logo
Search
Close this search box.

,,Авукат,, Бошков и ,,бизнисмен,, Чили

Винарија Езимит, Езимит Холдинг, Езимит вино, се штипски компании и штипски бренд, поврзани со Зоранчо Митровски викан Чили, мистериозен бизнисмен кој ептен ретко се појавува во јавноста, освен кога баш мора.

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Ретко или само понекој знае дека Митровски е еден од најголемите поддржувачи на паднатиот режим на Фамилијата, но поранешен поддржувач и на ВМРО ДПМНЕ од периодот на владеењето на Љубчо Георгиевски. Митровски е еден од актерите на криминалните договори за размена на вино и тутун за оружје и хеликоптери од Украина, заедно со Марјан Ѓорчев. Трагите на провизиите од тој криминал водеа кон една израелска банка, ама владата на Бранко Црвенковски беше неспособна да ги следи и да го расчисти тој криминален бизнис. Дел од мултимилионскиот бизнис подоцна исплива на површина, меѓу другите и кај Зоранчо Митровски Чили, преку неговиот божемен успешен бизнис со вино. Но, се провлекува и низ повеќе други матни бизниси, странично го има и во проектот ,,Скопје 2014,,. За неговото криминално минато, спасувањето од долгогодишен затвор во режија на екс министерот Владо Поповски, за сомнителната ,,дипломатска,, кариера како почесен конзул и блискоста со Сашо Мијалков и Никола Груевски, во друга прилика.

Сега да загребеме само површински и да прашаме: кој тоа во институциите задолжени за кривичен прогон не ги процесуира до крај нерасветлените криминални препродажби на државно, ама и приватно земјиште, во режија на штипскиот адвокат Сашко Бошков и Зоранчо Митровски Чили!? Во оваа прилика само ќе ги презентирам јавно, а во некоја следна ќе ги анализираме крининалните двојни препродажби на имот и недвижнини во Штип, преку ангажман на охриѓанката Ленка Каневче, преку инволвирање на српски државјани кои дале полномошно во нивно име да се купува и прекупува, да се поништувааат и одново да се потпишуваат договори. Во оваа ,,игра,, измамени се сопствениците на фирмата ,,Нико 2002,, од Штип, а ГЛАВЕН актер е Сашко Бошков, адвокат од Штип, инаку најдоверлив човек на нарачателот на овие препродажби, Зоранчо Митровски викан Чили, сопственик на Винарија ЕЗИМИТ. Адвокатот Бошков е на чело на ЕЗИМИТ Холдингс. Бошков и Митровски, слична игра како со недвижнините играат и во случајот на купопродажба на ЕНГРО ТУШ Македонија, чиј сопственик беше ТУШ Словенија, во бизнисот со пропаднатите маркети низ цела Македонија.

Сашко Бошков, преку Ленка Каневче од Охрид, располага со полномошно да потпишува во нејзино име и потписи од тројца српски државјани (види факсимили), како и од двајца жители на Прилеп. За да ги доведат во заблуда сопствениците на ,,НИКО 2002,,, Сашко Бошков во договор со Зоран Митровски Чили, соработува со фирмата ,,Матиќ инженеринг, од Скопје, сопственост на Марјан Матиќ. Измамата е откриена во момент кога сопствениците на ,,НИКО 2002,, за купеното земјиште и купената недвижнина прават обид да се вкнижат во катастар, ама ја осознаваат горчливата вистина дека сопственик е сосема друг.

Засега не можеме да ја расплетеме приказната до крај затоа што ниту органите на прогонот не можат да се снајдат во морето измами, фалсификати и злоупотреби кои адвокатот Сашко Бошков ги направил, а Зоранчо Митровски Чили ги нарачал. Најточно до вистината е дека имале заштита од бившата власт, дека имале гаранции дека што и да направат ќе добијат сатисфакција и дека никој нема да смее да преиспитува како ги измамиле сопствениците од ,,НИКО 2002,,. Истрагата против Сашко Бошков и Ленка Каневче сепак е покрената и дојдена е до одредено ниво. Во тек е прибирање на целокупната доказна документација која не е мала, а не е ни единствена, бидејќи кај органите на прогонот се јавуваат нови и нови измамени од страна на Бошков и Митровски…

[widgetkit id=29]  

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.