logo
Search
Close this search box.

Буши во Телеком ,,буши,,

Во Македонски ТЕЛЕКОМ се подготвува план и сценарио за откази на вработени, подготвен од Жарко Луковски, план што треба да го спроведат Назим Буши, Андреас Елснер и Слободанка Гиевска. Директорот Горан Трајановски само треба да си молчи да глуми дека е од нетука…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Во прилог на овој текст имате табели изработени од главните директори во ТЕЛЕКОМ, а од надвор ги одобрува мултимилионерот Жарко Луковски. Извршителите на масовната чистка на вработени, предводени од Назим Буши (делегиран од ДУИ), заедно со новите веќе искорумпирани претставници од СДСМ и ШАРЕНАТА револуција, планот треба да го спроведат во дело. Она што го гледате во тие табели и слики е од компјутерот на Бранко Станчев, главен комерцијален директор. До овој момент овој план и стратегија за откази беше тајна. Од момент кога ова го разгледувате веќе не е тајна.

За неупатените ќе објаснам дека бројките што ги гледате во табелите се чисто бескрупулозно и манипулативно ,,штимање,, на работни часови по вработен и неговата активност. Служат за тоа како вработениот во ТЕЛЕКОМ да биде 100% искористен и како со употреба на разни трикови да го направат неискористен, поточно некорисен, поточно погоден за отказ! Планот е разработен и по сектори и по градови. Калкулациите се однесуваат на сектори во техника, разложено по вработен. Пресметана е активност и подактивност за секој вработен за трите регионални центри Скопје, Штип и Охрид. Во овие табели не се впишани идентитетите на вработените, оти тоа се списоци кои лично ги подготвува Жарко Луковски со свој тим од надвор, а увид во списокот има Назим Буши како негов послушник. Во овие табели само е впишано NAME на англиски, а долу под него стои количина на часови на искористеност по активност и подактивност. Така се ,,штимаат,, потребниот број часови, па се мести како кај одреден вработен да се направи да биде корисен или некорисен, за останување на работа или за отказ, зависно од неговата подобност.

Ви ја презентирам и табелата која е продукт од оваа прва, каде се покажува бројката на ,,хед каунтот,,, односно колку вработени треба да добијат отказ, да им биде покажана излезната врата од ТЕЛЕКОМ. Тука, бројките се впишани произволно, затоа што ова е само ФОРМУЛА за откази, а не и конечна верзија според која ќе се знае колку точно вработени ќе летаат од работа. Ова е само да се сфати суштината на табелите. Двете табели се поврзани една со друга. Тука нема некоја филозофија. Табелите со искористеност по вработен ја пополнуваат менаџерите и тоа им е оправданост за искористеност или неискористеност на секој вработен по активност. Тие табели одат ГОТОВИ, со впишани конкретни идентитети кај генералниот директор Андреас Елснер, се свикува борд на директори и се решава кој ќе лета од работа. Расправа нема ни да има. Претходно раководителите по сектори ,,решаваат,, во консултација со Жарко Луковски и Назим Буши, потоа про форма списокот на предложените за отказ го даваат на директорите, па се договараат меѓусебно, па конечниот список го праќаат кај главниот технички директор (Мирослав Јовановиќ), таму пак се ,,пеглаат,, за да не добие отказ некој подобен, па на крај испегланиот конечен список оди кај главниот оперативен директор Горан Трајановски. Последен кај кој се прави ,,финалното пеглање,, пред да стигне кај Андреас Елснер. Додека да биде свикан борд на директори кој носи одлука која е конечна, претходно сите се усогласиле. И така на крај се свикува борд каде што претходно сите се усогласени по директорати: техника, финансии, кадровска служба, продажба, ИТ, регулатива, набавки.

Главен ,,кадровик за сервисирање,, на овој список од Жарко Луковски до Андреас Елснер е Назим Буши. Неговата номинална плата е 5.000 евра месечно како претседател на УО, ама за вонредните напори што ги прави како курир меѓу Луковски и Елснер, Буши месечно добива 18.000 евра. (До)платен е од Жарко Луковски по којзнае кој криетериум. Трагикомедија е податокот дека Буши е полуписмен човек, со ,,завршена,, Виша педагошка школа во Приштина, на која е удрен ,,компир,, печат. Дипломата му е фалсификат. Еден период, кога на Луковски му истече директорскиот мандат и се повлече, Назим Буши беше негова привремена замена. Тоа е период пред СДСМ да го именува ,,глувонемиот,, Горан Трајановски за главен оперативен директор на Телеком. Во тој меѓупериод, Буши има вработено сурија Албанци во Телеком, главно необразувани ама кадарни да му ја исплатат црната тарифа од 5.000 евра по глава, за вработување. Ама баш НИТУ ЕДЕН од тие нововработени пулени на Буши нема завршено високо образование, повеќето се вработени со средношколска диплома, а оние малкумина кои донеле диплома од високо образование, донеле ФАЛЦ. Сите до еден се вработени на работни места за кои се бара VII степен образование. За да останат на работа бидејќи си го платиле вработувањето, Назим Буши во овој период пред масовната чистка во ТЕЛЕКОМ мора да му слугува на Жарко Луковски. Главниот оперативен директор ,,глувонемиот,, Горан Трајановски знае за сето ова, ама од лукративни причини молчи и се прави од нетука! Од Куманово е инаку. Назим Буши ги има неговите ингеренции и ја врши работата, а Трајановски е фигура, исто како и социјалдемократските и шареноликите ,,делегати,, од управниот и надзорниот одбор. Тие си имаат илјадници евро причини да си молчат и да се прават како и Горан Трајановски – ОД НЕТУКА! ТРЕВОПАСНИТЕ ГРАЃАНИ НА ИЗБОРИ ИМ ДАЛЕ МАНДАТ…

Не е точна фамата која кружи дека ДУИ ја води кадровската политика преку Назим Буши. Точно е дека раководи Жарко Луковски од надвор а Буши е одметник од ДУИ вооружен со поддршка од Жарко. Назим Буши има одлични релации со Андреас Елснер, бидејќи веќе неколку години соработуваат во тандем. Буши во минатото е спроведувач и на огромниот промашен проект наречен Back to Front, смислен од Луковски и Елснер, преку Даниела Момиќ од кадровскиот сектор. И тука се ,,сработени,, милионски суми евра, ,,исчезнати,, во (не)позната насока. За да ја напушти привремената директорска позиција по заминувањето на Луковски, а пред доаѓањето на Трајановски, Назим Буши имал само две барања: да биде носител на сите главни одлуки, Трајановски да не му се меша и Буши да си ги задржи месечните примања на ниво од 18.000 евра. Во овој период, Назим Буши работи во тандем со Слободанка Гиевска, главен директор за човечки ресурси. Прават предлог списоци за откази.

Назим Буши е скоро ненормално збогатен за многу кратко време. Од обичен уличар и шутрак стигнал до изградба на нова куќа вредна 900.000 евра, па и втора со иста вредност и габарит која тековно ја гради за родениот брат, се до посед на луксузен џип и живот на висока нога…

[widgetkit id=37]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.