Најавата на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски и неговите колеги пратеници, доцна попладнето на 23.12. дека ќе го се обидат да спречат Собранието насилно да донесе Буџет по вкус на Никола Груевски, на премиерот му даде 14 часа предност да ги организира криминалните рекет групи од МВР, водени од автолимарот Ивица Анчевски Пуки, вгнездени во единиците „АЛФИ„ и „ЕБР„, за напад на седиштето на СДСМ…
Иако ВМРО ДПМНЕ и Владата ваквите напаѓачки групи ги сместува во рубриките „социјалци„, „земјоделци„, и „незадоволни граѓани„, сепак сите сведоци и учесници во жестоката физичка пресметка пред седиштето на СДСМ на 24. 12. после 10 часот предпладне, тврдат дека препознале припадници на единицата „АЛФИ„ и „ЕБР„. Според сведоштво на мојот извор, некаде околу 10:20 часот пред седиштето на СДСМ во Скопје една поголема група насилно расположени „незадоволници„ од политиката на опозицијата, меѓу кои преовладувале припадници на единиците „АЛФИ„ и „ЕБР„, направиле обид да извршат упад во просториите на СДСМ и да ги повторат случувањата од пред неколку години од дискотеката „Процес„ во ГТЦ, демолирана комплетно и патемно претепани вработени во неа.
Но, напаѓачите на седиштето на СДСМ биле непријатно изненадени од пречек на 150 луѓе кои веќе имале СМС дојава од вработен во МВР кој го слушнал командантот на единициата „АЛФИ„, автолимарот Ивица Анчевски Пуки дека една комбинирана екипа од нему лојални криминалци инфилтрирани во „АЛФИ„-те и припадници на „ЕБР„ веќе е упатена кон седиштето на СДСМ. Домаќините кои биле околу 150 на број влегле од задниот влез на седиштето на СДСМ па подготвени ги дочекале насилните напаѓачи, платеници од ВМРО ДПМНЕ со полициско овластување, гладни за тепање. За да има некаква камуфлажа и театарот на ВМРО ДПМНЕ пред седиштето на СДСМ да биде одигран по подготвеното сценарио, регуларната полиција правејќи кордон пред влезот во дворот на седиштето на СДСМ ги подзадржала напаѓачите од МВР ДПМНЕ. Во тој момент, според очевидец кој присуствувал на овој настан, одбраната на седиштето на СДСМ на изненадување на напаѓачите и полицијата од кордонот, извршила директен напад врз нив, го пробила кордонот, а одбраната имала засилување и од зад грбот на „АЛФИ„-те и „ЕБР„. Ги изненадила екипа која со Џип зелена боја пристигнала веднаш зад нив, излетала од него и изненадените „АЛФИ„ и „ЕБРИ„ ги расфрлала како кугларски кегли. Со помш на оние 150 од зградата на СДСМ набрзина ги разбиле и растуриле на неколку помали групи, од кои едната во која биле концентрирани припадниците на МВР се издвоила настрана и почнала да фрла со камења, стаклени шишиња и јајца кон седиштето на СДСМ.
Луѓето кои го бранеле седиштето на СДСМ дури по петминутна жестока борба со напаѓачите сфатила дека немаат работа со незадоволни земјоделци и активисти на ВМРО ДПМНЕ, туку со полициски специјалци тренирани за борба, оти во настап на немоќ и паднати на земја напаѓачите посегнале по пендреци и по службените пиштоли. Крвав инцидент од поголемни размери спречил екс пратеникот Никола Ќуркчиев кој кога видел дека напаѓачите посегаат по оружје излетал од седиштето на СДСМ и надвикувајќи ги двете спротивставени групи, со помош на регуларната полиција успеал да го спречи понатамошниот судир, им дал итна наредба на бранителите на СДСМ веднаш да се повлечат и да влезат во зградата. Среќа па го послушале со што напаѓачите останале без противник и без мета за пукање.
Во идните два часа траела драмата и напнатоста и лебдела дилемата дали специјалците од МВР ДПМНЕ ќе одат до крај и ќе извршат упад во СДСМ. Но, координирани од автолимарот Анчевски и неговата шефица Гордана Јанкуловска, на крај сепак добиле наредба да се повлечат и да се вратат во МВР, од каде и тргнале. Јанкуловска во консултација со нејзините советници за вакви ситуации сепак на крај сфатила дека многумина од напаѓачите на СДСМ, по евентуален упад во зградата, нема живи да излезат. Што повлекува сигурен пад на Владата и нивно директно заминување во притвор потоа…
Инаку, мој извор од МВР кој ја следел координацијата на целата акција на МВР ДПМНЕ пред Собранието, акцијата на обезбедувањето внатре во Собранието која исфрлаше опозициони пратеници и нападот на припадници на „АЛФИ„-те и „ЕБР„ на седиштето на СДСМ, ми објаснува дека сите три акции биле синхронизирани и дека иако ризикувале, сепак на краток рок Јанкуловска го извршила налогот на Сашо Мијалков и Никола Груевски – Буџетот да биде донесен по секоја цена…
Е сега да го осветлиме и последниот, ама најбитен момент. Нападот на седиштето на СДСМ е снимен, камерите од видео надзорот на партијата биле цело време вклучени. Сите припадници на „АЛФИ„-те и „ЕБР„ јасно се снимени и идентификувани и во погоден момент по падот на оваа извршна власт ќе бидат процесуирани. Неколку часа по случувањата, на YOUTUBE осамнала видео снимка од оваа пресметка, ама истата на волшебен начин била тргната после еден час. Веќе трети ден Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и Ивица Анчевски Пуки смислуваат начини како да дојдат до снимката до СДСМ и како да биде уништена. Од своја страна, во СДСМ молчат и за драгоцениот видео материјал воопшто не се изјаснуваат и не коментираат ништо. Не го објавуваат ниту на нивната службена страница, а снимката никако да дојде до макар еден медиум. Причината е јасна и разбирлива, не сакаат на МВР ДПМНЕ да му дадат прилика да ги документира бранителите на седиштето на СДСМ, да ги апси и притвора. Затоа не инсистирав да дојдам до видео снимката, со нејѕино емитување во овој момент ќе се нанесе штета на многумина од оние кои застанале контра актуелниот режим на диктаторот Никола Груевски. Во последните три дена по налог на Мијалков и Јанкуловска, претресени се сите редакции и сите фоторепортери, со надеж дека ќе дојдат до снимка или фотодокументација, за да тргнат во акција на пресметка со одбраната на СДСМ. Но немале успех во претресите, оти ниту еден медиум не испратил екипа пред седиштето на СДСМ. Немало ни најава дека таму нешто ќе се случува. А камерите на ТВ МВР не снимале за да не снимаат свои „земјоделци„ и „стечајци„…
Мој извор од СДСМ, учесник во овие драматични настани ми тврди следно: „…камерите на Бихаќска работеа цело време и снимија се. Кога се повлековме на повик на Ќуркчиев и влеговме внатре, додека очекувавме нов напад ги премотувавме снимките, ги гледавме и препознававме припадници од АЛФИТЕ и ЕБР меѓу напаѓачите. Проблем е што на тие снимки се гледаат многу баш познати лица. На снимките јасно се гледа како прво глумат со пароли в раце, ама кога ги нападнавме и ги легнавме на земја посегнаа по пендреци и пиштоли. Побараа помош од полициски транспортер, кој дојде и заглави на сред тесната уличка. Беа мизерни за гледање. Не знам дали јавноста ќе ги види снимките. Од раководството на СДСМ зависи тоа.„
- Креирано на: 28.12.2012
- Прегледано: 254.441