последната фаза на судењето на Бојан Угреновиќ од Краљево, Србија е негово ослободување од притвор со скандалозна судска одлука, по што тој едноставно си „отпатувал„ од земјава. Ама, од тој притвор не го ослободила разрешената Весна Кичеец!
Истражувањето на екипата на „Буревесник.нет„ досега до сериозна информација дека во целиот случај се инволвирани личности блиски на некогашниот воен командант на единицата „Тигри„ во Србија, Жељко Ражњатовиќ Аркан, кој имаше сериозни лични и командантски „професионални„ односи со Македонија. Иако Аркан беше убиен во 2000 година очигледно аркановските структури останале, не само во Србија туку и на Балканот и во Македонија! Во случајот со судењето на Бојан Угреновиќ, кој лично само се спасувал од 16 годишна затворска казна, за македонската јавност е од државно – политичка важност кои личности од македонското судство биле и се под влијание и контрола на тогашната и сегашната српска мафија?
Продолжува: Кој во Битола праќаше смс пораки до судиите за убиството од Угреновиќ?