Од Охрид добив допис од член на МВР ДПМНЕ. Детално опишува како функционира локалната екипа на Сашо Мијалков и Никола Груевски. ФАМИЛИЈАРНО, како и низ цела Македонија! Не менував ништо во дописот, за да не правам забуна. Името на авторот ќе остане тајна, за да не настрада, НЕЛИ ТАКА!?
Повелете, прочитајте го ова поучно четиво:
Отворено писмо од Загрижени вистински Вмровци за ситуацијата во партијата, која сите ние макотрпно ја градевне години и години а неколку поединци и фамилии со своите султански постапки сакаат да ни ја срушат за неколку месеци.
Се работи за една мала група поединци, приврзаници на бившиот официр на ЈНА Атанаско Михаилов од Делчево, кои што слепо слушајки го си ја обезбедија фамилијата за наредните 100 години. За разлика од овие полтрончина на Атанаско Михаилов, ние правите вмровци останавме само со бајракот и стапот од него во раце.
Да почнеме од самата глава, пирамидата Атанаско Михаилов, претседател на О. К. на Вмро Дпмне – Охрид, кој е и директор на центарот за јавно здравје во Охрид, а неговата сопруга си ја стави за раководител на подрачната единица на министерството за образование во Охрид.
Тука заставникот не застанува туку експресно го вработува и внукот по жена, Никола Ристовски, во градската библиотека Григор Прличев а го постави и за претседател на месен комитет Воска – Охрид, каде патем речено се вработува и потпретседателот на местен комитет Воска, Никола Блажески. Односно каде внукот таму и другарот.
И мислевме дека тука ВМРО ЈНА ке престане, ама се излажавме. Тука е и неговата пријателка од центарот за јавно здравје, Наташа Ложанкоска Несторовска, која ја постави за главна сестра и замислете за претседател на управен одбор во неговата фирма. Секако се потруди да и даде и соодветно високо образование за некогаш можеби ако и потреби, кога заставникот не ке е тука. Најголем гаф ке биде ако се оствари тоа што се најавува да ги донесе од Кичево шурната и баџанакот, за да ги вработи во градска болница Охрид. Фамилијата да биде цела на собир, разбира се.
Следен на листа е и некогашниот член и кандидат за советник од лигата за демократија Борче Матески – Еским, секретар на општинскиот комитет. Овој шетач низ партиии, на хартија втор а можеби и прв човек во партијата во Охрид, експресно се вработува во шумска полиција, а својата свршеница Менче ја вработува во министерство за земјоделие.
Секретарот – таксист не се задоволува со тоа туку експресно влегува во управен одбор на „Охридско Лето„ а неговата свршеница ја поставува во управен одбор (замислете во фирмата на каплар Атанаско), во центар за јавно здравје. И замислете во тоа дувло на корупција има уште една Матеска, сопругата на братот на кадровикот Борче Матески. И после немало непотизам!?
Мислевме сепак дека ова ке биде се!? Ама пак се излажавме. Не беше доста па и својата сопартијка од времето на лига за демократија Борче Матески ја постави за директор на ОУ Григор Прличев – Охрид, Силвија Мојсоска. Таа исто со Борче беше на листата на советници од 2005. година и сето тоа со помош на другиот секретар на партијата, Јане Цаноски.
Тој пак (Јане Цаноски), главен кадровик за вработување од областа на образованието (заедно со сопругата на Атанаско, Менче), е поставен за директор на средното уцилиште ЕМУЦ, својата сопруга ја вработи ни повеке ни помалку туку на царина. Јане Цаноски – организационен секретар на ДПМНЕ или познат во деведесетите години во Пештани, Љубанича, Елшани и Трпејца, како главен ловец на Вмровци или Вмроовчишта (според негови зборови), истиот тој Јане кој го постави својот другар и колега од времето кога заедно беа во 5.-ти ешалон во СДСМ – Зоран Симоноски, за вмровски кординатор а сега по најново стана и директор на ЈП Градски Гробишта – Охрид. Онаку, заедно одеа и на рибокрадство, за што има претставка во полиција за рибокрадство.
Следниот на листата на четворицата мускетари на Дпмне – Охрид е младиот Сашо ДОНЕВ, најново откритие на заставникот. Прво помагајки му да победи на некаков си внатрешен избор за прв човек на УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Вработувајки го во бирото за развој на образование и екпресно за советник во општинскиот совет, па плус и координатор, а сега дури го форсира и за претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, за во случај нели не дај боже Атанаско ако падне, па да си има продолжена рака.
Да продолжиме со неколку фамилии, приврзаници на Атанаско во Охрид кој што толку многу се офајдија така да ние обичните смртници не можеме да сонуваме следните 100 години:
Фамилија Јовчески, некогаш со комунистичко минато а денес главни вмроовци. Таткото Лазе Јовчески, некогаш директор во ЗОИЛ Македонија, денес пензионер со директорска пензија, неговата сопруга Мирјана директорка веке девет години на Државниот завод на статистика – Охрид (секогаш кога има попис, оди на боледување). Синот Димитар Јовчески го вработија во пазарна инспекција, а керката во новиот универзитет Св Апостол Павле, како професорка. На крај и зетот се вработи, во Основниот суд Охрид.
Приказна за себе се Фамилија Кесковски. Ореводецот Милијана Кесковска, сестра на поранешен заменик министер за здравство, е економски директор во Градска болница – Охрид, а нејзиниот сопруг во спортската сала Охрид. Едниот син го вдомија во подрачното министерство за финансии, а другиот кај мама во Градска болница. Едната снаа во градска болница кај свекрвата како доктор, а сваќата во средно угостителско училиште како професор. Другата снаа е на пат да се вработи, за да не се лути и на свекрвата. Процесот е во тек…
Ако мислевте дека тоа е се од фамилијата Кесковци во Охрид се лажете, има уште. Претседателот на мк комитет „Билјанини Извори„ нивниот прв братучед Борче Кесковски е тазе вработен во ЈП „Комуналец„. Се претставува јавно како социјален случај, а вози џип од 20.000 евра.
Фамилија Маркоски: Тане Маркоски вработен во „Капетанија Охрид„, човек кој по цел ден е по кафани или популарно кажано 24/7. И кога тонеше и потона корабчето „Илинден„ и се издавија бугарски туристи, Тане си беше во кафана. Синот му Драган Маркоски е вработен во аеродром Охрид (инаку е координатор во мк Билјанини Извори). Братот Љупо Маркоски е вработен во „Охридско лето„. Па иде после ово ред:
– Неговата снаа во централна градинка
– внукот Славчо Маркоски во фонд за здравство
– другиот внук Горан Маркоски во пожарна Охрид
– уште една снаа Маркоска во подрачна инспекција
– и уште една снаа Маркоска во СВР Охрид
– и уште една снаа Маркоска во Градска Болница
(не знаеме има ли уште снаи и внуци Маркоски за вработување!?)
Фамилија Андоновски: Татко Владо – член на ОК и комисии при ОК, а сега пензионер, но и член на управен одбор на градска болница. Мајката Андоновска во државен завод на статистика Охрид. Синот Теодор член на борд на директори на ЕМО а. д., она исто ЕМО кое наводно пропаѓа и од него бркаат работници од работа. Ама поставуваат свои нови членови (исклучиво роднини!) во УО за подебели суми. Керката Јасмина вработена во новиот информатички факултет како библиотекарка.
Фамилија Бошалески: Ѓоко Бошалески, потпретседател на Ок на Вмро Дпмне Охрид и претседател на мк Горна Влашка маала. Со години е директор на пазарна инспекција Охрид, а неговата сопруга Наташа пали и гаси во СВР Охрид каде е вработена. Овие изградуваат една мала империја во Охрид. Од човек познат на времето пред да стане директор, познат по неговото ,,дај брат едно цигаре,,, денес Ѓоко Бошале е познат под прекарот ,,фала многу и пријатно,,, што во превод значи „земи и не плати„. Од него проплака цела чаршија. Денес дома со Наташа си имаат куќна помошничка, а покрај дома и базен, нова фасада на домот, па си купија дуќани, купија станови. И малку им е, па неговиот брат Марјан Бошалески го вработи во некакво биро за развој на образованието во Охрид.
Потпретседателот на ОК Вмро Дпмне, Зоран Велјаноски, прв братучед на првиот парламентарец Трајко Велјаноски е директор на националниот парк „Галичица„. Зоран е некогашен бизнис партнер на фарбарот Крле, близок на поранешниот градоначалник. Братучедот на Трајко, своевремено ги прошета партиите низ Охрид, како која и кога му требаше, од нашата, па премина во ВМРО Народна, па беше и во СПМ и пак се врати кај нас. Сопругата му е вработена во ПРО АКВА, а сестра му е судија во Управен суд.
Кичевското лоби во Охрид го предводи братучед на Илија Китаноски, пратеник од нашата партија. Гоце Корабоски беше вработен во аеродром Охрид, но од таму излезе со голема отпремнина, неколку илјади евра и премина во борд на директори на ЕМО а.д. (ах тоа кутро ЕМО да знае да зборува). Па малку му беше тоа па оди и на работа кај Бошале во пазарна инспекција, да му „помага„.
Трансферите од аеродром не завршуваат тука. Познатиот војвода Шишкоски Николче од аеродром, со висока отпремнина директно премина да работи во Управа за државна безбедност во Охрид, на место со високо образование а има завршено само тригодишно средно угостителско училиште. Ама добар е со министерот министерот за образование Спире Ристески, па понатаму се е можно. Посебно на позиција за разбивање на терористички групации (така да, бегајте терористи од Чишко Чак Норис). За неговите шанкови и диско клубови кои ги работеше години наназад, закупувани по багателни цени, воопшто да не зборуваме. Ама како вистински патриота антички си земал Шишко Војвода и резервен пасош од една соседна земја, колку да му се најде ако дојде време за бегање.
Неговата сестра Тања од Скопје, кога Шишко стана фактор во Охрид, експресно продала се во Скопје и веднаш доби социјален стан во Охрид, за да не е на товар на братот Шишко, а за да не биде сама во градот на езерото, стан доби и нејзината другарка Билјана Мише. Да има од што да живее, да има свој денар, Мише ја вработија веднаш како учителка.
Членката на ОК Вмро Дпмне Охрид, Флорентика Стерјоска, Султанот Атанаско од ЈНА, ја зема кај него во центарот за јавно здравје, како член на УО. Што ли управен одбор ќе беше ова. Стерјоска ја вработија во ТЛЕР, а да има дополнителен приход беше и членка на пописна комисија на пописот што пропадна.
Славица Јанкоска, претседателка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Атанаско Михаилов ја постави директорка на историски Архив – Охрид, а нејзината ќерка Марина се вработи во некаков Институт за истражување и пратенички прашања. И колку да не зборуваме за непотизам, сепак еве и неколку соседско другарски односи и врски на Славица Јанкоска:
– Наташа Митиќ во СВР Охрид
– Христина Трајаноска Градска болница Охрид
– Марина Трајаноска (докторка), Костозглобна болница Охрид
– Горан Попоски професор во средно училиште
– др Тони Чифлигар Градска болница Охрид
Претседателката на Унија на жени ВМРО ДПМНЕ на Стар Град, Димитрова, Султанот Атанасако ја постави за началник на служба за вакцинација, а нејзината новопечена снаа Ана Манева Димитрова, ја презема од редовите на СДСМ и првин ја вработи на информатичкиот факултет, а потоа ја префрли директ во Оптшиснкиот катастар, како началничка.
Нови претседатели на местни комитети: МК Даме Груев Охрид, претседател Виктор Апостолоски се вработи во локалната самоуправа, а неговата млада жена Наташа Апостолова, се вработи во министерство за финансии, подрачна единица Охрид.
Уште еден претседател на МК Радојица Новичиќ, Борче Неделкоски (таксист), го вдоми синот во СВР Охрид, а сега се чека на вработување во локална самоуправа и за неговата сестра и ќерка на Борче, колку да не остане покусо и дома да нема лутење.
Да не ги заборавиме и поранешните советници:
Каролина Буџакоска веднаш е вработена во Охридски Комуналец
Љубен Буџакоски во Нискоградба, неговиот брат во Телеком Охрид, неговиот стрико е бивши директор на Гимназија, неговиот братучед работи во царина Охрид и сите снаи им се вработени. Само мачето кај Буџакоски остана невработено, за греота.
Љубица Мојсоска професорка во средно училиште и директ вдомена во УО на Комуналец.
Претседателот на МК Центар, Славчо Ристески десна рака на Атанаско Султанот и главен врескач на состаноци во одбрана на Атанаско, првин го вработија во Градска болница, а потоа бидејќи тоа му било малку, го препратија во социјални грижи каде конечно е згрижен. А да не биде покусо и еден шанк на езеро доби, за налето да не се досадува на работа.
Капларот и Султан Атанаско Михаилов не го заборави ниту својот пријател Никола Тренески (со сите негови афери). Го постави на советничка листа и за директор на, ни повеќе ни помалку, туку на Охридската гимназија.
Нов адут на фамилијата ЈНА е претседателот на МК и член на „дрим тимот„ на Атанаско Михаилов, Николче Милески. Него Султанот го вработи во Центар за јавно здравје како личен возач, за да му се најде за по пат (Охрид – Скопје) или само до Кичево, а дневници се пишуваат дека се патувало до Скопје.
Кога сме кај легендарното директорување на Капларот Атанаско во Центарот за јавно здравје, тука е и сопругата на уште еден координатор, Горан Усовиќ, а него го постави за член на надзорен одбор во ЈП Погребални услуги.
Поставувањето на членови на „дрим тимот„ во УО се виде како делотворно, па така и членката од Унија на жени при МК Илинден и членка на комисијата за култура Катерина Баулоска ја постави во надзорен одбор на ЈП Нискоградба, а во меѓувреме е вработена и во ТЛЕР во локална самоуправа, а работи и како секретарка кај градоначалникот, колку да ја заличи Општината. Со Баулоска редовно оди и несудената советничка Весна Јованоска. Како нејзин приврзок.
Еден од ретките членови на Унија на ветерани, Смиле го вработи својот син во матично за да не биде сам ветеранот Никола Велјаноски – Бикче (во последно познат како Павароти, нејасно е зошто!?), кој ги вработи сите работоспособни од дома.
Поетот Мирко Томоски стана член на управен одбор на Градска библиотека (каде има повеке вработени отколку книги), а неговиот син Гоце, моќниот кадровик Атанаско ЈНА, го вработи во Градска болница. Гоце Маркоски е зет на советникот бегалец Величе Маркоски.
Љубен Арнаудов, директорот на Градската болница и претседател на МК Стар Град, својот заменик го вработи во ЈП „Охридски комуналец„ а таму најде место и блиската фамилија на Атанаско и Бакрачески, Орачеви Иван и Цеце. Иван од работник во Зеленило сега по најново стана шеф и не слегува од службеното возило на Комуналец. Така наплаќа за изгубените 8 години колку што беше во опозиција и чекаше да стане власт.
Поранешниот директор на Градска болница др Арсе прво својата сопруга др Мира ја вработи кај официрот Атанаско, едната ќерка ја вработи во Градска болница а другата во Здравствен дом, за да не си љубоморат една на друга.
Професор Професор Мариноски е прикаска за себе, заради вработување на својата ќерка доктор во Маларична – Охрид. Неа ја преземаа од партиската комисија за туризам при ВМРО ДПМНЕ, а пред тоа раководеше со иста таква комисија за туризам во СДСМ.
Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, ова се само дел од лудориите и непотизмот на ВМРО ЈНА, Султанот Атанаско Михаилов и неговите послушници. Секако дека е испуштен понекој. Овде не опишав како и на кој криминален начин Атанаско Михаилов го зголеми својот имот за 4 – 5 години. Сосема е сигурно дека не се збогати од плати и дневници, кои ги зема секој ден колку за трошок наоколу. Да не гиба од азното.
А нам после се, в раце ни остана само БАЈРАКОТ на ВМРО ДПМНЕ. И стапот од него.
Со почит, загрижени членови на ВМРО ДПМНЕ и вистински вмровци – Охрид
- Креирано на:
- Прегледано: