Еве, да си знаете какви ,,британски милијарди,, треба да ни дојдат!
Пишува: Зоран Божиновски
Празни приказни се најавите дека МИГРАНТСКИ КАМПОВИ ќе се градат, дека стотици илјади мигранти ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ќе ни испорача како компензација за 5 или 6 милијарди евра кои договарал премиерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ…
Вистината е следна:
Минатата година, после триумфалната победа на Денот за гласање за пратеници во Собрание на Северна Македонија, лидерот на ДПМНЕ и тогаш нов премиер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ се сретнал со претставници на Amadeus group i Maxoline, ,,компании,, во чие име на маса со него седнале БРАНКО САРЌАНИН, Хрват од Канада и МАРЈАН ЃОРЃЕВИЌ, Србин од Швајцарија.
Тие се претставници на две компании кои се во состав на т.н. ,,БАНКАРСКИ СИНДИКАТ,,, мафијашка организација која располага со 1.600 милијарди ЕУРА! БРАНКО и МАРЈАН во име на своите компании, шетаат низ светот и се сретнуваат со премиери на држави/перални на валкани пари, нудат договори и или се договараат или си заминуваат недоговорени!
Со МИЦКОСКИ не се договориле, ама бидејќи тој скоро па ништо не решава и за скоро па ништо не се прашува бидејќи е ИНСТАЛАТ од татко му ИВАН, неговото место на преговарачка маса со претставниците на ,,БАНКАРСКИОТ СИНДИКАТ,,, го заземал идниот премиер АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ, актуелен министер за транспорт и врски.
За почеток испреговарале и се договориле да се исперат 6 милијарди ЕУРА преку Северна Македонија, комплетната прокриминална процедура да ја иструка и изработи НИКОЛОВСКИ, а на МИЦКОСКИ да му се дозволи да се повлече и да си замине со семејството, вклучително и татко му ИВАН и мајка му, во насока по избор!
Оние 1.600 милијарди ЕУРА со кои располага ,,БАНКАРСКИОТ СИНДИКАТ,, се во Deutsche Банк, Barkleys Bank и во Bank of England. Главен гарант во името на ,,БАНКАРСКИОТ СИНДИКАТ,, е британската банка. АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ со нив неодамна издоговорил се до последниот детал и што е најважно од се договорено е НИТУ ЕДНО ЕВРО ДА НЕ ВЛЕЗЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДА БИДЕ ДОСТАПНО ЗА БИЛО КОЈ ФУНКЦИОНЕР!
Договорено е НИКОЛОВСКИ да состави список и да им предложи МЕЃУДРЖАВНИ ПРОЕКТИ, што подразбира сето она што вреди како енергетски или инфраструктурен проект (Железница, Карго аеродром, автопатишта, Чебрен и Галиште и сл.) да биде исфинансирано од тие валкани пари, да се изгради се што и недостасува на државата, да се даде под повеќедецениски концесии на финансиерите, а тие да си ги исперат милијардите и да си ги вратат назад чисти, со добивка и да управуваат онолку години колку ќе биде договорено…
НИКОЛОВСКИ само замолил моќните ,,банкарски мафијашки синдикалци,, да влијаат кај владите во ЕУ каде можат и да избоксуваат МИЦКОСКИ додека е премиер да го разреши најтешкото прашање, ,,внесување на Бугарите во Уставот,,…
МИЦКОСКИ веќе преговарал нешто што ЗОРАН ЗАЕВ со шеиците договорил во склоп на проектот БЕОГРАД НА ВОДИ (Србија), ПОРТЕ МОНТЕНЕГРО ТИВАТ (Црна Гора) и СКОПЈЕ НА ВОДА, да се градат станови за стотици илјади мигранти кои уште НИКОЛА ГРУЕВСКИ ги договорил да бидат вратени од ЕУ со над 20 договори за РЕАДМИСИЈА. Ама тој ,,проект,, нема никаква врска со милијардите кои АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ги договорил за перење преку меѓудржавни проекти во Нашата земја…
Контролор на процесот е и ќе биде ВИКТОР МИЗО, британски слуга/бизнисмен во Северна Македонија…