БЕЧКА ПОЛИТИЧКА ШНИЦЛА

Пишува: Зоран Божиновски

Политичката судбина на Нашата Земја е решена во Виена уште пред 2 недели. По урнек на решавањето во текот на 2005 година кога ,,изборите,, 2006 биле договорени на три средби помеѓу ГРУЕВСКИ и БУЧКОВСКИ, а на тогашниот премиер му биле исплатени 8 милиони евра од МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ…

На состаноците на позицијата со опозицијата СЕГА во Виена, позицијата и сите заинтересирани биле посторени под ,,тренерска,, палка на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, а биле присутни и неколку крупни фигури и од албанскиот блок и двајца од ВМРО ДПМНЕ. Преговорите се завршени на штета на граѓаните на Нашата земја, ја скроиле политичката карта за 2024 година.

Присутни биле екс министерот за култура Роберт Алаѓозоски, вицепремиерот  Фатмир Битиќи, екс министерот за здравство Венко Филипче и три пратеници од СДСМ. Имало и тајкуни/финансиери на целата операција, Никола Груевски бил на постојана врска и бил ептен задоволен од договореното. Присутните во Виена успеале да го помират со братучед му Сашо Мијалков, со директно посредување на вториот братучед Влатко Мијалков.

Сите едногласно биле ЗА тотално уништување на ОРЦЕ КАМЧЕВ и неговата сегашна сопруга НАТАША САВОВА. Дури од Зоран Заев имало предлог да ги тераат КАМЧЕВИ до ,,пуштање,, низ канализација!

Договориле до крај на годината од затвор да бидат пуштени сите осудени за 27 април, со условни казни кои ќе бидат донесени по нивни жалби до повисоките судски инстанци. Договориле фингираните и фалсификатни избори да се одржат во редовни термини, Стево Пендаровски да биде кандидат за претседател на таа нивна ,,Европска Северна Македонија,,. ВМРО ДПМНЕ ќе треба да предложи некој шутрак кој ќе глуми кандидат и ќе црка како и секој губитник, колку да се палат будалите од таа партија кои ќе си го доживуваат како сериозен претендент.

Сето што е договорено во Виена ќе мора да го испочитува Христијан Мицкоски, ако сака да си ги задржи бизнисите со мали хидроцентрали, ако не сака да биде политички истресен од земја поради наркоманското минато и ако сака да не се најде на американската ЦРНА ЛИСТА, заедно со Камчеви…

Гарант на овој договор се САД и ГЕРМАНИЈА, во договор со АВСТРИЈА и УНГАРИЈА…

(изворот е актуелен министер во Владата на Ковачевски)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.